Дијаспора

Примена на македонскиот фолклор во мултикултурна, мултиетничка Австралија (1 дел)

folklor1

Јанко ТОМОВ

Поради поголема прегледност за дел од влијанијата на македонската култура, преку богатата ризница на фолклорот и народните песни ќе прикажам дел од активноста на фолклорната група од Нуса, Квинсленд, Австралија. За таа цел ќе ја користам мојата статија од “Грејп Вајн”-Винова Лоза, публикувана на англиски јазик во врска со свечено одбележаната прослава од 20 годишната плодна активност на “Нуса интернационална фолклорна група” на 10 мај 2014 година.

folklor1
Учесниците на 20 годишната прослава во Тимбирва, Нуса, Квинсленд

Свечено прославена 20 годишнината на “Нуса интернационална фолклорна група” во 2014

Во свечено украсената сала на општината Тимбирва, близу Тивонтин и Нуса, во Квинсленд на 10 мај 2014 година од 13-17 часот се одржа прослава за 20 годишнината од основањето на “Нуса интернационална фолклорна група”, во организација и раководство на основачот на групата, инструкторката и кореографка г-ѓа Дени Макензи.

folklor2
Дени Макензи, во средина, отпочна со приказ и обучавање на учесниците, со едно ново оро-танц од својот богат репертуар

Покрај дел од своето членство, како гости, присуствуваа фолклористи од фолклорната група “Мандела” од блиското градче Намбо и поедини пријатели на фолклорот од Бризбен, Нов Јужен Велс и други места. На прославата присуствуваа повеќе од 50 фолклористи. Наизменично, Дени ги одбираше танците и ората, ги обучуваше учесниците и при целосната нивна изведба ги вклучуваше прекрасните песни на различни јазици од народи од Источна Европа и Балканскиот Полуоствров. Во придружба на игрите беше пријатно да се слушаат разновидни национални музички инстументи.

При играњето со големо задоволство инструкторката Макензи даваше можност на своите избрани инструкторки да настапуваат со обука и изведување на свои кореографии кои ги играа сите присутни. Инструктори беа  Лорејн од Нембо “Мандела”, Анита од Бризбен и Аника од Нуса, се` до 17 часот, со пауза на половина време за освежување и закуска со домашни специјалитети, слатки и сенвичи, со чај и кафе, што домаќинките ги зготвиле. Исто така, на свеченоста со соло настап, Ерика изведе “Џипси танц”, а инструкторката, гостинка од Вулонгонг, Нов Јужен Велс, изведе “Скотиш танц”.

folklor3
Во Шкотланџанскиот масовен  танц, играат и  Јанко и Маргарет

Продолжува

Најново од: Дијаспора

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

Македонците во Њујорк го кренаа знамето среде дожд и невреме за 35 години независност

Можат да се обидуваат да нè избришат. Но, и во еден ваков бурен и мрачен ден… ние сме тука. Над сто Македонци и пријатели на Македонија се собраа во срцето на Њујорк, покажувајќи дека љубовта кон татковината е посилна од дождот и невремето. На 26 септември 2026 година, и покрај дождот и силното невреме што […]

Никола Тесла – светски научник чии пронајдоци ја променија модерната цивилизација

Големиот научник Никола Тесла се почитува и слави и во Хрватска и во Србија и во Соединетите Американски Држави и во целиот свет. Тоа го потврдуваат современите проучувачи на ликот и делото на Никола Тесла, кои го нарекуваат “Човекот што го измислил дваесеттиот век“ и “светецот – заштитник на модерниот електрицитет.“ Никола Тесла беше научник, […]

Вратени 16.952 текста објавувани од 2009 до 2026 година на порталот „Македонска нација“

Зачуван е најголемиот дел од богатата архива на порталот — текстовите повторно се достапни за читателите, а со нови материјали продолжуваме да го збогатуваме македонското историско и културно наследство. Во април 2026 година порталот „Македонска нација“ стана недостапен. Не знаеме со сигурност дали стануваше збор за хакерски напад или за друг проблем. За да продолжиме […]

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

To top