Дијаспора

Внатрешни поткопувања на стабилноста на РМ од страна на албанскиот блок и опозицијата

janko-tomov

janko-tomov
Јанко ТОМОВ

Најновите игри околу активностите за санирање на името со странските држави, зборува за индивидуални лични настојувања, разговори и предлози, од лидери на коалиционата партија ДУИ, како и од лидер на опозиционата Либерална партија (ЛП) на Македонија за комплицирање на положбата, која доаѓа од недоволно евидентираните и недоволно национално осознаени лидери-политичари. Како објаснување ќе ги прикажеме следните пишувања во „Нова Македонија“ од 1 ноември 2013 во насловот: Кој ја кажува вистината за “името”?

Во ваква игра лидерот на ДУИ, Али Ахмети, привлече внимание што не е за потценување. Ахмети при посета на странски политичари, како што беше со министерот за надворешни работи на Грција, Евангелос Венизелос во Атина, а исто и со бугарски политичари во Софија, како и со Американски политичари во Вашингтон, изгледа сака по секоја цена да се постигне политичко решение за името!? Тоа е впрочем јавна тајна. Кому му е добро, толку може да му биде и лошо. Зашто? Затоа што политичко решение е добро за Грција, а лошо за Република Македонија. По се` изгледа американските политичари дека го стимулираат овој албански националист и лидер на албанска партија во РМ., што претставува заговор против државата! Ако не е така и дај Боже да не е, ќе ви се извинам. Можеби овие разговори на Али Ахмети доведоа грчки предлог за името: „Славо-албанска Македонија“?!

Деновиве, по дочекот на Новата 2014 година, се огласи и се здружи со америкаски агитатори, Бесими од ДУИ, вицепремиер на РМ и министер за интеграција на РМ во ЕУ. Во „Утрински Весник“ од 02.01. 2014, под наслов „Евроинтеграција во американски раце“,пред новинарите на доручкот организиран и платен од американската агенција УСАИД истакнал дека (цитат од авторката С. Јовановска):

„Притоа вицепремиерот најави динамична агенда, дотаму што ќе оди низ министерствата за да ги праша што прават и до каде се со обврските што им ги дала Европската унија, ќе почне да го испитува јавното мислење околу евроинтеграцијата, ќе пресмета колку ќе не’ чини членството, па и ќе објави монографија за нашиот пат кон ЕУ, иако тој пат не мрдна од стартот“.

На 4 ноември 2013 во „Нова Македонија“ излезе наслов: „ЛП со пределог за добрососедство со Грција: Да се забрани за сонцето од Виргина“. Либералната Партија на Македонија (ЛП), по се` изгледа национално незрела, понезрела од СДСМ која во последно време почнува да го брани уставното и националното име на Македонците. Ај да го прашаме тој Величковски, дали сака да му го смениме името во Величкокис? Наместо да е горд, што кај претседателот Иванов и други македонски лидери (особено од ВМРО-ДПМНЕ), во нивните резиденции воочливо постои античкото знаме на Македонија-Шеснаест крако сонце, што го потврдува и контактот со современите Македонци, тој се негира самиот себе и ги става во незавидна положба и сите негови членови на партијата.

ivon-velickovski

Игор Величковски –поранешен претседател на Либерална Партија, сменет, но се` уште антимакедонски активен, како пратеник во Собранието

Шеснаесто зрачно сонце е чисто македонско, тоа е пронајдено во 1977 во Кутлеш, а не во Виргина (Виргина е ново име на Кутлеш, кои големите сили Германија, Франција, Русија… при оснивањето на Грција во 1820 –те, години го сменија, од старомакедонското античко име Кутлеш). Тешко на македонскиот народ со вакви лидери на политички партии кои не си ја знаат својата македонска историја! Игоре, Игоре, ако има во твојата партија патриоти, треба веднаш да те избркаат од претседателство и од членство на партијата, за да ја докажат својата приврзаност кон зборот Либерална, а не спротивно, окупаторска партија.

Навистина Игор Величковски-предавник, неодамна бил сменет од претседател, но останал пратеник во Собранието од редовите на ЛП, при што на последната седница на Собранието, Величковски поднел барање за забрана на употреба на македонското античкото знаме –Шеснает кракото сонце. Во медиумите пишува: „Со само еден глас ЗА собранието не го прифати предложениот закон од Иван Величковски за забрана за употреба за симболот на Кутлеш“. Со оваа информација се докажува дека во Собранието  ЗА гласале 61 пратеник, а ПРОТИВ 59 пратеници! Кои се тие 59 пратеници? Сигурно се од албанскиот блок и СДСМ и други негатори на македонското битие, што очекуваат соживот со Македонците! Можеме да замислиме, ако дел од Македонците ја сочинуваат првата половина од гласачите кои се за Македонија, а втората половина Албанци и други етникуми, кои се против македонското име и националност, какво жешко ќе почувствуваме на било каков референдум или изјаснување за името, а знаеме дека и надворешните непријатели, можат да допринесат во манипулирање при конечните резултати!

