Дијаспора

Посета на вечниот дом на мојот соборец и основач на ДООМ и ВМРО-ДПМНЕ

janko-tomov-na-grobot-na-dragan-bogdanovski

Јанко ТОМОВ

На 3 септември 2013 година во последните 43 години живеење во Австралија, сметајќи од 2007 година, три пати ја посетувам родна Македонија, со мојата сопруга Маргарет, која со техничка, стручна и духовна помош ми овозможува да го дадам најдоброто за публикување (и превод од македонски на англиски) на моите книги и национано политички написи.

На  6 септември 2013 година во 11 часот, Славе Николовски –Катин ме одвезе до Куманово, на градските гробишта каде е погребан Драган Богдановски. Славе предходно се договорил преку телефон со другар од Куманово, кој ни го прати внукот на Д. Богдановски, Драган Петковски. Со Драган Петковски се запознавме на гробиштата, каде не` дочека со Славе Катин, при што отидовме да го посетиме гробот на Драган Богдановски и каде му положивме букет свежо цвеќе.

Во тие први моменти, при поклонувањето пред гробот на мојот соборец, ми се вратија спомените од врските преку писма и телефонски разговори со Драган во 90-ите, тој од Малме Шветска и Берлин Германија, а јас од Перт Западна Австралија, како да беа само пред неколку минути! Кога се повратив во реалноста, се фотографиравме пред драгиот, за секогаш со почит кон него Драган Богдановски.

janko-tomov-na-grobot-na-dragan-bogdanovski

Јанко Томов се поклонува на гробот Драган Богдановски

До гробот на Богдановски е гробот на покојната мајка на Д. Петковски која починала истиот ден кога Драган Богдановски бил погребан. Семејството Петковски е во многу блиски роднински врски со Драган Богдановски. Кога Драган избегал од Куманово во западниот свет во 50-те години од минатиот век, роднините не чуле ништо за Драган, каде е и дали е драв и жив , цели 8 години. Тогаш се родил внукот на Драган Богдановски, него го крстиле Драган, по името на вујко му, за да се има спомен од него.

Внукот Драган е висок и крупен Македонец, многу е горд на својот вујко, кој го посветил целиот свој живот за основање на самостојна македонска држава и за симнување на комунистичкиот поредок со поставување на современ демократски поредок.

При таа посета на вечниот дом на основачот на Македонското движење во дијаспората, од кое произлезе познатото македонско движење Движење за Ослободување и Обединување на Македонија (ДООМ), а по него и останатите Македонски организирани национално-политичкји субјекти, со своите организации,  билтени, списанија и весници, кои на крај помогнаа да се создаде Демократска Партија за Македонско Национално Единство (ДПМНЕ), која прерасна во ВМРО-ДПМНЕ. При таа прилика, ние тројца, пред вечниот дом на Драган Богдановски евоциравме извесни спомени.

Ќе се послужам со книгата на Ј.Т. „Поткрепа од убавиот Перт“, објавена во 2000 година во Бризбен, Австралија, во која ќе набројам некои заглавија од таа книга и писма од коресподенција со Драган Богдановски во 1990 година:

Замислата и концептот за функциониранјето на ДПМНЕ во дијаспората

Кореспонденцијата со Драган Богдановски беше плодна, полна со разбирање и меѓусебно почитување. Нашите идеи што му ги испраќавме од Перт, Драган со за­до­волство ги прифаќаше, затоа што се поклопуваа со неговите сфаќања и идеали.

Во мојот одговор на Драган Богдановски, му испратив пообемен материјал, наменет за структурата и фунционирањето на ДПМНЕ во дијаспората од каде тре­баше да бидат раководени ограноците на оваа партија секаде низ светот, но и во СР Македонија (Југославија), како и во окупираните делови на Македонија. Писмото го приложувам во целост.

20 мај 1990 година, Перт

Почитуван брат Драган,

Твојата експедитивност за одговор на моето пис­мо ме трогна, а уште повеќе твојата подготвеност и желба за меѓусебна соработка и идно допишување во полза на позитивното работење во решавањето на придобивките од илинденската епопеја за Македонската кауза.

