Дијаспора

Во Корча, се одбележа 90 годишнината од раѓањето на Никола Беровски

korca-promocija-1

Во рамките на одбележувањето на 90-годишнината од раѓањето на Никола Беровски,истакнат учител, учебникар за македонското национално малциство во Република Албанија, денеска, во Градскатата библотека “Тими Митко” во Корча, во организација на Македонскиот културен центар “СОНЦЕ” и со подршка на општина Корча, се одржа промоција на препечатенoто издание на македонско-албанскиот речник на Никола Беровски.

korca-promocija-1

На промоцијата, учествуваа Македонци од Корча, преставници на Македонска алијанса за европска интеграција од Корча, Билишта, Поградец и Мала Преспа, преставници од македонското друштво “ПРЕГОР” од Поградец, македонското друштво “МЕД” од Врбник, преставници од Корчанската митрополија и од разни институции од Корча, како и писатели од Корча и Охрид.

Речникот пред многубројната публика го претставија: Васил Стерјоски, активист за малцински права на Македонците во Албанија, Фото Никола, извршен уредник на новото издание, Илинден Спасе, син на познатиот албански писател од македонско потекло Стерјо Спасе, а свои поздравни излагање имаа и Едмонд Темелко, претседател на македонската партија, Македонска алијанса за европска интеграција во Албанија, Спасе Мазенковски писател од Мала Преспа идр. Ученичките Кристина Терпо и Павлина Дине од гимназијата од Пустец рецитира две необјавени стихотворби од Никола Беровски за Мала Преспа.

korca-promocija-2

Во своето излагање на промоцијата Фоте Никола, извршен уредник на новото издание Беровски како што пренесува весник Македониум, истакна дека овој речник на Беровски вечно ќе трае и ќе се користи неговиот македонско- албански речник со над 10 илјади зборови.

“Деновиве е испечатено второто издание после 30 години од првото издание кое е објавено во тешки услови од времето на минатиот режим. Овој македонско-албанскиот речник ќе трае долго време не само во рацете на македонското малцинство но и на сите граѓани во Република Албанија.”- истакна Никола.

Илнден Спасе, син на познатиот албански писател од македонско потекло Стерјо Спасе,  во своете излагање се осврна на просветителското дело на Беровски во Албанија и тешкотиите во тоа време за да обезбеди училишна литература на македонски јазик.

“Никола Беровски, Борис Малевски и други ги положија темелите на наставата на мајчин јазик во Мала Преспа, преку конкретната настава, борбата против неграмотноста, обезбедувањето на учебници на мајчин јазик. Овде треба да се истакне и придонесот на познатиот писател, Стерјо Спасе, Македонец од Мала Преспа, кој беше редактор на сите учебници составени или преведени од Никола Беровски.”- истакна Илинден Спасе.

korca-promocija-3

Градоначалникот на општина Пустец, Едмонд Темелко поздравувајќи ја манифестацијата и делото на Беровски во Мала Преспа и во Албанија, истакна дека на првата седница на советот на општина Пустец, Никола Беровски посхумно ќе се прогласи за почесен граѓанин на општина Пустец.

Овој речник е испечатен во 500 примероци, кој ќе се подарат на Македонците во Албанија и е подржан од министерството за надворешни работи на Република Македонија.

За ислкучителниот придонес за образовно воспитната дејност и за неговата макотрпна работа во заштита и ширење на македонскиот јазик, култура и писменост, Владата на Република Македонија во 1991 година на Никола Беровски му го додели високото признание – наградата “Климент Охридски”.

Никола Беровски (Битола, 1923 – Тирана, 1993) е македонски просветител кој  во 1945 година доаѓа во Мала Преспа како македонски учител и целиот работен век го минува меѓу Македонците во Албанија. Беровски долги години работел како учител во селата на Мала Преспа. Има големи заслуги како автор на бројни учебници на македонски јазик за Македонците во Албанија. Уште за време на животот станал легендарен заштитник на македонскиот национален идентитет во Албанија.

Во рамките на одбележувањето на 90-годишнината од раѓањето на Никола Беровски, предходно промоции на овој речник се одржаа во Тирана и во Пустец.

(Македониум)

Најново од: Дијаспора

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

Македонците во Њујорк го кренаа знамето среде дожд и невреме за 35 години независност

Можат да се обидуваат да нè избришат. Но, и во еден ваков бурен и мрачен ден… ние сме тука. Над сто Македонци и пријатели на Македонија се собраа во срцето на Њујорк, покажувајќи дека љубовта кон татковината е посилна од дождот и невремето. На 26 септември 2026 година, и покрај дождот и силното невреме што […]

Никола Тесла – светски научник чии пронајдоци ја променија модерната цивилизација

Големиот научник Никола Тесла се почитува и слави и во Хрватска и во Србија и во Соединетите Американски Држави и во целиот свет. Тоа го потврдуваат современите проучувачи на ликот и делото на Никола Тесла, кои го нарекуваат “Човекот што го измислил дваесеттиот век“ и “светецот – заштитник на модерниот електрицитет.“ Никола Тесла беше научник, […]

Вратени 16.952 текста објавувани од 2009 до 2026 година на порталот „Македонска нација“

Зачуван е најголемиот дел од богатата архива на порталот — текстовите повторно се достапни за читателите, а со нови материјали продолжуваме да го збогатуваме македонското историско и културно наследство. Во април 2026 година порталот „Македонска нација“ стана недостапен. Не знаеме со сигурност дали стануваше збор за хакерски напад или за друг проблем. За да продолжиме […]

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

To top