Дијаспора

Таленти-патриоти во иселеништво

janko-tomov

Пишува: Јанко ТОМОВ

janko-tomov

Јанко и Маргарет Томов со Гоце Дуртаноски во Ница, Франција 2013

За време на нашата турнеја по европските земји, по посетата на Република Македонија каде со сопругата Маргарет присуствувавме на свеченоста по повод денот на независноста (8 септември 2013) повторно се вративме во Франција.

По објавувањето на меморијалната статија во „Македонска нација“ по повод петгодишнината од смртта на мојот брат Георги Томов (5 август 2008 година) оваа година воспоставивме врска преку интернет со г.Гоце Дуртаноски кој патем лично се познаваше со мојот брат и беше еден од првите кoи ја објавија In Memoriam веста во македонските медиуми за неговата смрт. По низа преписки со Гоце закажавме средба во Ница на 17 септември 2013 година во 10.30 часот бидејќи се поклопи нашиот престој таму со неговиот професионален ангажман поврзан со културните настани со 7 Игри на франкофонијата кои оваа година се одржуваа во Ница.

glagolica
asemanovo-evangelie
Асемановото
евангелие од 9 век пишуван на глаголица во Македонија – препис од Гоце Дуртаноски

Во Франција се запознавме лично со Гоце Дуртаноски и имавме можност да дискутираме за нашите активности на два одделни континенти во кои го даваме своето најдрагоцено време, со љубов и лојалност кон македонската кауза и во поддршка на актуелната влада на Република Македонија.

Кој е Гоце Дуртаноски?

Георги Гоце Дуртаноски е македонско-холандски калиграф, дизајнер и истражувач кој истовремено живее во Холандија, Македонија и Германија, каде го води своето ателје The Oak Tree Design Studio.

Работи на традиционален и модерен стил на калиграфија фокусиран на средновековни црковни ракописи врз хартија, пергамент, платно, дрво и глина, употребувајќи пера, четки, дрвени прачки…

Неговите калиграфски дела се дел од многу приватни и јавни уметнички колекции, вклучувајќи ги тука и збирките на кралските дворови и оние на шефовите на држави во целиот свет.

goce-durtanoski

Manuscripta Glagolitica е напоредно калиграфско претставување на глаголични и кирилични ракописи од црковна литература како децениски плод од истражувачката работа на Гоце Дуртаноски во потрага по милениумската писменост на Македонија, од каде започна работата на светите браќа Кирил и Методиј чиј придонес е вистински мост што денес поврзува над 200 милиони луѓе со културна и духовна сличност.

Гоце е македонски неоткриен талент лингвист (полиглот) кој зборува 6 светски јазици и се служи уште со неколку писма на денес изумрени јазици. Еден од поборниците за враќање на глаголицата во училишните програми во Македонија, бидејќи токму глаголицата е уникатен македонски систем на знаци и непроценливо македонско културно наследство. Со голем интерес одблизу се запознавме со неговите активности и истражувања за македонското културно и историско наследство како и многубројните преписки и лобирања од име на Светскиот македонски младински конгрес со позначајни европски и светски институции, вклучувајќи го и системот на Обединетите нации поврзано со името на Македонија.

Со благослов од папата на Римо-католичката црква, Неговата светост Францис, по повод екуменското пославување на 1150 годишнината од последната (Моравската) мисија на светите браќа Кирил и Методиј Гоце Дуртаноски беше единствен учесник со три изложби во Чешката република на темата глаголица, а почнувајќи од оваа академска година тој е предавач за глаголица и стара кирилица со калиграфија на Летонската христијанска академија, специјализирана единствена институција за христијанско наследство и уметност во Европа.

Како истражувач на македонските ракописи Гоце Дуртаноски открива значајни и вредни факти за македонската самобитност кои факти со успех можат да помогнат за признавање и препознавање на македонската вистина и македонското име кое Македонија македонскиот народ го стекнаа со референдумот од 8 септември 1991 година. Мошне интересни факти беа оние од Ватиканската библиотека и архив околу крунисувањето на цар Самоил во Преспа, како и други аргументи кои допрва ќе бидат презентирани во македонската поширока јавност.

janko-i-goceКако средба на двајца патриоти и творци разменивме дел од нашите досегашни трудови: јас на Гоце Дуртаноски му подарив две книги „Античка историја на Македонија и Балканот во делата на западните автори“ публикувана во 2005 година и „ТНМР движење во Австралија“ публикувана во 2008 година. Од Гоце Дуртаноски добивме фотокопии од документи поврзани со Македонија како и еден автентичен препис од Асемановото евангелие од 9 век – глаголичен ракопис пишуван во Македонија и кој оригинал денес се чува во Ватиканската библиотека.

Средбата и фотографиите со Гоце Дуртаноски ќе ни останат во длабоко сеќавање и ќе бидат нов поттик за понатамошна соработка, а се во интерес на Македонија.

Најново од: Дијаспора

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

Македонците во Њујорк го кренаа знамето среде дожд и невреме за 35 години независност

Можат да се обидуваат да нè избришат. Но, и во еден ваков бурен и мрачен ден… ние сме тука. Над сто Македонци и пријатели на Македонија се собраа во срцето на Њујорк, покажувајќи дека љубовта кон татковината е посилна од дождот и невремето. На 26 септември 2026 година, и покрај дождот и силното невреме што […]

Никола Тесла – светски научник чии пронајдоци ја променија модерната цивилизација

Големиот научник Никола Тесла се почитува и слави и во Хрватска и во Србија и во Соединетите Американски Држави и во целиот свет. Тоа го потврдуваат современите проучувачи на ликот и делото на Никола Тесла, кои го нарекуваат “Човекот што го измислил дваесеттиот век“ и “светецот – заштитник на модерниот електрицитет.“ Никола Тесла беше научник, […]

Вратени 16.952 текста објавувани од 2009 до 2026 година на порталот „Македонска нација“

Зачуван е најголемиот дел од богатата архива на порталот — текстовите повторно се достапни за читателите, а со нови материјали продолжуваме да го збогатуваме македонското историско и културно наследство. Во април 2026 година порталот „Македонска нација“ стана недостапен. Не знаеме со сигурност дали стануваше збор за хакерски напад или за друг проблем. За да продолжиме […]

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

To top