Дијаспора

Од животот на Македонците во Флорида

lili-i-stiv

„Птиците преселници“ Лили и Стив Плиакес од Маркам

lili-i-stiv
Лили и Стив Плиакес познати Македонци од Канада

Меѓу бројните Македонци од Канада и северните делови на САД кои во текот на есента и зимата се преселуваат во Флорида се и Лили и Стив Плиакес, познати и признати во бизнисот и во македонските општини во дијаспората

Флорида е една од најинтересните простори на земјината топка со својата географска положба, клима и посебност од секаков вид. Мислиш дека по должината на брегот на океанот се наоѓа еден град, чија големина е непрегледна илјадници километри од Џонсонвил до Мајами. Затоа често се вели дека богатите Американци не случајно ја одбрале Флорида, каде голем број од нив живеат претежно во есен и зима. Затоа, со право нив ги викаат “птици преселници” “snow birds”, кои се шетаат по убавите, многу интересни и по многу нешта карактеристични простори, за кои за да се видат се потребни големи желби, многу напор и време.

Инаку, Флорида е сојузна држава на САД, на полуостровот Флорида, помеѓу Атлантскиот Океан и Мексиканскиот Голф, чиј главен град е Телахаси. Но се чини Мајами е најзначајниот град, како и градовите Џексонвил, Темпа и прочуените светски плажи – Мајами Бич, Палма Бич и Дејтона Бич. Флорида е пространа рамница со песочни брегови и суптропска клима, со многу благи зими и жешки лета. Има голем број мочуришта, езера и бројни острови.

Поради многу добрата геостратешка положба, Мајами и околните населени места, вклучително и општината Авентура се важна сообраќајна раскрсница и  место на богаташи. Таму се наоѓа и градот Форт Лодердел кој е најголемото пристаниште на американските јахти и со најбогати куќи на тој дел од Флорида, а можеби и во светот. На тие простори живеат нашите пријатели Лили и Стив Плиакес, кои ни искажаа Македонско гостопримство, пред с#, со топлина и љубов, а потоа со удобност во нивниот богат апартман на брегот на Атлантскиот Океан, во близина на познатата плажа Холивуд, на север од Мајами Бич, во живописниот предел на Авентура.

makedonci-florida
На еден од неделните собири на Македонци од САД и Канада во Флорида

Зградата во комуната Авентура, на Mistic Point Drive го носи бројот 500, во која на 22 кат е сместен нивниот убав американско-канадско-македонски апартман. Зградата е со многу интересна архитектура, ентериер и внатрешен изглед и со сите потребни простории за одмор, удобно живеење и рекреација. Таа е зграда каде претежно живеат Евреи од САД и Канада и, покрај Лили и Стив уште едно македонско семејство.

На тие простори можат да се видат десетици повеќекатни згради, распослани покрај Океанот и внатрешноста, кои се значајни сами за себе и прават една богата облакодерска целина. Се чувствува дека брегот дише многу потопло и поубаво и за очи и за душа од каде било друго место во светот.

Да се види Флорида, во исто време значи човек да се запознае со вистините кои се видени на филмското платно, преку малиот екран, во фантазиите, мечтите… Затоа со право Евреите, кои ги запознавме кај базенот и џекузите во дворот на зградата каде живеат нашите пријатели Лили и Стив Плиакес, велат дека Авентура е вистинското место за живеење и рекреација. Со своите трговски центри, места за рекреација, со културниот центар и синагогата, со прекрасните океански плажи и многуте заливи за паркирање на богатите јахти, Авентура станало многу популарно место на богаташите од север на Сад и од Канада кои привремено или засекогаш се населиле во Флорида.

Нашите  пријатели Лили и Стив Плиакес кои во летниот период живеат во Маркам или патуваат за Македонија и на многу места ширум светот, се едни од Македонците кои се населиле како ластовички од Канада во Флорида. Но, во Канада тие се едни од најактивните во македонската заедница во Торонто. Меѓу другото, Стив Плиакес, кој потекнува од селото Зелениче, Леринско бил претседател на организацијата “Обединети Македонци” и еден од најактивните во текот на одржувањето на Средбата на децата бегалци во 1988 година во Република Македонија. Тој бил и претседател на македонската православна црква Св. Климент Охридски во Торнто. Стив Плиакес е Македонецот кој прв отиде во посета на Хунзите во Пакистан да ги открие и да остави вечна трага кај потомците на Александар Македонски во големата Македонска Империја. Исто така тој беше еден од спонзорите на олимпијците од Македонија на Олимписките игри во Атина и во Пекинг, каде го носеше македонското знаме и, покрај спортистите беше најгордиот од сите горди Македонци во светот.

Лили Плиакес, животниот сопатник на Стив, пак, е родена во селото Желево, Леринско, која со неполни две години го напушти родното огниште и патиштата ја однеле во Полска, а потоа дошла во Канада. Таа со своите активности во женските секции на македонските православни цркви во Канада и Флорида и други асоцијации е позната и призната Македонка. Лили, заедно со Стив, меѓу другото, се донатори на инструмент за дијализа во болницата во Скопје, финансиски поддржувачи на голем број активности на Македонците во Канада и САД, како и на македонски православни цркви, друштва и различни македонски асоцијации во Македонија, во Беломорието, во Пирин, во Албанија и други места ширум светот каде живеат Македонци.

