Дијаспора

Античката историја на Македонија и Балканот во делата на западните автори (3 дел)

anticka-istorija-janko-tomov

(од фалсификати до коректно презентирање)

Пишува: Јанко ТОМОВ

anticka-istorija-janko-tomov

Пишувања во врска со историјата

За античките Македонци се знае дека биле засебен народ, главно создаден од мешањето на старите домородни племиња, кои живееле на територијата на Македонија. Денешната грчка пропа­ганда се труди да  докаже пред светот дека античките Македонци би­ле “Грци”, се` со цел да ја оправда својата окупација на дел од Маке­донија, која се случи во 1913 година и трае до денес. Меѓутоа, исто­риската вистина и фактите зборуваат дека античките Маке­донци не биле никакви Грци, иако оваа вистина не е секогаш коректно презентирана во литературата.

Презентирањето на грешките и фалсификатите во врска со оваа вистина ќе го почнеме со книгата „Историјата на античка Грција“ од Натаниел Харис (History of Ancient Greece), објавена во Велика Британија (2000 година, ИСБН: 07535 0546). На стр. 6 од оваа книга читаме:

„Античките Грци биле први во историјата кои изгледа дека зборувале совршено и слободно“. (На англиски: „The Ancient Greeks are the first people in history who seem to speak to us fully and free“).

Понатаму, во истата книга, читаме:

„Раните Грци ги знаеме околу Бронзовата епоха како воини Микенци кои ја научиле својата уметност и вештина од соседните цивилизации на Крит“ (На англиски: „The earliest Greeks we know about were Bronze Age warriors, the Mycenaeans, who learned their arts and skills from the neighbouring civilization of Crete“).

Како коментар на ваквите тврдења ќе кажеме дека е добро познато оти имало и постари народи од Грците кои зборувале “совршено и слободно”. Овде се, на пример, Египјаните, Критјаните и други. Секако дека овде се и Македонците, според некои откритија од поново време за древната македонска писменост (што ќе ги спомнене во продолжение).

Што се однесува до населението на Крит (Критјаните) добро се знае дека тие не биле никакви Грци (иако до не така одамна постоеше прогрчка теорија според која древните Критјани биле “Грци”). За прв пат Крит влезе во границите на Грција дури во 1913 година, а пред тоа Крит никогаш не бил грчки.

Освен тоа, Грците дошле на Балканот дури во Бронзовата епоха на Балканот, кој тогаш се нарекувал Мореа (стар македонски збор, што значи земја на многу мориња). Кога дошле Грците од Африка, на Балканот веќе имало високо развиена цивилизација, која тие ја примиле, а подоцна и ја присвоиле, претставувајќи ја како “грчка”. Оттаму, воопшто не е коректно кога некои современи учени се повикуваат само на Грците од овој период, при што ги запоставуваат другите тогашни балкански народи и цивилизации. Грците биле малцинство во однос на домородните народи, па попрво тие ја прифатиле нивната култура, отколку домо­родните народи грчката.

Практично авторот Натаниел Харис уште во самиот вовед на книгата доаѓа во судир со историската вистина, кога без основа тврди дека  “античка Грција” (иако таква држава никогаш не постоела) била “темел на европската цивилизација”.

Дел од современите научници и историчари постепено се ослободуваат од заблудите на своите постари колеги и со помош на новите наоди и новото интерпре­тирање на досега познатите податоци, дока­жуваат дека имало и други бројни народи од кои Грците примале културни сегменти, кои подоцна ги прика­жувале како “грчки”. Ова подоцна, било уште поинтензивно валори­зирано со воспоставувањето на современата грчка држава во 20-те години на 19 век. Тогаш странските автори почнуваат да го прифаќаат грчкото искривување на историјата, па се создаваат низа небулозни термини како што се: “античка Грција” (иако таква држава никогаш не постоела), “Грчки Полу­остров” (наместо Балкански Полуостров), “грчко писмо” (иако се знае дека тоа писмо било феникиско), “Грчка митологија” (иако оваа митологија припаѓала на сите балкански народи и пошироко) и сл.

Тенденциозноста во книгата на Харис се гледа и во неговиот заклучок дека походот на Александар Македонски во Азија бил “грчко-македонска експе­диција” (на англиски: “Greco-Macedonian expedition”).

Во врска со ова ќе кажеме дека е точно оти во војската на Александар имало и голем број Грци, но нечесно е тие да се пишуваат пред Македонците затоа што Грците во оваа војска биле малцинство во однос на Македонците, а вака испаѓа дека тие биле пред Маке­донците, иако ова може да се протолкува и дека Македонците биле “Грци”, т.е. “Грко-Македонци”.

Во војската на Александар имало и бројни Тра­кијци, Илири па дури и Евреи. Од друга страна познато е дека на страната на Персија против Македонската војска се бореле десетици илјади Грци, но Харис не ја нарекува Персиската војска како “грко-персиска”, туку тоа тенденциозно го прави само кога е во прашање маке­донската. Познато е и дека за време на походот на Александар во грчките градови-држави што биле под македонска окупација имало постојано немири и негодувања против македонската власт.

Продолжува

Најново од: Дијаспора

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

Македонците во Њујорк го кренаа знамето среде дожд и невреме за 35 години независност

Можат да се обидуваат да нè избришат. Но, и во еден ваков бурен и мрачен ден… ние сме тука. Над сто Македонци и пријатели на Македонија се собраа во срцето на Њујорк, покажувајќи дека љубовта кон татковината е посилна од дождот и невремето. На 26 септември 2026 година, и покрај дождот и силното невреме што […]

Никола Тесла – светски научник чии пронајдоци ја променија модерната цивилизација

Големиот научник Никола Тесла се почитува и слави и во Хрватска и во Србија и во Соединетите Американски Држави и во целиот свет. Тоа го потврдуваат современите проучувачи на ликот и делото на Никола Тесла, кои го нарекуваат “Човекот што го измислил дваесеттиот век“ и “светецот – заштитник на модерниот електрицитет.“ Никола Тесла беше научник, […]

Вратени 16.952 текста објавувани од 2009 до 2026 година на порталот „Македонска нација“

Зачуван е најголемиот дел од богатата архива на порталот — текстовите повторно се достапни за читателите, а со нови материјали продолжуваме да го збогатуваме македонското историско и културно наследство. Во април 2026 година порталот „Македонска нација“ стана недостапен. Не знаеме со сигурност дали стануваше збор за хакерски напад или за друг проблем. За да продолжиме […]

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

To top