Дијаспора

Македонците од Голобрдо изолирана тема за Албанија

golobrdo

golobrdo

„Македонци муслимани не беа досега предмет на изучување првенствено затоа што албанските власти ја држат во тајност темата поради желбата Албанија да ја претстават исклучиво како моно-етничка држава“ – вели рускиот научник А.А. Новик во својата статија „Македонци – Муслимани во Албанија – Материјали експедиција 2008 година“

Статијата од А. А. Новик  „Македонци – Муслимани во Албанија“ преставува резултат на истражувањата на рускиот Музеј на антропологија и етнографија император Петар Велики (Кунсткамера / Kunstkamera) и Балканската комисија (Balkan – Kommission) на Австриската академија на науките во селoто Требиште во септември 2008 година. Цел на ова истражување кое од руска страна го водат А.А. Новик и проф. Андреј Н. Соболев се Македонците  муслимани кои живеат во пограничните територии на Североисточна Албанија.

Истражувачите од двете земји особено ги привлекува регионот на Голобрдо кој се карактеризира со извесна архаичност на општествените односи и покрај процесот на глобализација кој во значителна мера ја опфатил територија на Балканот, но многу малку влијаел врз начинот на животот на Гораните. Тие ќе забележат дека врските меѓу оделни региони (области) продолжуваат да остануваат многу слаби и покрај очигледното развивање на трговските односи.

Според А.А. Новик во оваа област: „Исклучително е силна улогата на роднинските врски. Ова влијае не само на изборот на брачниот партнер, приоритетите во општествените врски и т.н., но исто така и во социјалната и политичката активност.“ Рускиот научник смета дека „собраниот материјал за општествениот живот под терминот на сродство за идните експедиции ветува дека ќе даде многу интересни и целосно нови информации“. За него од особена важност е проучувањето на семејството и брачните односи, кои носат печат на старите стереотипи и ставови.

Рускиот научник во својата статија го дава клучниот одговор зошто досега Македонците муслимани од пограничните територии на Североисточна Албанија беа запоставени. А.А. Новик вели дека „Македонци муслимани не беа досега предмет на изучување првенствено затоа што албанските власти ја држат во тајност темата поради нивната желба Албанија да ја претстават исклучиво како моно-етничка држава.“ Според него оваа „Експедицијата …ќе овозможи да се срушат познатите стереотипи и ставови“ за Албанија.

Едно од прашањата за кои се интересираат истражувачите на двете институции е прашањето за социјализација на жената во услови на мултиконфесионално и полиетничко општество. Посебен интерес тие пројавуваат за појавата виргиреш – жени девици, кои од различни причини се откажуваат од бракот и во општествениот живот ја играат улогата на мажите. Овој феномен кој е опишан за северот на Албанија во минатото, денес не се проучува. Според Новик за нив би било интересно да се дознае дали имало ваква појава кај Македонците муслимани во Северна Албанија.

Опишувајќи го присуството на различната вероисповест кај населението, рускиот научник забележува дека: „Соживотот на различни вери на ограничен простор доведе до изненадувачки синкретизам во однос на различните верувања. Во муслиманските семејства на Албанците во соседните региони понекогаш се вапцуваат јајца за Велигден и се слави Божиќ, а христијаните учествуваат во колење на жртва на Курбан-бајрам и го слават Новруз.“ Овој „опис и анализа на комплексноста на религиозните верувања и ставови на Албанците и Славјаните во услови на повеќевековни контакти овозможуваат да се изучуваат механизмите на воведување на новини во составувањето на компонентитите на сликата за човековиот свет.“ – вели А.А. Новик

Исто така, како посебен дел од континуираното истражување, за научниците претставува проучувањето на културната синтеза во услови на меѓуетнички контакти. Говорејќи за ова рускиот научник во својата статија ќе забележи дека: „Јазичните, културните, битовите позајмувања често доведуваат до губење на овие или други симболи на етничната припадност. Најважната задача на теренското истражување е да го следи степенот на јазично и културно мешање во однос на соживотот на различни етнички групи, кои зборуваат различни јазици и практикуваат различна вероисповед.“

Комплексниот пристап при спроведување на експедицијата, како што пишува Новик „ќе им овозможи на етно експертизата на албанско-славјанското погранична територија, да се утврди нивото на етнокултурното мешање во различните области на Западниот Балкан, а исто така ќе им овозможи да се споредат податоци за јазичната и културната интеграција со соседните полиетнички области ( Епир, Родопите, Косово).

