Дијаспора

Амбасадата на Република Македонија во Канбера објави ЈАВЕН ПОВИК за Парламентарни избори 2014

izbori

izbori

Податоци за видот на изборите за кои се гласа

Се известуваат државјаните на Република Македонија кои се на привремена работа или престој во странство дека на 27.04.2014 година ќе се одржат Предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Македонија.

Повик за јавен увид во избирачкиот список и за пријавување за гласање

Се повикуваат државјаните на Република Македонија во Австралија кои сакаат да го остварат своето избирачко право, да извршат увид во посебните изводи од Избирачкиот список во просториите на Дипломатскo-конзуларното претставништво, односно конзуларната канцеларија на Република Македонија во Австралија, Канбера на 25 Cobbadah street, O’MALLEY 2606, ACT; Мелбурн на Level 7/492 St. Kilda Rd, VIC 3004 во периодот од 16.03.2014 година до 30.03.2014 година. При увидот, се идентификуваат пред надлежното лице со важечка патна исправа издадена од надлежен орган на Република Македонија или важечка лична карта. Увидот може да се изврши и преку интернет на следната адреса: http://www.sec.mk

Денот на започнувањето и завршувањето на пријавувањето за гласање

Во периодот од 6 март – 30 март 2014 година, пријавата за гласање, своерачно потпишана, се доставува до Дипломатско–конзуларното претставништво, односно конзуларната канцеларија на Република Македонија во Австралија, Канбера на 25 Cobbadah street, O’MALLEY 2606, ACT; Мелбурн на Level 7/492 St. Kilda Rd, VIC 3004 или се испраќа по електронска пошта на следната адреса:

Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
за државјаните на Република Македонија кои се на привремен престој во странство повеќе од три месеци или се на привремена работа или престој во странство повеќе од една година, во една од државите од изборната едниница 9  (Азија и Австралија)

Потребните документи

Во прилог на пријавата, задолжително се доставува скенирана копија од документи како доказ за престој

во странство, и тоа:

– Документ/Потврда или копија од документот за докажување на привремен престој во странство повеќе од три месеци пред денот на одржувањето на изборите или за привремена работа или престој во странство повеќе од една година или

–  Дозвола за престој или работа во странство, издадена од надлежен орган на соодветната држава.

Појаснување кој може да гласа и каде ќе се спроведува гласањето

Право на глас имаат сите државјани на Република Македонија кои имаат пријавено последно живеалиште во Република Македонија, a на денот на изборите привремено престојуваат во Австралија повеќе од три месеци или се на привремена работа или престој во Австралија повеќе од една година, согласно со евиденцијата од надлежен орган, а кои од денот на распишувањето на изборите до завршувањето на јавниот увид доставиле пријава за гласање и се запишани во посебните изводи од Избирачкиот список.

Гласањето во Изборната едниница 9, ќе се одржи на 26.04.2014 година, во периодот од 07:00 до 19:00 часот, во просториите на Дипломатско–конзуларното претставништво, односно конзуларната канцеларија на

Република Македонија во Австралија, Канбера на 25 Cobbadah street, O’MALLEY 2606, ACT; Мелбурн на Level 7/492 St. Kilda Rd, VIC 3004

Извор: Фаланга– Австралија

Најново од: Дијаспора

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

Македонците во Њујорк го кренаа знамето среде дожд и невреме за 35 години независност

Можат да се обидуваат да нè избришат. Но, и во еден ваков бурен и мрачен ден… ние сме тука. Над сто Македонци и пријатели на Македонија се собраа во срцето на Њујорк, покажувајќи дека љубовта кон татковината е посилна од дождот и невремето. На 26 септември 2026 година, и покрај дождот и силното невреме што […]

Никола Тесла – светски научник чии пронајдоци ја променија модерната цивилизација

Големиот научник Никола Тесла се почитува и слави и во Хрватска и во Србија и во Соединетите Американски Држави и во целиот свет. Тоа го потврдуваат современите проучувачи на ликот и делото на Никола Тесла, кои го нарекуваат “Човекот што го измислил дваесеттиот век“ и “светецот – заштитник на модерниот електрицитет.“ Никола Тесла беше научник, […]

Вратени 16.952 текста објавувани од 2009 до 2026 година на порталот „Македонска нација“

Зачуван е најголемиот дел од богатата архива на порталот — текстовите повторно се достапни за читателите, а со нови материјали продолжуваме да го збогатуваме македонското историско и културно наследство. Во април 2026 година порталот „Македонска нација“ стана недостапен. Не знаеме со сигурност дали стануваше збор за хакерски напад или за друг проблем. За да продолжиме […]

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

To top