Дијаспора

Волинска средба во Грингила, Австралија

volinski-sredbi-1

На 2-ри ноември 2013 год. во просториите од ФК „Грингилски Лавови“ во Грингила, недалеку од градот Волонгонг, Волинци се сретнаа по 16-ти пат, за со полни чаши и убава македонска музика да се видат, помуабетат и провеселат. На присутните во име на одборот, топло добредојде им посака г-динот Иван Трпоски, а за досегашните и идни планови им се обрати еден од иницијаторите на Волинските средби г-динот Тоде Николоски. Приходите од  досегашните средби биле исклучиво наменети за хуманитарни цели – обнова и изградба на нивното родно село Волино, Охридско.

Радува фактот што средбите овој пат ги продолжија млади активисти, а тоа го потврди и глетката дека на оваа средба тие беа и најбројни. Месната Заедница од село Волино на истакнати активисти од дијаспората за нивната помош им има доделено заслужни признанија. Такви признанија добиле Крсте Илинкоски, Габриела Трајаноска, Роберт Николоски и Иван Трпоски.

Во новиот одбор покрај Крсте, Габриела и Роберт членуваат уште Јасмина Велјаноска и Сузана Јакимоска.

Се надеваме дека овие средби ќе продолжат да се одржуваат и во наредните години во оваа прекуокеанска земја каде се доселени скоро половина од жителите на Волино, а кои ќе допринесат за зачувување на македонските културно-забавни традиции во оваа втора нивна татковина.

volinski-sredbi-1
Волинки на Волинска средба во Грингила (Волонгонг), Австралија на 2.11.2013 год.

volinski-sredbi-2
Волинци на Волинска средба во Грингила (Волонгонг), Австралија на 2.11.2013 год.

Најново од: Дијаспора

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

Македонците во Њујорк го кренаа знамето среде дожд и невреме за 35 години независност

Можат да се обидуваат да нè избришат. Но, и во еден ваков бурен и мрачен ден… ние сме тука. Над сто Македонци и пријатели на Македонија се собраа во срцето на Њујорк, покажувајќи дека љубовта кон татковината е посилна од дождот и невремето. На 26 септември 2026 година, и покрај дождот и силното невреме што […]

Никола Тесла – светски научник чии пронајдоци ја променија модерната цивилизација

Големиот научник Никола Тесла се почитува и слави и во Хрватска и во Србија и во Соединетите Американски Држави и во целиот свет. Тоа го потврдуваат современите проучувачи на ликот и делото на Никола Тесла, кои го нарекуваат “Човекот што го измислил дваесеттиот век“ и “светецот – заштитник на модерниот електрицитет.“ Никола Тесла беше научник, […]

Вратени 16.952 текста објавувани од 2009 до 2026 година на порталот „Македонска нација“

Зачуван е најголемиот дел од богатата архива на порталот — текстовите повторно се достапни за читателите, а со нови материјали продолжуваме да го збогатуваме македонското историско и културно наследство. Во април 2026 година порталот „Македонска нација“ стана недостапен. Не знаеме со сигурност дали стануваше збор за хакерски напад или за друг проблем. За да продолжиме […]

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

To top