Дијаспора

Значењето на нови државјанства и пасоши на македонските иселеници

janko-tomov

janko-tomov
Јанко ТОМОВ

Значењето на нови државјанства и пасоши на македонските иселеници за стабилноста на РМ

Почесто пати читаме разни коментари  и искажувања према  погрешни или исправни ставови и барања, на истакнати политичари, дипломати и лидери-државници, во врска  со заштита или оспорувања на националните права на нивни граѓани во туѓи држави или на туѓи граѓани во свои држави.Тие обично се промовираат преку нивните медии и интернетот со чувствителни карактери, од животот на  современите  народи и етнички заедници, во Источно- европските држави и Балканскиот Полуостров. Една од нив, по мое мислење е добра за наше Македонско размислување, кое досега го немаме чуено или прочитано,како го третираат други народи,  а кое се совпаѓа со нашите преокупации и напори, во однос на Македонското прашање, како и на правичното прашање на повеке обесправени Европски народи.

Во врска со горното, на 12 Мај 2014, во “Утрински” под наслов: “Виктор Орбан бара автономија за Унгарците во соседните земји”.

Во текстот, се дознава дека, политичарите и владите  на обесправените народи кои се под туги окупации или политички управи, а кои живеат разделено од своите матични држави односно нации, бараат мирољубиви начини за решавање на проблемите, начини сходни со меѓународното право, кое е застапено во ООН, специјално искажано во Општата Декларација за Човековите и национални права од 1948 година и кое на хартија постои во Европската Унија! Повторно избраниот претседател на Унгарија,од 2010 година  Виктор Обран, сега на 12 Мај 2014 година, бара Автономија на Унгарците, кои живеат во свои окупирани или населени околни држави, како во Романија, Словачка, Украина и Србија. “Орбан никогаш не се залагал за обединување на сите “унгарски територии” во една држава, но неговата политика  кон етничките Унгарци во странство, предизвикува  вознемиреност кај владите на некои соседни земји”. За заштитана својот Унгарски народ, во тие соседни земји на Унгарија, “Во 2010 година унгарската влада донесе одлука за доделување на државјанства на Унгарија на сите Унгарци кои живеат во соседните земји”.

Еве уштее ден пример од Источна Европа: Во “Нова Македонија” од 11 Мај 2014 стои наслов: “Лутината на руските “неграѓани” на Летонија”. При тоа се објаснува дека во Летонија живеат Летонци, кои се поголем дел од населението, а  со нив живеат Руси, во слога, кои ги има во малцинство околу 300.000. Иако зборуваат едните на Летонски јазик, а другите на Руски, што тоа никој не го интересирало. Разликата  била во тоа,што Русите во Летонија немале државјанство и со тоа немале право да гласаат на избори. При тоа читаме:

“НаглавниотпазарвоРиганикогонегоинтересирадалиенекојРусинилиЛетонец. ПродавачкатанацвеќеИнетазборувалетонски, нејзинатамуштерикаАлаодговаранаруски. Инетавели: „Какоизлегуваменакраједнисодруги? Нормално. Туканемаништопосебно, зоштоданеможемедасеразберемееднисодруги? Тиесетукароденииизраснати.” Алагопотврдуватоа: „Туканапазарјазикотнеетолкуважен”, поматаму:

“АлаБерезовскаима 50 години. ТаауштекакомалодевојчеодРусијадошлавоРига. СеборелазалетонскатанезависностодСоветскиотсојуз, ноипокрајтоанемалетонскипасош. „Знаете, воовие 20 годиниоднезависностаимашемногунавреди, иакогиподдржавме. Но, тиерекоа: виенестеништо, виестетукастранци. Всушностситениебитребалодапочнемеодпочеток”, сметаАла”.

Политичарите од Република Македонија  и засегнатите Македонски интелектуалци од дијаспората размислуваа по слични решенија, за збринување на своите Македонци, во етничките делови на Македонија и во дијаспората.

Во врска со тоа, органот на владата на Република Македонија: Агенцијата за иселеништво на Македонија, во соработка со Македонските организирани субјекти-организации и нивните пратеници во дијаспората, организираат ПеттагодишнаконференцијанаиселеничкитеорганизациивоРепубликаМакедонија, штоќесеодржина 23 и 24 јули 2014 годинавоСкопјевоамфитеатаротнаМинистерствотозанадворешниработи, воорганизацијанаАгенцијатазаиселеништвонаРепубликаМакедонија. Покрај другите точки од дневниот ред на оваа Конференција е:Државјанствоиизбирачкоправо, каде се очекува поднесување на предлози за масовно вкључување на Македонските Иселеници во добивање Македонски државјанства-пасоши,а и предлози за изнаоѓање на одлуки и споведувања на решенија за формирање на поактивни организации, како организации за Македонскии човекови права, во етничките делови на Македонија во Бугарија, Грција и Албанија, додека тоа прашање е решено поволно во Србија, Хрватска  иСловенија.

