Дијаспора

СЕРГИЈА СЕКУЛОСКИ – Македонски активисти кои не треба да се заборават

sergija-sekuloski

Иван Трпоски

sergija-sekuloskiСергија е роден на 7-ми октомври 1933 година во село Волино, Охридско, Македонија. Тој е прво од петте деца (Ѓорѓи, Благуна, Ристо и Богоја) на Санта и Вангел Секулоски. Роден е во време кога во Македонија владееше големо-српската хегемонија и во  многу сиромашно семејство. Основно училиште завршил во родното село, мала матура во Белчишта, а за да го продолжи школувањето, тој на млади години ќе отпатува во Белград. Таму, во тогашната југо-престолнина, ќе одработи десетина години како градежен работник и ќе се збогати со национално, патриотско чувство. По враќањето во Волино, Сергија неможејќи да го поднесе туторството на селските власти ќе застане во одбрана на своите соселани. За прв пат тој ќе биде притворен од општинските властиво 1952 година при организирање на верски василичарски прослави. Потоа ќе следува притворање поради отпорот кон насилно спроведената меринизација на селското сточарство. Сергија ќе ги организира младинците за враќање на насилно узрпираните младински дом и селско земјиште, одземени од Земјоделскиот комбинат „Струшко Поле“ поради ликвидација на Земјоделската задруга „Победа“ од село Волино, без да се осудат сторителите на тој криминален акт. Тој, во 1966 година, со тогашниот претседател на младинскиот актив ќе го спречат трактористот Ќире Далчески, кој по наредба на претседателот на Земјоделската задруга, а негов зет за сестра, требаше да го изора селското фудбалско игралиште во месноста „Ѓоргов Мост“. За било каков прекршок во селото, тој прв ќе беше приведен од органите на УДБ-а на испитување. Не можејќи да го издржи секојдневниот притисок од страна на селските и гратски власти, Сергија на 17-ти септември 1966 година, ќе им рече збогум на своето родно Волино, Охрид и Македонија и ќе се досели во гратчето Грингила – 100 км на југ од Сиднеј, во Австралија. Разделбата со Македонија и со најмилите роднини и пријатели, особено со сопругата Даница Кајмакоска ќе ја доживее мошне трогателно.

