Дијаспора

Патриотски контакти при основањето на ДПМНЕ во дијаспората

dragan-janko

dragan-janko
Драган Богдановски и Јанко Томов во 1990 година

Во времето на основањето на ДПМНЕ, пред ослободувањето, на лидерот на ДООМ, Драган Богдановски од затворското издржување од 11 години во Идризово, УДБ-ашка СР Македонија-Југославија, видните патриоти од Австралија имаа соработка со останатите истомисленици од Европа и Америка. Во последните години од одржување на затворската казна на Богдановски во Идризово, беше посетуван од поедини патриоти од Европа-Германија какоМане Јаковлески, кој заедно со неговиот брат Гојко купи стан во Скопје, специјално за сместување на нашиот лидер. Таа соработка се интензивира со Драган Богдановски кој повторно емигрираше во Шведска, посебно со настаните на почнувањето на распадот на комунизмот во Источна Европа и СССР. Покрај Крсто Шкодров, кој во 1988 година по налог на ТНМРО се поврза со Драган во Крушево на 2 август и Панко Стамкоски, уредник на „Македонија“ од Мелбурн, кој претходната година почна да објавува статии и соопштенија од Драган Богдановски, се поврзав и јас, преку Михаил Шариновски-Солунски, со кого соработувавме во Поткомитетот на Перт, Западна Австралија за МЧП-Солун, кон крајот на 80-те години во Австралија.

Моите поврзувања со Богдановски се интензивираа со посебни материјали околу Политичката платформа на ДПМНЕ, Уставот и скоро сите пропратни материјали за основање на ВМРО-ДПМНЕ и нејзините ограноци-Задгранични Комитети, по државите на западната хемисвера воАвстралија, Европа и Америка. Исто така следуваа телефонски договарања со Драган Богдановски и слични акции за омасовување на ВМРО-ДПМНЕ во Светот и во Македонија.

Најново од: Дијаспора

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

Дијаспората заборавени од историската слика за 8-ми септември

Идејата за самостојна Македонија не се роди непосредно пред референдумот во 1991 година. Таа долго живееше меѓу македонците во дијаспората, дури и кога јавното залагање за независност можеше да донесе прогон, затвор и уништен живот. По повод 8 Септември – Денот на независноста и 35-годишнината од создавањето на самостојната македонска држава, под покровителство на претседателката […]

Европратеничката Ирена Јовева – бранител на македонскиот јазик и македонскиот идентитет

Европската Унија е наднационален и меѓувладин сојуз на европски држави. Под ова име е основана во 1993 година, со Договорот за Европската Унија, познат како Договорот од Мастрихт. Сепак, голем број нејзини институции и механизми постоеле и претходно, врз основа на договорите што датираат уште од 1951 година. Активностите на Европската Унија опфаќаат бројни области […]

To top