Исто така, за постручно и за  поорганизирано делување на терен, во врска со горната цел, имаме вонвладини организации во Р. Македонија, како што е СМК и неговиот огранок за млади Македонци-МСМК за Европа, а вероватно слични ограноци ги има и во Америка, потоа ОМД од САД, со своите огранци по континентите, Интренационалното Македонско движење за човекови права од Америка (MHRMI) и Австралијански Македонски Комитет за човекови права (AMHRC). Сите тие организации од дијаспората, со искључок на поедини, не соработуваат меѓу себе и не го користат официјалниот  Македонски говорен и литературен јазик, во своите состаноци, конференции и јавни настапи, како и во своите информативни списанија, каде носат извесни одлуки и каде спроведуваат соодветни решенија, кои се однесуваат за контакти, соработки и помошт на македонскиот народ во соседните држави на Македонија.

Од друга страна постојат извесен број на Македонски организации, во околните држави на Република Македонија, а и во поедини Европски држави, кои контактираат и редовно  соработуваат со Агенцијата за иселеништво на Република Македонија, користејки го македонскиот јазик и повремено услугите на Македонскотопатриотско  списание “Македонска нација”www.mn.mk

од Република Македонија, при што се постигнува поголем ефект во соработката. Многу интересни теми и предлози можат да се прочитаат на Англијски јазик, во нивните месечни или периодични списанија, на  тие спомнати организации во диаспората, но остануваат неискористени за засегнатите Македонци од Грција, Бугарија и Албанија, едноставно дека не го разбираат или не го говорат англијскиот јазик.

Мислам дека некоја од институциите на владата на републиката, треба да воспостави  служба за преводи на значајни написи и статии од македонски национален и политички карактер, каде би се публикувале во исвесни списанија, како што се интернет списанијата на Агенцијата за иселеништво и списанието “Македонска нација”www.mn.mk

Овој материјал го испраќам на стотици Македонски во светот и на десетици Македонски организации во дијаспората, со цел да поттикнуваат договори за составување и испраќање на свои предлози и програми и да ги презентираат за Петтата годишна Конференција, во организација на Агенцијата за иелеништво. Предлозите, како што спомнав, се  за изнаоѓање на најлесен начин,  за добивање на Македонско државјанство, покрај постојното државјанство, каде што денес живеат Македонци во дијаспората.

Размислувањата на  Унгарскиот  претседателВиктор Орбан, кој бара начини за духовно обединување на Угарскиот народ раселен во околните држави на Унгарија, може да биде пример за  Македонскиот проблем со нашите Македонци во соседните држави и во дијаспората.

Најново од: Дијаспора

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

Македонците во Њујорк го кренаа знамето среде дожд и невреме за 35 години независност

Можат да се обидуваат да нè избришат. Но, и во еден ваков бурен и мрачен ден… ние сме тука. Над сто Македонци и пријатели на Македонија се собраа во срцето на Њујорк, покажувајќи дека љубовта кон татковината е посилна од дождот и невремето. На 26 септември 2026 година, и покрај дождот и силното невреме што […]

Никола Тесла – светски научник чии пронајдоци ја променија модерната цивилизација

Големиот научник Никола Тесла се почитува и слави и во Хрватска и во Србија и во Соединетите Американски Држави и во целиот свет. Тоа го потврдуваат современите проучувачи на ликот и делото на Никола Тесла, кои го нарекуваат “Човекот што го измислил дваесеттиот век“ и “светецот – заштитник на модерниот електрицитет.“ Никола Тесла беше научник, […]

Вратени 16.952 текста објавувани од 2009 до 2026 година на порталот „Македонска нација“

Зачуван е најголемиот дел од богатата архива на порталот — текстовите повторно се достапни за читателите, а со нови материјали продолжуваме да го збогатуваме македонското историско и културно наследство. Во април 2026 година порталот „Македонска нација“ стана недостапен. Не знаеме со сигурност дали стануваше збор за хакерски напад или за друг проблем. За да продолжиме […]

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

To top