Дијаспора

Примена на македонскиот фолклор во мултикултурна, мултиетничка Австралија (2 дел)

Јанко ТОМОВ

Поради поголема прегледност за дел од влијанијата на македонската култура, преку богатата ризница на фолклорот и народните песни ќе прикажам дел од активноста на фолклорната група од Нуса, Квинсленд, Австралија. За таа цел ќе ја користам мојата статија од “Грејп Вајн”-Винова Лоза, публикувана на англиски јазик во врска со свечено одбележаната прослава од 20 годишната плодна активност на “Нуса интернационална фолклорна група” на 10 мај 2014 година.

Свечено прославена 20-та годишнина на “Нуса интернационална фолклорна група” во 2014

Учество на “Нуса интернационална фолклорна група” од Квинсланд, Австралија, на важни свечености и собири

Членот Јанко Томов и инструкторката Дени Макензи

Јанко во своето обраќане за значењето на 20 годишната прослава и за благодарноста кон инструкторката –кореограф Дени Макензи за нејзиниот придонес за фолклорната група на Нуса, се заблагодари од името на сите присутни на свеченоста и притоа и подари букет свежо цвеќе. Поради недостиг на време и скромноста на Дени, познавајќи ја и почитувајќи ја неа, приложувам дел од моето забелешки за оваа позната инструкторка.

За инструкторката г-ѓа Дени Макензи

Дени Макензи, своите први контакти со фолк тенцот – народните ора и игри, ги учи од “Мандела”, фолклорна група од поблиското градче на Саншајн Коаст-Нембо, кое во 2013 година ја прослави својата 30-годишнина од постоењето. Дени Макензи пред 20 години ја оснива “Нуса интернацинална  фоклорна група”. Во втората година од основањето, Дени наставата ја одржуваше во холот на Скаутите, во близина на Нусавил и Тивонтин, сеж до1999- 2000 година кога наставата ја пресели во “Бисентериал хол” во Нуса Џакшн. Часовите на Дени секогаш се интересни и полни со ора, кои се пропратени со народни песни од народите на Источно-европските земји, а посебно од Балканските, меѓу кои се македонски, бугарски, српски, руски, грчки, хрватски, турски, италијански и други народи. Тие се пропратени со карактеристични национални разновидни музички инструменти.

Во однос на кореографијата на оригиналните ора и танци, Дени прикажува рамноправен третман на сите ора од народите во светот. Тоа е одраз на почитување кон нив, бидејќи секое оро и танц има свој шарм и драгоценост, карактеристични на народот од кој доаѓа. Во секоје од нив се карактеризира начин на живеење, на пример, луѓето при работа на своите фарми, кога заеднички извршуваат берби и обработка на земјоделските производи, како и поедини движења од нивните занаетчиства, вклучувајќи и поедини смешни карактеристични движења на своите домашни животни. Со прикажување на  мотивите од секојдневието, преку движења и соодветни песни, сето тоа си има своја цел, се вклучува психофизичка активност на играорецот, за уживање и рекреација после работниот ден или за време на одржување на разни прослави. Тие традиции се наследни и потекнуваат уште од античко време, па сеж до денес.

Дени Макензи, во своето успешно раководење на фолклорната група на Нуса, за 20 години има голем репертуар на ора и танци, би се рекло најмалку неколку стотини од нив и тоа различни, како што спомнав од различни нации. На многу места во Австралија, постојано се одржуваат наставни часови по фолклор (Ворк Шоп), од страна на познати фолклорни инструктори, а тие кои одговараат на времето на Дени, таа ги посетува и од таму го надградува својот фолклорен репертуар. Секој пат Дени учи нови ора и танци и ги усовршува на своите часови со фолклорната група на Нуса, а и на други фолклорни групи каде е поканета.

Охрид, Република Македонија, близу до “Долни Сарај” каде се одржуваат Балканските фолклорни натпревари

Во овие 20 –тина години Дени патува преку океаните, претежно во Источно-европските држави, а најмногу во Балканските, како во Република Бугарија, Република Грција, Турција и Република Македонија. Таа, скоро секоја година е посетител на Балканските фолклорни натпревари, Балканскиот фолклорен фестивал во Охрид, во време кога се одржуваат и семинари во Струга, Лабуништа и други места, а исто така и во блисните држави, како во Бугарија, така и во Грција.

Продолжува

Најново од: Дијаспора

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

Македонците во Њујорк го кренаа знамето среде дожд и невреме за 35 години независност

Можат да се обидуваат да нè избришат. Но, и во еден ваков бурен и мрачен ден… ние сме тука. Над сто Македонци и пријатели на Македонија се собраа во срцето на Њујорк, покажувајќи дека љубовта кон татковината е посилна од дождот и невремето. На 26 септември 2026 година, и покрај дождот и силното невреме што […]

Никола Тесла – светски научник чии пронајдоци ја променија модерната цивилизација

Големиот научник Никола Тесла се почитува и слави и во Хрватска и во Србија и во Соединетите Американски Држави и во целиот свет. Тоа го потврдуваат современите проучувачи на ликот и делото на Никола Тесла, кои го нарекуваат “Човекот што го измислил дваесеттиот век“ и “светецот – заштитник на модерниот електрицитет.“ Никола Тесла беше научник, […]

Вратени 16.952 текста објавувани од 2009 до 2026 година на порталот „Македонска нација“

Зачуван е најголемиот дел од богатата архива на порталот — текстовите повторно се достапни за читателите, а со нови материјали продолжуваме да го збогатуваме македонското историско и културно наследство. Во април 2026 година порталот „Македонска нација“ стана недостапен. Не знаеме со сигурност дали стануваше збор за хакерски напад или за друг проблем. За да продолжиме […]

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

To top