Дијаспора

Во Сиднеј промовирана книгата „Угрејсонце во мојот сон“ од Иван Трпоски

ugrejsonce-vo-mojot-son-0

ugrejsonce-vo-mojot-son-0

Минатиот петок 28 март, во просториите на градската библиотека во Хрствил, предградие на Сиднеј, во пристуство од стотина посетители Литературното друштво „Григор Прличев“ ја промовира книгата избор поезија „Угрејсонце во мојот сон“ (The sunrise in my dream) од поетот Иван Трпоски. Оваа книга минатата година на Интернационалниот поетски фестивал „Струшките вечери на поезијата“ ја доби престижната награда „Стојан Христов“. Книгата ја промовира Др. Битриз Копело, видна австралиска поетеса и писателка, а поезија читаше Др. Ирена Вељанова. Промоцијата се одржа во соработка со Општината Хрствил како дел од нивната програма таканаречена „Зборување со автори“.

При претставувањето на книгата Др. Копело даде опсежно насликување на трите лирски циклуси застапени во книгата:Печалбарски песни, Љубовни песни, Татковински песни, кои се поврзани со животниот и духовниот пат на поетот Трпоски и на многуте Македонци кои живеат надвор од татаковината Македонија.

ugrejsonce-vo-mojot-son-4

Др. Ирена Вељанова, покрај тоа што ја претстави поезијата на Иван, зборуваше и за авторот, неговото креативно дело кое 35 години е присутно меѓу Македонците. Трпоски е најобјавуван писател во дијаспората со своите 17 наслови кои воглавно се поезија, патописи и историја. Негови дела се објавувани во неколку антологии во Австралија и Македонија. Покрај наградата „Стојан Христов“, добитник е на наградата за поезија „Иселеничка грамота“ и „Златно сонце“ за промоција на македонскиот јазик и култура. Трпоски е член на ДПМ, на Друштвото на новинарите на Македонија и почесен член во Литературното друштво „Григор Прличев“. За своите долгогодишни општествени работи во македонската заедница повеќе пати бил наградуван од македонските и австралиските институции.

ugrejsonce-vo-mojot-son-2

Книгата „Угрејсонце во мојот сон“ минатата година се издаде на англиски јазик, а исто така се објави и двојазично, а деновиве се објави и второто издание на двојазичната верзија. Изборот на песните и рецензијата го направи Др. Науме Радически, а издавањето во Македонија беше со помош на Агенцијата за иселеништво. Преводот на англиски јазик беше направен од Вил Фирт, Австралиец од германско потекло, вљубен во македонскиот јазик и поезијата.

ugrejsonce-vo-mojot-son-5

Интересно е да се спомне дека „Угрејсонце во мојот сон“ доживеа три промоции. Првата во Скопје во 2013 година на 4-та Конференција за иселениците каде Др. Науме Радически ја промовира книгата, потоа истата се промовира на 20-та Преспанска иселеничка средба во Љубојно од Ели Танаскова, а последната во Сиднеј на 36 годишнината од постоењето на Литературното друштво „Григор Прличев“ и на прагот од 72-то лето на поетот и писател Иван Трпоски.

Душан Ристевски

Најново од: Дијаспора

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

Македонците во Њујорк го кренаа знамето среде дожд и невреме за 35 години независност

Можат да се обидуваат да нè избришат. Но, и во еден ваков бурен и мрачен ден… ние сме тука. Над сто Македонци и пријатели на Македонија се собраа во срцето на Њујорк, покажувајќи дека љубовта кон татковината е посилна од дождот и невремето. На 26 септември 2026 година, и покрај дождот и силното невреме што […]

Никола Тесла – светски научник чии пронајдоци ја променија модерната цивилизација

Големиот научник Никола Тесла се почитува и слави и во Хрватска и во Србија и во Соединетите Американски Држави и во целиот свет. Тоа го потврдуваат современите проучувачи на ликот и делото на Никола Тесла, кои го нарекуваат “Човекот што го измислил дваесеттиот век“ и “светецот – заштитник на модерниот електрицитет.“ Никола Тесла беше научник, […]

Вратени 16.952 текста објавувани од 2009 до 2026 година на порталот „Македонска нација“

Зачуван е најголемиот дел од богатата архива на порталот — текстовите повторно се достапни за читателите, а со нови материјали продолжуваме да го збогатуваме македонското историско и културно наследство. Во април 2026 година порталот „Македонска нација“ стана недостапен. Не знаеме со сигурност дали стануваше збор за хакерски напад или за друг проблем. За да продолжиме […]

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

To top