Дијаспора

Конгресменот Трент Франкс од Аризона се приклучи на групата на пријатели на Македонија во Конгресот

trent-franks

trent-franksКонгресменот Трент Франкс (републикец од осмата област на Аризона) стана најновиот член на групата на пријатели на Македонија и македонско-американска заедница во Конгресот.

“Конгресменот Франкс, шампион во прашањата за човековите права и религиозна слобода на глобално ниво, е голем пријател на Македонија и голем поддржувач на нејзиниот прием во НАТО,” рече претседателот на ОМД, Методија А. Колоски.

Конгресменот Франкс служи како ко-претседавач на Меѓународната група за религиозна слобода во Конгресот, која е воспоставена во 2006 година и чија цел е да ги следи меѓународните тужби против луѓе без разлика на нивната верска припадност. ОМД е член на неформалната меѓународна тркалезна маса за религиска слобода, која работи тесно на прашања поврзани со религиска слобода заедно со канцеларијата на Конгресменот Франкс.

Конгресменот Франкс исто така служи во Комисиите на Домот за вооружените служби и правда. Пред да започне со својата политичка кариера, тој 25 години водел мал бизнис.

На 7 февруари 2014 година, 40 членови на Претставничкиот Дом на Конгресот, вклучително и конгресменот Франкс, го потпишаа писмото до Државниот Секретар на САД, Џон Кери во кое го охрабруваат да продолжи во своите напори да го стави проширувањето на НАТО како клучен приоритет за САД и Алијансата на следниот Самит кој ќе се одржи во Обединетото Кралство во септември 2014 година.

Пријателската група за Македонија и македонско-американска заедница во Конгресот е двопартиската група на членови на Конгресот. Служејќи како глас за Македонските Американци во Вашингтон, ОМД се радува што работи со сите членови на пријателската група за Македонија во проширувањето на својата работа за јакнење на односите помеѓу САД и Македонија.

ОМД ги охрабрува сите Македонски Американци да ги контактираат нивните членови во Конгресот преку овој линк и да ги замолат да се приклучат на двопартиската пријателска група за Македонија и Македонските Американци.

Обединетата Македонска Дијаспора

Најново од: Дијаспора

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

Македонците во Њујорк го кренаа знамето среде дожд и невреме за 35 години независност

Можат да се обидуваат да нè избришат. Но, и во еден ваков бурен и мрачен ден… ние сме тука. Над сто Македонци и пријатели на Македонија се собраа во срцето на Њујорк, покажувајќи дека љубовта кон татковината е посилна од дождот и невремето. На 26 септември 2026 година, и покрај дождот и силното невреме што […]

Никола Тесла – светски научник чии пронајдоци ја променија модерната цивилизација

Големиот научник Никола Тесла се почитува и слави и во Хрватска и во Србија и во Соединетите Американски Држави и во целиот свет. Тоа го потврдуваат современите проучувачи на ликот и делото на Никола Тесла, кои го нарекуваат “Човекот што го измислил дваесеттиот век“ и “светецот – заштитник на модерниот електрицитет.“ Никола Тесла беше научник, […]

Вратени 16.952 текста објавувани од 2009 до 2026 година на порталот „Македонска нација“

Зачуван е најголемиот дел од богатата архива на порталот — текстовите повторно се достапни за читателите, а со нови материјали продолжуваме да го збогатуваме македонското историско и културно наследство. Во април 2026 година порталот „Македонска нација“ стана недостапен. Не знаеме со сигурност дали стануваше збор за хакерски напад или за друг проблем. За да продолжиме […]

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

To top