Дијаспора

Македонската божица на војната Ма претставена на научен сипозиум во Полска

ma3

Royal Europe Third World Press Association

Од 16 до 18 мај о.г. во Гдањск, Полска во организација на факултетите за историски и социолошки науки од Универзитет во Гдањск и Универзитетот Атенеум, се одржа научен симпозиум на тема „Религиски аспекти на војната, на кој како единствен учесник од Македонија беше проф. д-р Наде Проева од универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ од Скопје. На симпозиумот имаше учесници од Англија, Шпанија, Германија, Финска, Естонија, Тајван, Канада, Израел, Италија, Египет, САД, како и од земјата домаќин. Главен организатот беше проф. Никола Секунда, специјалист за воена историја на античка Македонија, кој од неодамна ги води полско-македонските ископувањата во Неготино.

ma3

Проф. Проева имаше реферат за македонската божица на војната Ма која е прикажана на една плочка од варовник во археолошкиот музеј Алард Пирсон (Allard Pierson) во Амстердам.

ma1

Имено, археолошкиот музеј Алард Пирсон (Allard Pierson) во Амстердам од 1934 година поседува две плочки од варовник купени од еден антиквар во 19 век во Луксор (Египет). Со оглед на тоа дека нема податоци за археолошкиот контекст во стручната литература има различни мислења за нивното датирање (II/III век н.е. или пак доцна антика) како и за прикажаните ликови. Плочките се изложени во музејот со објаснување дека станува збор за римски војници – на едната од нив е прикажана машка фигура со двојна секира, но очигледно е дека на другата плочка, иако прилично невешто, прикажан е женски лик (заоблено лице со женска фризура и со ѓердан).

Проф. д-р Наде Проева на втората плочка ја препознава македонската божица на војната Ма, од која досега се најдени три бронзени плочки (една од нив во с. Претор на брегот на Преспанското езеро), како и повеќе од 30 натписи за ослободување на робови преку поставување на божицата Ма, најдени во нејзиниот храм во Едеса (Воден). Согласно на вообичаената практика на античките автори туѓите божества да ги идентификуваат со нивното најсродно божество, оваа македонска божица на војната е идентификувана со божицата Атена и Минерва, кои иако не се војнички божици имаат и војнички белег: едната како заштитничка на атинскиот град-држава Атина, а другата на римскиот народ.

ma2

На монетите ковани во македонските ковници (Амфипол, Пела и други) оваа македонска божица се прикажува во борбен став, исто како и на монетите на Птолемај Први што го поткрепува толкувањето дека на плочката од Луксор е прикажана Ма – македонската божица на војната што е сосема разбирливо со оглед на фактот дека македонската династија на Птолемаидите владееше со Египет цели три века – од смртта на Александар Македонски до потпаѓањето под римска власт во 31 год. ст. н.е.

Меѓународниот аудиториум на научниот сипозиум во Гдањск ги прифати аргументите и издржаните факти од рефератот на проф. Проева со што македонската божица на војната Ма добива уште една верификација во научните кругови на меѓународен план.

Гоце Г. Дуртаноски

Најново од: Дијаспора

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

Македонците во Њујорк го кренаа знамето среде дожд и невреме за 35 години независност

Можат да се обидуваат да нè избришат. Но, и во еден ваков бурен и мрачен ден… ние сме тука. Над сто Македонци и пријатели на Македонија се собраа во срцето на Њујорк, покажувајќи дека љубовта кон татковината е посилна од дождот и невремето. На 26 септември 2026 година, и покрај дождот и силното невреме што […]

Никола Тесла – светски научник чии пронајдоци ја променија модерната цивилизација

Големиот научник Никола Тесла се почитува и слави и во Хрватска и во Србија и во Соединетите Американски Држави и во целиот свет. Тоа го потврдуваат современите проучувачи на ликот и делото на Никола Тесла, кои го нарекуваат “Човекот што го измислил дваесеттиот век“ и “светецот – заштитник на модерниот електрицитет.“ Никола Тесла беше научник, […]

Вратени 16.952 текста објавувани од 2009 до 2026 година на порталот „Македонска нација“

Зачуван е најголемиот дел од богатата архива на порталот — текстовите повторно се достапни за читателите, а со нови материјали продолжуваме да го збогатуваме македонското историско и културно наследство. Во април 2026 година порталот „Македонска нација“ стана недостапен. Не знаеме со сигурност дали стануваше збор за хакерски напад или за друг проблем. За да продолжиме […]

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

To top