Дијаспора

Нашиот млад балетан Марко Мицов во Њујорк, САД повторно бележи успеси

marko-micov

Нашиот млад, надежен балетан Марко Мицов кој веќе трета година настапува во Њујорк, САД  повторно бележи успеси.

marko-micov

Мицов е дело од компанијата на Џелси Кркленд.

Кркленд е легендарна балерина, беше примадона во турпата на Жорж Баланшин, негова муза. Играч кој со своите квалитети ги инсирирала и ги исполнувала главните улоги во балетите на Џером Робинс, Ентони Тјудор и др. Таа од 2010 основа своја едукативна академија и компанија која бележи исклучителен успех на балетската сцена во САД.  Мицов во тековната сезона за прв пат успеа да добие можност за ангажман во оваа трупа. Тој иако сосем млад веќе го доби соло парче во класичната поставка на „Оревокршачка“ во кореографија на  ко- уметнички директор , Мајкл Чернов.

Во рецензијата посветена на претставата во референтниот The New York Times , критичарот ја издвојува и позитивно оценува имено играта на нашиот Марко Мицов кој настапи во рускиот танц. Не е мала работа за македонската култура, нашите млади уметници да просперираат на еден уметички пазар на труд каде има уметници буквално од целиот свет и каде конкуренцијата е исклучително голема.

На прашањето за успехот, Мицов скромно вели „За се е потребна волја и желба. Поддршка од најблиските, како и добра школа. Јас сум бескрајно горд што едукацијата ја добив во МБУЦ „Илија Николовски Луј кај проф. Соња Здравкова Џепароска, и што мојата школа и техника се докажува дека е конкурентна и тука. Освен тоа потребна е и многу среќа и дадена можост“, Мицов беше две години стипендист на програма за едукација на САД . „Одлични педагози и репетитори кои ме водеа беспрекорно во процесот на подготовка на улогата, работна и продуктивна атмосфера. И ако сето тоа го имате, успехот е неминовен“.

Останува да ги следиме следните чекори на Мицов и да се гордееме што имаме еден вака талентиран млад играч кој не претставува.

Најново од: Дијаспора

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

Македонците во Њујорк го кренаа знамето среде дожд и невреме за 35 години независност

Можат да се обидуваат да нè избришат. Но, и во еден ваков бурен и мрачен ден… ние сме тука. Над сто Македонци и пријатели на Македонија се собраа во срцето на Њујорк, покажувајќи дека љубовта кон татковината е посилна од дождот и невремето. На 26 септември 2026 година, и покрај дождот и силното невреме што […]

Никола Тесла – светски научник чии пронајдоци ја променија модерната цивилизација

Големиот научник Никола Тесла се почитува и слави и во Хрватска и во Србија и во Соединетите Американски Држави и во целиот свет. Тоа го потврдуваат современите проучувачи на ликот и делото на Никола Тесла, кои го нарекуваат “Човекот што го измислил дваесеттиот век“ и “светецот – заштитник на модерниот електрицитет.“ Никола Тесла беше научник, […]

Вратени 16.952 текста објавувани од 2009 до 2026 година на порталот „Македонска нација“

Зачуван е најголемиот дел од богатата архива на порталот — текстовите повторно се достапни за читателите, а со нови материјали продолжуваме да го збогатуваме македонското историско и културно наследство. Во април 2026 година порталот „Македонска нација“ стана недостапен. Не знаеме со сигурност дали стануваше збор за хакерски напад или за друг проблем. За да продолжиме […]

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

To top