Драги Македонци мислете за последиците, навреме да ја отстраниме опасноста, зошто ова изјаснување на опозицијата ни ги отвори четирите очи за да бидеме претпазливи.

Еден ден, наскоро, сите Македонци кои вршат антимакедонски дела во полза на други народи и политики, а за кои примале и примаат пари и материјални добра, што е против државата, сами себе си или некој друг ќе ги доведе пред законот на Правдата, како што е случајот со гркот Антонис Кантас. Всушност Антонис Кантас, поранешен директор за набавка на оружје, во Министерството за одбрана на Грција, признал дека за десет години примал мито од 16 милиони долари, а вратил околу 10 милиони на државата. Кантас бил во притвор од 18 декември 2013. Митото било земано од странски компании, кои му продавале оружје од Германија, Франција, Русија, Бразил и Шведска. Нека се спремат Соросоидите и други предавници од Македонија, да дадат доброволен отчет, со што ќе добијат поблаги казни од заслужените.

Најново од: Дијаспора

ОМД успешно ја заврши втората турнеја низ Германија

Од 2 до 8 ноември 2026 година, Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) посети пет германски града. Се сретнавме со македонските заедници, ја претставивме нашата работа и направивме нови чекори кон формирање на ОМД Германија. По првата турнеја во март, вториот дел собра семејства, професионалци, здруженија и институции. Еве краток преглед на секоја станица. Бретен (Карлсруе) 2 […]

Македонската црква Свети Кирил и Методиј во Чикаго

Македонската православна црква „Свети Кирил и Методиј“ во Чикаго е духовно собиралиште на македонските иселеници и место за зачувување на православната вера, македонскиот јазик и традициите од татковината. Во далечната 1979 година, Македонците од Чикаго го направиле првиот поголем чекор кон остварувањето на својот сон – купиле постара црква во Бервин, Илиноис, и веднаш започнале […]

Семакедонска средба на 14 ноември во Штип

Традиционалната Семакедонска средба годинава ќе се одржи на 14 ноември 2026 година, сабота, со почеток во 12:00 часот, во хотелот „Оаза“ во Штип. Организатори на средбата се Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија „Мирка Гинова“ од Штип и Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија „МАКЕДОН“. За […]

Македонија и Македонците ширум светот, поврзани под едно сонце

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) ги повикува Македонците ширум светот да се вклучат во „МК Конект“ – платформата на волонтери-дописници на Македонската радио-телевизија и Агенцијата за иселеништво. Платформата произлезе од меморандумот за заемна соработка меѓу двете институции, со цел посилно поврзување на македонските иселеници со татковината. ОМД со гордост ја поддржува иницијативата и го поздравува нејзиниот […]

„Заветна“ — песна за нераскинливата врска со Македонија

Постојат песни во кои љубовта кон татковината се изразува како ветување. Таква е „Заветна“, во изведба на Пепи Бафтировски, со музика на Миле Барбаровски и текст на Георги Барбаровски — песна за страдањето, истрајноста и длабоката поврзаност на човекот со македонската земја. Уште во почетните стихови се навестуваат обидите Македонија да биде премолчена, сокриена и […]

Македонската дијаспора е нераскинлив дел од татковината и партнер во градењето на нејзината иднина

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска во Солинген, Сојузна Република Германија, заедно со членови на Извршниот комитет, присуствуваше на Третата конференција на задграничните комитети на ВМРО-ДПМНЕ. Пред присутните делегати, Мицкоски ги претстави актуелните состојби во Македонија, економските резултати, инфраструктурните инвестиции и предизвиците со кои се соочува државата во услови на глобални енергетски и економски неизвесности. […]

„Повод“ – македонски глас од Сиднеј што ја поврзува дијаспората со татковината

Фиданка Танаскова Најновиот, 79. број на списанието на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, Австралија носи богат мозаик од книжевни осврти, културни настани и иселенички сведоштва, во служба на македонскиот јазик, култура и идентитет. Списанието „Повод“, едно од најреномираните македонски иселенички гласила во светот,  што го издава Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, […]

„Т’га за југ“ — песна за секое македонско срце далеку од дома

„Т’га за југ“ од Константин Миладинов е длабоко лична исповед за копнежот по родниот крај. Во неа, далечината се чувствува како студ во душата, а споменот на татковината носи светлина и топлина. Наспроти мракот, маглите и мразовите стојат Охрид, Струга, езерото и родните предели — места во кои поетот чувствува дека припаѓа. Желбата да добие […]

To top