Дијаспора

Градоначалникот на Монтес ла Жоли со посебна благодарница за Сурловска

suze2

Сузана Сурловска која подолго време живее во Франција преставува пример за успех. Како претседател на француско македонската асоцијација “Блаже Коневски“ помога во културната размена меѓу Франција и Македонија. За својата повеќегодишна активност на полето на афирмација на Република Македонија таа доби благодарница од градоначалникот на Монтес ла Жоли ( Mantes-la Jolie), Мишел Виали (Michel VIALAY).

suze2

Градоначалникот на Мантес ла Жоли со посебна благодарница од 6 јуни 2014 година, во писмена форма ги наведува поединечните активности на претседателот на  Француско-македонска асоцијација „Блаже Конески“, Сузана Сурловска. Во неа градоначалникот Мишел Виали со огромно задоволство го истакнува нејзиното ангажирање во заедницата и вели:

„ Имам големо задоволство да Ви се заблагодарам за сите активности кои се спроведуваат во нашата општина.

Навистина, многу сте присутни во животот на градот,  особено сте вклучени во асоцијативниот живот на Мант ( Mantais) во три клучни области  “да се живее добро заедно”, за што посебно сте  ценети на нашата заедница.

Во областа на културата и образованието, прво, преку асоцијацијата  “Блаже Конески“ на која и сте претседател, им овозможувате на младите Македонци  во нашиот регион да научат или да ја откријат културата, фолклорот и јазикот на земјата од каде потекнуваат нивните родители, што е дел од процесот на интеграција во нашата земја, вклучувајќи го тука и вашето присуство на годишните состаноци “спортот и културата”  за време на Изложбениот Саем во Мант ла Жоли (Mantes-la Jolie), секоја година како град  домаќин.

Во хуманитарни цели, исто така, важно е вашето учество на Телетон, и придонесот во осетливиот хуманитарен домен.

Благодарност и на  вашата  поддршка, исто така, за развој на интергенерациски односи, која преку вашите акции како Генерален секретар на асоцијацијата “Еден покрив за вас“, промовира грижа и сместување на студенти кај постари лица, кои имаат потреба од сместување во близина на Институтот за технологија  L’ IUT Mantes En Yvelines.

Исто така,  за сите овие акции, сакам да ви честитам топло и искрено во име на сите од Мант.

Ви  ја  искажуваме нашата благодарност, и ве молиме да верувате, Госпоѓо,  на нашите  најдобри желби.“

Инаку, како дел од активностите на македонската асоцијација, Сузана Сурловска секоја сабота наутро, држи курсеви по два часа на кои преку практични вежби на децата им ја открива култура, фолклорот и јазикот на земјата од каде потекнуваат нивните родители. Така децата ги прошируваат своите хоризонти, стануваат побогати со знаење кое ги прави блгородни и стануваат способни да се интегрираат во заедницата. Истовремено тие го збогатуваат својот речник и го сочувуваат македонскиот јазик од заборавот.

Магијата на нејзината работа е во тоа што таа прави тие да можат да се разбере едни со други на нивниот мајчин јазик, и тоа е вистински предизвик за комуникација и меѓусебна размена.

Сузана Сурловска, мајка на две деца, која доаѓа во Франција во 2001 година, почнала да работи како асистент во средно образование, што не било секогаш е лесно. Денес таа е мошне активна и станува пример за успешна жена. Освен што работи во Канцеларјата за информации за младите, таа пишува книги за деца од училишна возраст за македонскиот свет, за неговата култура и работи на разни други проекти.  А токму зборот „размена“ на културното богаство е клучот за разбивање на стереотипите и успешна интеграција во општеството, што истовремено пак придонесува и за афирмација на Република Македонија.

suze1

Најново од: Дијаспора

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

Македонците во Њујорк го кренаа знамето среде дожд и невреме за 35 години независност

Можат да се обидуваат да нè избришат. Но, и во еден ваков бурен и мрачен ден… ние сме тука. Над сто Македонци и пријатели на Македонија се собраа во срцето на Њујорк, покажувајќи дека љубовта кон татковината е посилна од дождот и невремето. На 26 септември 2026 година, и покрај дождот и силното невреме што […]

Никола Тесла – светски научник чии пронајдоци ја променија модерната цивилизација

Големиот научник Никола Тесла се почитува и слави и во Хрватска и во Србија и во Соединетите Американски Држави и во целиот свет. Тоа го потврдуваат современите проучувачи на ликот и делото на Никола Тесла, кои го нарекуваат “Човекот што го измислил дваесеттиот век“ и “светецот – заштитник на модерниот електрицитет.“ Никола Тесла беше научник, […]

Вратени 16.952 текста објавувани од 2009 до 2026 година на порталот „Македонска нација“

Зачуван е најголемиот дел од богатата архива на порталот — текстовите повторно се достапни за читателите, а со нови материјали продолжуваме да го збогатуваме македонското историско и културно наследство. Во април 2026 година порталот „Македонска нација“ стана недостапен. Не знаеме со сигурност дали стануваше збор за хакерски напад или за друг проблем. За да продолжиме […]

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

To top