Истражувачите на рускиот Музеј на антропологија и етнографија император Петар Велики (Кунсткамера / Kunstkamera) и Балканската комисија (Balkan – Kommission) на Австриската академија на науките сметаат дека „Систематска работа на постојните учесници во проектот преку анкети овозможува да се собере опширен фактички материјал, како одраз на состојбата на јазикот и културата во услови на континуирани етнички контакти“, како и тоа дека .„Анализата на набљудувањата помагаат да се развие приод кон предвидување и донесување решение за меѓуетнички и меѓуконфесионални конфликти.“ – пишува А.А. Новик

„На научно значење на истражувањето на албанско- славјанското погранична област не може а да не се гледа и низ призмата на практичната компонента.“ – вели рускиот научник Новик. Говорејќи за етнографските збирки во руските музеи кои од XIX век редовно се обновуваат со предмети од традиционалната култура на балканските народи, Новик ќе забележи:  „Благодарение на собирањето на нашите предци, музејските збирки на МАЕ РАН и рускиот Етнографскиот музеј имаат уникатни работи кои ја карактеризираат посебна култура на народите на Балканот, каква нема никаде на друго место во светот. Во текот на изградбата на социјализмот во СССР музејот бил поддржуван од државата, а затоа Балканската колекција на нашата збирка се мултиплицира преку подароци и превземања, што овозможува нашата збирка да биде уникатна. По распадот на Советскиот Сојуз престана да и се дава должно внимание на музејската збирка. Од почетокот на 1990-тите, не се превземаат  комплексни експедиции на Балканот, не е извршена теренска работа поради тешките услови предизвикани со воените конфликти и т.н. Сето ова доведе до губење на можност да се соберат етнографски предмети и да се опише културата на народите на Балканот во поширока хронолошка рамка, а за збирката, ..беа неповратно изгубени цели области на народната култура.“

На крајот од својата статија за истражувањата на Македонците муслимани во Голобрдо во 2008 година А.А. Новик вели: „Теренско истражување во овој регион ќе овозможи до одреден степен да се направи се за пропуштена можност, да се соберат уникатни предмети и да се зачуваат за потомството. Од експедицијата кај Македонците-муслимани во 2008 година беа донесени бројни фотографии (кои имаат етнографска вредност – повеќе од двесте ), кои го пополнија илустративниот фонд на MAE РАН. Во блиска иднина им предстои опис и каталогизација за понатамошен влез во научната револуција. Прелиминарните резултати на експедицијата, говорат во корист на продолжување истражувања во регионот на границата на Албанија и Македонија. Ова ќе овозможи да се следи динамиката на процесите кои се случуваат во регионот.“

Проследувајќи ја оваа статија можеме да забележиме дека рускиот научник А.А. Новик ги потенцира клучните елемента поради кои се вршат истражувањата кај Македонците муслимани во Голобрдо. Укажувајќи дека имаат стратешки интереси на Балканот, рускиот научник ќе посочи дека „анализата на набљудувањата можат да им помагнат да развиат приод кон предвидување и донесување решение за меѓуетнички и меѓуконфесионални конфликти.“ Тргнувајќи од овој факт Македонија мора да сфати дека треба да посвети многу повеќе внимание кон Македонците муслимани зошто тие можат да бидат еден од главните фактори за стабилноста на земјата.

(извор: А.А. Новик „Македонци – Муслимани во Албанија – Материјали експедиција 2008 година“

Македонска нација

Најново од: Дијаспора

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

Дијаспората заборавени од историската слика за 8-ми септември

Идејата за самостојна Македонија не се роди непосредно пред референдумот во 1991 година. Таа долго живееше меѓу македонците во дијаспората, дури и кога јавното залагање за независност можеше да донесе прогон, затвор и уништен живот. По повод 8 Септември – Денот на независноста и 35-годишнината од создавањето на самостојната македонска држава, под покровителство на претседателката […]

Европратеничката Ирена Јовева – бранител на македонскиот јазик и македонскиот идентитет

Европската Унија е наднационален и меѓувладин сојуз на европски држави. Под ова име е основана во 1993 година, со Договорот за Европската Унија, познат како Договорот од Мастрихт. Сепак, голем број нејзини институции и механизми постоеле и претходно, врз основа на договорите што датираат уште од 1951 година. Активностите на Европската Унија опфаќаат бројни области […]

To top