Дијаспора

„Вечна светлина над Македонија“

Gordana-Dimovska

Gordana-Dimovska

Гордана Димовска е една од уредниците на најпатриотското електронско списание “Македонска нација”, кое беше орган на ДООМ од 1971 година, а кое е обновено во 2009 година.

Нова книга од Македонката Гордана Димовска од Мелбурн

Книгата „Вечна светлина над Македонија“ е прва книга на Гордана Димовска, која живее во Мелбурн, Австралија.

Книгата е објавена од “Св. Висарион” Република Македонија (едиција  одблесоци на љубовта и мудроста-одбрани научни дела  за Македонија). Авторката Димовска ги ангажирала следните редактори на книгата: Ивона Талевска, Стојанче Колески и Татјана Спировска. Компјутерската обработка  е од Даниела Трајкоска, а рецензенти се: Вангело Лозановски, Љубица Чифлигароска и Ленче Николовска. Многу атрактивната насловна и задна корица е во изработка на Пецо Лукановски.

Гордана Димовска се појавува како ко-автор во 2012, на книгата „Љубовната одисеја на Александар Македонски и Бела Ица”, а за првпат, нејзините песни и раскази, се објавени во книгата „Од љубов со љубов за Македонија“, во 2011 година.

Димовска пишува есеи, новинарски прилози кои семасовно прифатени и објавувани во МРТВ, „Курир“, „Народна воља“, Агенцијата за иселеништво на Република Македонија, потоа во весниците„Денес”, а  исто така и во „Австралиско-македонскиот неделник“ од Мелбурн, Австралија.

Гордана Димовска е една од уредниците на најпатриотското интернет списание „Македонска нација“, кое беше орган на ДООМ од 1971 година, а кое е обновено во 2009 година.  Гордана за МН пишува статии со кои ја поттикнува свеста за зачувување на македонскиот јазик, македонското име и почит кон македонската историја. Во нејзините написи, пред се` од национален карактер, секогаш се и со додатоци на известувањата за активноста во Македонската заедница на Викторија, Австралија, специјално за нега и за изучување на македонскиот јазик, по образовните секции- уцилиштата и асоцијациите, потоа за љубовта кон својата родна Македонија и гордоста за својата македонска припадност. Гордана, како Македонка, посветена на Македонизмот, е личност достојна за пример и за Македонките во иселеништвото. Гордана, не само што од патриотски побуди ги дава своите сознанија за светлите македонски битности, особено од областа на културата, таа и лично се вклучува со преставување на теми и активности во заштита на Македонизмот, пред австралиската и светска јавност. Доказ за тоа е нејзиното ангажирање во организирање, спроведување и учество на поранешните демонстации, дефилеа,организирање на јавни настапи пред австралиското општество, со цел за зачувување на уставното име на Македонија.

За книгата на Димовска, Пецо Лукановски ќе рече: „Потресна сторија. Литературно и уметнички обликувана и доловена,болката и судбината на многу Македонски семејства, во кои разделбата од најблиските оставила длабоки рани во нивните срца. Потрагата кон подобра егзистенција за семејството, истовремено е и лутање низ неизвесноста – ризик ко јсе прифаќа од мака и од болка“.

Под насловот во книгата: Дела од срцето и душата со совест- МАКЕДОНИЈА Е НАШАТА ИДНИНА, на 5 страна, стои:

„Испреплетен венец за родната земја, за славното историско минато, за подвизите на нашите свети предци, нивната храброст и пожртвуваност кои и нас денес длабоко не` инспирира. Нашето историско минато е неисцрпно и претставува поле на истражување на секоја генерација Македонци и на оние кои живееат во неа, и на Македонците од дијаспората . Тоа богато наследство нас не прави да се гордееме што сме Македонци. Бурното минато не` подучува како да се поврзе минатото, сегашноста и иднината. Во овие виорни години, ние Македонците треба да бидеме сплотени како никогаш досега. Треба да се почитуваме и толерираме и достојно да ја претставуваме  Македонија, како земја – лулка на писменоста и земја која даде многу за човештвото…“

Со Гордана го делам мислењето:Искрените Македонци успешно и доследно работат за доброто на Македонија без разлика во кој дел од светот живеат, жртвувајќи се себеси и посветувајќи и` време.

Еве кратка биографија за Гордана Стојчевска Димовска, која е родена во битолското село Оптичари. Основно училиште завршува во с. Бистрица, Битолско. Уште како ученичка во основното училиште Крсте Петков Мисирков, почнува да пишува литературни состави за што има добиено и награди од наставничкиот колегиум и учество во радио програма на Радио Битола. Од 1993 година живее и работи во Мелбурн, Австралија. Активно учествува во голем број на активности во Македонската заедница во Мелбурн меѓу кои Протестот во Мелбурн ‘Македонија, Македонци засекогаш‘ во 2008 година, Здружението за Јохан Тарчуловски, Учителско здружение за Викторија… Познати се нејзините волонтерски акивности како тутор во АМЕС, (училиште за англиски јазик за емигранти), секретар во македонското училиште за сценски уметности ‘Божилак‘, македонското училиште Гоце Делчев при Црквата Св. Пророк Илија, Футскрај, македонски радио програми како и во Македонската добротворна организација Св. Албанс. Димовска, со доаѓање во Австралија, е вработена во Викториското училиште за јазици,од каде предава Македонски јазик и каде заедно со наставничкиот колегиум припремаат училишни приредби, посветени на македонските национални празници и важни датуми од македонската историја.

Срдечни честитки за нашата Гордана за публикуваната книга, која чека промотори низ Австралија во прво време и место во секој македонски дом.

Janko_TomovЈанко ТОМОВ

Најново од: Дијаспора

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

Македонците во Њујорк го кренаа знамето среде дожд и невреме за 35 години независност

Можат да се обидуваат да нè избришат. Но, и во еден ваков бурен и мрачен ден… ние сме тука. Над сто Македонци и пријатели на Македонија се собраа во срцето на Њујорк, покажувајќи дека љубовта кон татковината е посилна од дождот и невремето. На 26 септември 2026 година, и покрај дождот и силното невреме што […]

Никола Тесла – светски научник чии пронајдоци ја променија модерната цивилизација

Големиот научник Никола Тесла се почитува и слави и во Хрватска и во Србија и во Соединетите Американски Држави и во целиот свет. Тоа го потврдуваат современите проучувачи на ликот и делото на Никола Тесла, кои го нарекуваат “Човекот што го измислил дваесеттиот век“ и “светецот – заштитник на модерниот електрицитет.“ Никола Тесла беше научник, […]

Вратени 16.952 текста објавувани од 2009 до 2026 година на порталот „Македонска нација“

Зачуван е најголемиот дел од богатата архива на порталот — текстовите повторно се достапни за читателите, а со нови материјали продолжуваме да го збогатуваме македонското историско и културно наследство. Во април 2026 година порталот „Македонска нација“ стана недостапен. Не знаеме со сигурност дали стануваше збор за хакерски напад или за друг проблем. За да продолжиме […]

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

To top