Брате Драган, твоите желби за македонско нацио­нално единство и за создавање на самостојна македонска суверена држава не е само сон кој произлегува  од твоето активно и сестрано ангажирање и работа на продолжувањето и реализирањето на нашите светли илинденски идеали, туку претставува реална стварност што во најново време ги оку­пира и обединува сите прогресивни македонски сили и целиот македонски народ.

Твојот пример во минатото е патоказ за сите нас…

Горното писмо до Богдановски е прилично долго и сеопфатно, кое се наоѓа во споменатата книга од страна 50-60, како и други писма со теми околу изготвувањето на материјали за формирањето на ДПМНЕ и на Задграничните комитети на ВМРО-ДПМНЕ. Драган Богдановски го постави Панко Стамкоски за портпетседател на Координативниот одбор на ДПМНЕ за дијаспората Австралија и заедно со мене Јанко и Јонче Трајчевски за членови на овој одбор, кои успешно си ги вршевме задолженијата за основање на задгранични комитети за јакнење и промовирање на ВМРО-ДПМНЕ.

Еве неколку наслови во книгата: “Поткрека од убавиот Перт”, во која, во вториот дел се пишува во детали за Демонстрацијата на Македонците од Перт и Запдна Австралија, пред грчкиот Конзулат во Перт, со цел Грција да ги признае основните, националните, верските, јазичните, културните и други права на македонците во окупирана Егејска Македонија:

Проект: Устав на ВМРО-ДПМНЕ; Деловник за работа на основачкото собрание на ДПМНЕ; Програмски цели и задачи на ВМРО-ДПМНЕ; Помагателна основна гранка за Перт, Западна Австралија; Покана за учество на оснивачко собрание на огранок на ВМРО-ДПМНЕ; Полномошно; Пристапница за зачленување во ВМРО-ДПМНЕ и повеќе слични наслови и текстови во таа книга.

Вечна му слава на страдалниот наш Драган Богдановски, кој го посвети целиот свој живот за слободна  демократска и слободна Република Македонија.

katin-i-janko-tomov

Славе Николовски –Катин и Јанко Томов пред гробот на Драган Богдановски

janko-tomov-i-dragan-petkovski

Јанко Томов и внукот на Драган Богдановски- Драган Петковски, на гробот на Драган Богдановски

На 7 септември 2013г. за прв пат се сретнав и со Мане Јаковлески, иако сме членови во ДООМ од 70-те години од минатиот век, за што во наредниот број ќе се потрудам да евоцирам спомени од таа средба.

Најново од: Дијаспора

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

Македонците во Њујорк го кренаа знамето среде дожд и невреме за 35 години независност

Можат да се обидуваат да нè избришат. Но, и во еден ваков бурен и мрачен ден… ние сме тука. Над сто Македонци и пријатели на Македонија се собраа во срцето на Њујорк, покажувајќи дека љубовта кон татковината е посилна од дождот и невремето. На 26 септември 2026 година, и покрај дождот и силното невреме што […]

Никола Тесла – светски научник чии пронајдоци ја променија модерната цивилизација

Големиот научник Никола Тесла се почитува и слави и во Хрватска и во Србија и во Соединетите Американски Држави и во целиот свет. Тоа го потврдуваат современите проучувачи на ликот и делото на Никола Тесла, кои го нарекуваат “Човекот што го измислил дваесеттиот век“ и “светецот – заштитник на модерниот електрицитет.“ Никола Тесла беше научник, […]

Вратени 16.952 текста објавувани од 2009 до 2026 година на порталот „Македонска нација“

Зачуван е најголемиот дел од богатата архива на порталот — текстовите повторно се достапни за читателите, а со нови материјали продолжуваме да го збогатуваме македонското историско и културно наследство. Во април 2026 година порталот „Македонска нација“ стана недостапен. Не знаеме со сигурност дали стануваше збор за хакерски напад или за друг проблем. За да продолжиме […]

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

To top