Дијаспора

Мудра нацијa

gordana-dimovska-2

gordana-dimovska-2
Гордана Димовска

Да се стави знаењето во функција, длабоко да се разбираат луѓето, нештата, настаните и ситуациите, тоа е мудроста. Од најстаро време, кај секој народ, во сите религии, мудроста се смета за најголем дар на човештвото, доблест која ја имаат само некои.

За старите Римјани, персонификација на мудроста била божицата Минерва, вешта и полна со знаење и чесност. Поради  способноста да гледа и во темнина, бувот бил симбол по кој се препознавала мудроста. Тој и ден денес го има истото значење. Мудроста исто така зазема посебно место и во Христовото учење. Апостол Павле, во своето прво послание до Коринтјаните, тврдел дека постојат две мудрости: световна и божествена мудрост, и барал од Христијаните да ги извршуваат и двете. Претпазливоста, која е интимно поврзана со мудроста, стана една од четирите кардинални доблести на католицизмот, а Христијанскиот филозоф Тома Аквински смета дека мудроста е мајка на сите добродетелства.

При анализирањата, психолозите се потпираат на народната теорија за мудрост. Според нивната теорија, мудроста се поклопува со интелигеницјата, перцепцијата и духовноста.

Мудроста ја дефинираат како спој на знаење и искуство. Мудрите луѓе се познаваат себеси, тие се директни и искрени со другите и во согласност со своите етички верувања.

Во денешно време, на секој национален празник политичарите и светските лидери упатуваат честитки, но и повикуваат на мудрост и толерантност. Тие велат дека на светот денес му е потребна мудрост. Се добива впечаток  дека мудроста си заминала со времето и дека мудрите луѓе ги нема или никој не ги заприметува. Но македонската нација никогаш не патела од немање на мудри луѓе и дела. Тоа го гледаме во мудроста на македонските владетели, цареви, револуционери, преродбеници, поети, но и во мудроста на обичниот човек. Народот иако во тешки услови на ропства и окупации го сочувал јазикот благодарение на својата мудрост и непокорност. Македонските народни поговорки и гатанки кои и ден денес претставуваат тешкотија да се одгатнат се вистински траен доказ за мудроста што ја поседувал  нашиот човек. Македонија е колевка на цивилизацијата, каде се` е во вистинска големина, и архитектурата и луѓето кои се живи паметници, најефективна демонстрација на своите потомци.

Како лулка на најстарите цивилизации во светот, лулка на писменоста и земја со богата историја го задолжи светот да го почитува нејзиното минато и да и` создаде место кое го заслужува. Факт е дека Христијан­ството во Европа за првпат почнало да се шири токму преку Македонија, во Македонија и меѓу Македонците. Доказ за тоа е Библијата во која многупати се пишува за мисијата на Св. Павле и Лука, токму во Македонија.

Првите европски Христијани што се христијанизирале на тлото на Европа биле Македонци. Македонија ги даде и светите браќа Кирил и Методија, кои денес, во Европа се третирани како ‘сезаштитници на европскиот континент’ и кои го создале првото писмо, го просветија човештвото. Македонија го дала и свети Климент Охридски, човекот за кој се смета дека ја создал кирилицата – писмо на кое денес пишуваат неколку стотици милиони Руси, Укра­инци, Срби, Бугари, Црногорци, Македонци и припадници на други народи.

Над осумдесет светители се етнички Македонци, кои денес се слават во католичките и во православните цркви.

Земја на цареви, земја на великани, па така важно е да се спомене и византискиот цар Јустинијан, кој бил роден во Македонија. А етнички Македонци биле и византиските цареви, припадници на Македонската династија, која владеела со Византија од 9 до 11 век. Уште од вториот век пред Христа Македонците континуирано се наоѓале под ропства.

Во 1913 година Македонија е поделена на четири дела, по што се прават обиди да се збришат историските податоци и да исчезнат Античките Македонци. Македонија секогаш ставена на тест како ќе се соочи со креираните сценарија и притисоци. Но без оглед на странските пропаганди за негирање на Македонија, таа во 1991 ја прогласува својата независност и продолжува да го гради патот како засебна држава.

Како земја со 6000 археолошки наоѓалишта од различни периоди, за чие градење во голем дел зеле учество војниците на Александар Македонски. Интересен е записот на антички писател кој вели: „При првото видување на нивниот омилен генерал, војниците Го поздравија на македонски јазик, заѕвечија сo оружјето и со силни повици Го предизвикаа непријателот да нападне, сметајќи дека тие ce непобедливи додека тој беше на чело“.

Денес Македонците слободно можат да ја пишуваат својата вистинска историја за своите етнички корени и да проговорат за историската и културна величина на својата земја. Мудрите мисли на Филип и Александар, на македонските писатели, просветители и  револуционери, се трајни белези на македонската мудрост од кои треба и ден денес да учиме и преточуваме во дела.

Објавено на Радио Илинден, Мелбурн, на 27 септември, 2012

Најново од: Дијаспора

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

Македонците во Њујорк го кренаа знамето среде дожд и невреме за 35 години независност

Можат да се обидуваат да нè избришат. Но, и во еден ваков бурен и мрачен ден… ние сме тука. Над сто Македонци и пријатели на Македонија се собраа во срцето на Њујорк, покажувајќи дека љубовта кон татковината е посилна од дождот и невремето. На 26 септември 2026 година, и покрај дождот и силното невреме што […]

Никола Тесла – светски научник чии пронајдоци ја променија модерната цивилизација

Големиот научник Никола Тесла се почитува и слави и во Хрватска и во Србија и во Соединетите Американски Држави и во целиот свет. Тоа го потврдуваат современите проучувачи на ликот и делото на Никола Тесла, кои го нарекуваат “Човекот што го измислил дваесеттиот век“ и “светецот – заштитник на модерниот електрицитет.“ Никола Тесла беше научник, […]

Вратени 16.952 текста објавувани од 2009 до 2026 година на порталот „Македонска нација“

Зачуван е најголемиот дел од богатата архива на порталот — текстовите повторно се достапни за читателите, а со нови материјали продолжуваме да го збогатуваме македонското историско и културно наследство. Во април 2026 година порталот „Македонска нација“ стана недостапен. Не знаеме со сигурност дали стануваше збор за хакерски напад или за друг проблем. За да продолжиме […]

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

To top