Исто така, Стив, Лили Плиакес и нивното семејство со своите бизниси играат значајна улога во канадското општество. Меѓутоа, се чини дека тие особено се познати по Македонската плажа во Маркам, единствена од таков вид во македонската дијаспората.

Стив и Лили Плиакес како Канаѓани како “птици преселници” одреден период во есен и зима поминуваат во Флорида, но, и таму го изразуваат својот хуманитарен однос и почит кон македонските православни цркви, кон македонските друштва и друг вид асоцијации во САД. Така, тие беа иницијатори на акцијата за собирање средства за македонската православна црква Св. Димитрија од Јужна Флорида, што се одржа на македонскиот пикник на 2-ри март оваа година. На овој традиционален пикник на кој присуствуваа околу 250 посетители, покрај бизнисмените Мајкл Илич, Џорџ Атанасоски и Џон Битов, управата, членовите на црквата и други добронамерници и пријатели на Македонците, како и на традиционалниот голф турнир, се собраа околу 50.000 долари за реконструкција на црковниот објект.

Затоа, со право може да се рече дека големите Македонци Стив и Лили Плиакес имаат значајни заслуги и трајни белези во македонската дијаспора. Особено за нивниот хуманитарен однос се добитници на голем број признанија и награди, кои значат поттик и смерница за идните младите македонски генерации.

Славе КАТИН

Најново од: Дијаспора

ОМД успешно ја заврши втората турнеја низ Германија

Од 2 до 8 ноември 2026 година, Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) посети пет германски града. Се сретнавме со македонските заедници, ја претставивме нашата работа и направивме нови чекори кон формирање на ОМД Германија. По првата турнеја во март, вториот дел собра семејства, професионалци, здруженија и институции. Еве краток преглед на секоја станица. Бретен (Карлсруе) 2 […]

Македонската црква Свети Кирил и Методиј во Чикаго

Македонската православна црква „Свети Кирил и Методиј“ во Чикаго е духовно собиралиште на македонските иселеници и место за зачувување на православната вера, македонскиот јазик и традициите од татковината. Во далечната 1979 година, Македонците од Чикаго го направиле првиот поголем чекор кон остварувањето на својот сон – купиле постара црква во Бервин, Илиноис, и веднаш започнале […]

Семакедонска средба на 14 ноември во Штип

Традиционалната Семакедонска средба годинава ќе се одржи на 14 ноември 2026 година, сабота, со почеток во 12:00 часот, во хотелот „Оаза“ во Штип. Организатори на средбата се Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија „Мирка Гинова“ од Штип и Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија „МАКЕДОН“. За […]

Македонија и Македонците ширум светот, поврзани под едно сонце

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) ги повикува Македонците ширум светот да се вклучат во „МК Конект“ – платформата на волонтери-дописници на Македонската радио-телевизија и Агенцијата за иселеништво. Платформата произлезе од меморандумот за заемна соработка меѓу двете институции, со цел посилно поврзување на македонските иселеници со татковината. ОМД со гордост ја поддржува иницијативата и го поздравува нејзиниот […]

„Заветна“ — песна за нераскинливата врска со Македонија

Постојат песни во кои љубовта кон татковината се изразува како ветување. Таква е „Заветна“, во изведба на Пепи Бафтировски, со музика на Миле Барбаровски и текст на Георги Барбаровски — песна за страдањето, истрајноста и длабоката поврзаност на човекот со македонската земја. Уште во почетните стихови се навестуваат обидите Македонија да биде премолчена, сокриена и […]

Македонската дијаспора е нераскинлив дел од татковината и партнер во градењето на нејзината иднина

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска во Солинген, Сојузна Република Германија, заедно со членови на Извршниот комитет, присуствуваше на Третата конференција на задграничните комитети на ВМРО-ДПМНЕ. Пред присутните делегати, Мицкоски ги претстави актуелните состојби во Македонија, економските резултати, инфраструктурните инвестиции и предизвиците со кои се соочува државата во услови на глобални енергетски и економски неизвесности. […]

„Повод“ – македонски глас од Сиднеј што ја поврзува дијаспората со татковината

Фиданка Танаскова Најновиот, 79. број на списанието на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, Австралија носи богат мозаик од книжевни осврти, културни настани и иселенички сведоштва, во служба на македонскиот јазик, култура и идентитет. Списанието „Повод“, едно од најреномираните македонски иселенички гласила во светот,  што го издава Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, […]

„Т’га за југ“ — песна за секое македонско срце далеку од дома

„Т’га за југ“ од Константин Миладинов е длабоко лична исповед за копнежот по родниот крај. Во неа, далечината се чувствува како студ во душата, а споменот на татковината носи светлина и топлина. Наспроти мракот, маглите и мразовите стојат Охрид, Струга, езерото и родните предели — места во кои поетот чувствува дека припаѓа. Желбата да добие […]

To top