По доаѓањето во Австралија, Сергија ќе се вработи во најголемата австралиска ливница „Стилворк“ во Порт Кембла каде ќе остане се` до неговото пензионирање. Неговиот дух нема да остане мирен ни во оваа далечна прекуокеанска земја. Најпрво во 1968 година ќе се зачлени во Либералната партија, на која 1981 година ќе основа нејзина подружница во населбата Конистон, на која ќе и остане верен цели 35 години. Во најкритичните моменти, кога УДБ-а на Тито ги линчува рушителите на Југо-федерацијата, Сергија во 1971 година ќе се зачлени во екстремната македонска партија ДООМ и преку нејзиниот водач Благоја Шамбевски ќе го добива списанието „Македонска нација“. Потоа тој ќе се вклучи во црковниот живот на црквата „Свети Димитрија Солунски“ во Волонгонг во 1972 година, во која ќе има чест да биде избиран во нејзиниот одбор: за секретар осум години, за претседател една година и за потпретседател четири години. Ваквиве раководни места во оваа црковна општина не можеше секој да ги добие, зашто избраните членови во одборот земаа заклетва за чесно работење со бакнување на кама и пиштол поставени на библиска книга. Како чесен и почитуван Сергија ќе биде делегиран за учесник на Црковнта конференција која се одржа во 1983-та година во црквата „Св. Ѓорѓи“ во Мелбурн. Вредно е да напоменеме дека Сергија ќе биде иницијатор за отворање на првото македонско училиште во населбата Грингила во 1972 година, додека во 1973 година ќе биде организатор за фрлање на светиот крст во морските води на Богојавленскиот празник во Волонгонг. Во 1979 година Сергија ќе го формира друштвото „Охридски јубилеј“, кое пет години ќе ги одржува прославите посветени на ослободувањето на градот Охрид – 7-ми ноември. Идеата на Сергија за збратимување на Волонгонг со Охрид беше остварена на 7-ми ноември 1981 година, кога неколку члена делегација отпатува во Охрид и на 27-ми јануари 1982 година кога во Волонгонг допатува делегација од Охрид. Од непознати причини тогашниот југо-генерален конзул Петар Бошковски ќе му го одземе збратимувањето на Сергија и ќе им го предаде на некои негови послушници. По овој гнасен чин Сергија со погрдни транспаренти ќе протестира пред југо-конзулатот во Сиднеј. Тој, со група патриоти од Волонгонг ќе го организираат и Првиот македонски протест пред грчката амбасада во Канбера на 1-ви август 1986 година, по кој ќе следуваат уште педесетина такви протести низ цела Австралија. Поради организацијата на културните настани и членството во Либералната партија, на 15-ти декември 1980 година на Сергија широко ќе му ги отворат вратите во Премиерскиот кабинет во Канбера, кој на тогашниот премиер на Австралија Малколм Фрајзер ќе му подари резбана кутија со македонски релјефи. Сергија ќе настапи со свое излагање и на Конференцијата одржана во Хрватскиот клуб во Панчбол, Сиднеј, во 1989 година, против одлуката на австралиската влада која му издаде виза на злогласниот четнички водач Војислав Шешељ за влез во Австралија. Во 1980 година тој ќе се зачлени во Ф.К „Грингилски лавови“ и со управата ќе оргинизираат  Грингилско срецело, кое традиционално ќе се одржува за време на сите поважни верски празници. Многу е важно да се забележи дека тој со група Македонци ќе ја регистрираат добиената парцела во месноста Порт Кембла Гренч за Македонско гробиште. Тој, преку братучед му Спасе ќе соработува и со најпознатиот македонски дисидент Драган Богдановски, на кого за регистрирање на партијата ВМРО-ДПМНЕ ќе му испрати завидна парична сума. Исто така тој ќе биде избран во управата на основачкиот задграничен одбор на ВМРО-ДПМНЕ за Нов Јужен Велс во 1991 година.                                                                                                                Сергија како Македонец и патриот е мошне познат во македонската заедница ширум Австралија. Не се знае точниот број на оние на кои им подал рака да престојуваат во неговиот дом, на оние кои ги вработил во ливницата во „Стилворк“ и на оние кои ги испратил на работа во рудниците во Западна Австралија.

Последите години од својот живот Сергија ги минува во својот дом, придружен од неговото семејство: сопругата Даница, синовите Самоил и Јане, снаите Даниела и Џекии внучињата Анастасија, Моника, Викторија, Џемс и Шанел.

Најново од: Дијаспора

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

Македонците во Њујорк го кренаа знамето среде дожд и невреме за 35 години независност

Можат да се обидуваат да нè избришат. Но, и во еден ваков бурен и мрачен ден… ние сме тука. Над сто Македонци и пријатели на Македонија се собраа во срцето на Њујорк, покажувајќи дека љубовта кон татковината е посилна од дождот и невремето. На 26 септември 2026 година, и покрај дождот и силното невреме што […]

Никола Тесла – светски научник чии пронајдоци ја променија модерната цивилизација

Големиот научник Никола Тесла се почитува и слави и во Хрватска и во Србија и во Соединетите Американски Држави и во целиот свет. Тоа го потврдуваат современите проучувачи на ликот и делото на Никола Тесла, кои го нарекуваат “Човекот што го измислил дваесеттиот век“ и “светецот – заштитник на модерниот електрицитет.“ Никола Тесла беше научник, […]

Вратени 16.952 текста објавувани од 2009 до 2026 година на порталот „Македонска нација“

Зачуван е најголемиот дел од богатата архива на порталот — текстовите повторно се достапни за читателите, а со нови материјали продолжуваме да го збогатуваме македонското историско и културно наследство. Во април 2026 година порталот „Македонска нација“ стана недостапен. Не знаеме со сигурност дали стануваше збор за хакерски напад или за друг проблем. За да продолжиме […]

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

To top