Дијаспора

Примена на македонскиот фолклор во мултикултурна, мултиетничка Австралија (4 дел)

nusa1

Јанко ТОМОВ

Поради поголема прегледност за дел од влијанијата на македонската култура, преку богатата ризница на фолклорот и народните песни ќе прикажам дел од активноста на фолклорната група од Нуса, Квинсленд, Австралија. За таа цел ќе ја користам мојата статија од “Грејп Вајн”-Винова Лоза, публикувана на англиски јазик во врска со свечено одбележаната прослава од 20 годишната плодна активност на “Нуса интернационална фолклорна група” на 10 мај 2014 година.

Свечено прославена 20-та годишнина на “Нуса интернационална фолклорна група” во 2014

nusa1
Дел од свеченоста од 15  годишнината од основањето на Нуса фолклорна група, 5 април 2009 година

Фолклорот во мултиетничкото и мултикултурно австралиско општество

Преставници на дел од мултикултурното општество во Австралија кои  рекреативно се занимаваат со фолклор вклучувајќи ја и стручната настава за изучување на фоклорни танци со кореографија, го надградуваат и афирмираат овој културен дел на современиот човек, со што се  развива “Вселенското братство меѓу народите”. Тие фолклористи, кои пак, покрај своето задоволство со играњето, организирано учествуваат и настапуваат на разни свечености во места каде што живеат, со што ги промовираат фолклорните игри, тнци и песни .

Од хуманитарна гледна точка, постојат повремени  настапи или мали концерти на овие групи, во кои спаѓа и Интернационалната фолклорна група од Нуса, Квинсланд, со посета на старечки домови.

Обично еднаш во годината се одржуваат саеми, како во Калбурча, Квинсланд, каде се прикажуваат постигнувања во земјоделството со земјоделски производи, домашни сточни производи, нови производи од индустријата и сл., каде понекогаш настапува фолклорната група на Нуса. Честопати во близината на Саншајн Коаст, Бризбен или во Намбо и на други места, истата група настапува со неколку ора и танци, на училишни прослави и слични свечености.

Јас со мојата сопруга Маргарет, која е директор на едно училиште во Бризбен, во последните две прослави на оваа фолклорна група, учествуваме во истата сала на Тимбирва. Посебно со задоволство учествуваме на слични прослави на фолклорните групи, кои се одржуваат на секои 6 месеци во организација на Нуса  фолклорната група, во Тимбирва холот и потоа наредни 6 месеци во Нембо, кога свеченоста ја одржува фолклорната група “Мандела”. Во последните 10 години со членството на фолклорната група на Нуса, заеднички го прославуваме дочекот на божикните празници.

nusa2
Бети и 90 годишната Џин со роденденската торта и букет цвеќе на 20 годишната прославата на фолклорната група од Нуса

До минатата година во Бризбен се одржуваше најголема мултикултурна свеченост, близу до центарот на градот, во пределот наречен “Рома Стрит”, над самата жележничка станица. На оваа мултикултурна манифестација учествуваа неколку  стотици  фолклористи од многу националности во Квинсланд, со своите фолклорни групи и клубови. На неколку бини, на отворено и во 2 големи шатори кои собираа и по 500 гледачи, по завршување на настапите на националните групи, се случуваа невидени спектакли на фолклорните игри. Кој од кој по необичен и поинтересн за гледачите.

Едни од најголемите ора во големиот шатор, на неколку настапи ги водеше познат македонски кореограф и фолклорист од Сиднеј, Јорго Капорис, на кои учествуваа фолклористите на Дени Макензи и фолклористи од други фолклорни групи од Квинсланд. Јорго всушност е кореограф и инструктор, на македонската играорна-фолклорна група “Душа Балканска”, која е составена од Македонци, Срби, Бугари, Грци… Исто така Јорго е лидер на фолклорната група “Балкански Бус”, во која има музиканти: Австралијанец на тамбура, Македонец на гитара, Грк на гајда, Грк на тапан и Австралијанец на кларинет. На маиците на Јорго е испишано: “Играј Оро” на латиница и скица на играорец.

nusa3
Македонски инструктор Јорго Капорис обучува македонски ора на Мултиетничкиот и мултикултурен фестивал во “Рома Стрит”, Бризбен, Квинсланд, 2005 година

Капорис неколку пати има организирано концерти и фестивали во Саншајн Коаст, Нембо, а најголемиот досегашен фолклорен фестивал наречен “Македонски фолклорни танци”, го одржа во Малени, Северозападно од Бризбен, во мај 2012 година. На овој фестивал прусаствувавме со сопругата Маргарет, заедно со Дени Макензи и некои наши членови од Нуса.  Во организација на Јорго, заедно Линзи Полак, љубител на македонски песни и ора и изведувач на гајда, се одржа незаборавен, спектакуларен фолклорен фестивал. На овој фестивал Линзи Полак учествуваше со 23 музичари на  различни инструменти. Карактеристично за овој фолклорен фестивал беше големиот интерест на локалното население на Малени и околните места, каде околу 400 учесници учествуваа во танцовите и со умешност ги учеа движењата, играјќи со големо задоволство. Во Малени скоро сите учесници беа Австралијанци, за разлика од фестивалите во Бризбен, каде мнозинството беа нови емигранти од сите континенти во светот.

П р о д о л ж у в а

Најново од: Дијаспора

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

Македонците во Њујорк го кренаа знамето среде дожд и невреме за 35 години независност

Можат да се обидуваат да нè избришат. Но, и во еден ваков бурен и мрачен ден… ние сме тука. Над сто Македонци и пријатели на Македонија се собраа во срцето на Њујорк, покажувајќи дека љубовта кон татковината е посилна од дождот и невремето. На 26 септември 2026 година, и покрај дождот и силното невреме што […]

Никола Тесла – светски научник чии пронајдоци ја променија модерната цивилизација

Големиот научник Никола Тесла се почитува и слави и во Хрватска и во Србија и во Соединетите Американски Држави и во целиот свет. Тоа го потврдуваат современите проучувачи на ликот и делото на Никола Тесла, кои го нарекуваат “Човекот што го измислил дваесеттиот век“ и “светецот – заштитник на модерниот електрицитет.“ Никола Тесла беше научник, […]

Вратени 16.952 текста објавувани од 2009 до 2026 година на порталот „Македонска нација“

Зачуван е најголемиот дел од богатата архива на порталот — текстовите повторно се достапни за читателите, а со нови материјали продолжуваме да го збогатуваме македонското историско и културно наследство. Во април 2026 година порталот „Македонска нација“ стана недостапен. Не знаеме со сигурност дали стануваше збор за хакерски напад или за друг проблем. За да продолжиме […]

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

To top