Дијаспора

Античката историја на Македонија и Балканот во делата на западните автори (5 дел)

anticka-istorija-janko-tomov

(од фалсификати до коректно презентирање)

Пишува: Јанко ТОМОВ

anticka-istorija-janko-tomov

Пишувања во врска со историјата

Несоодветна употреба на терминот “грчка земја” среќаваме и во книгата на Шон Шехан (Sean Shеаhаn), цит. дело.

На стр. 72 исто така пишува дека околу 6000 година имало населено “заедници на грчката земја”.

Овде  практично е напишана речиси истата реченица од книгата на Мекдоналд со што се потврдува она што го напишавме во уводниот дел, а тоа е дека мнозина историчари само некритички ги препишуваат и превземаат податоците едни од други, без да водат сметка дали се тие исправни или не.

          На стр. 35 (но и на други места) авторот Шехан, мислејќи на периодот на антиката, ја споменува “историјата на Грција”, иако рековме дека таква држава во антиката никогаш не постоела. Тој вели дека класичниот период во оваа историја почнал од победата на Грците над Персија (во 480 година пред Христа), а завршил со смртта на Александар Македонски (во 323 година пред Христа).

Шехан не е единствениот автор кој историјата на античка Македонија ја сместува во рамките на историјата на Грција. Овде малку ќе се оддалечиме код темата за да изнесеме докази врз основа на кои јасно се гледа дека античките Македонци не биле никакви Грци, се` со цел да го побиеме ваквото тврдење на Шехан и на нему сличните автори. Воедно ќе презентираме и неколку коректни претставувања на историјата на античка Македонија од страна на современи западни автори.

Во книгата “Времето на боговите цареви” (“The Age of  God-Kings”) во издание на Time-Life Books (цит. дело) исто така е спомната “Грција” во периодот на раната антика, кога таа воопшто не постоела како држава.

Овде читаме дека островот Крит бил населен во седмиот милениум пред Христа и дека, според една античка легенда,  постојано “силен ветер често дувал од север од Грција кон Крит”.

Лагата овде е во тоа што во античката митологија воопшто не бил познат терминот “Грција” (види подетално кај Александар Донски: “The Descendants of Alexander the Great of Macedon”, Stip/Sydney 2004). Оттаму, никако не можело во оваа античка легенда да се спомнува “Грција” затоа што творците на овие легенди никогаш во животот немале слушнато за таква држава. Тенденцијата и овде е очигледна, а тоа е да се претстави Грција како “многу стара земја”.

Грција е спомната и на стр. 104 од оваа книга. Пишувајќи за Миноанците  и за нивното населување на Балканот тој пишува:

“Миноанците формирале колонии низ Кикладите, вклучително и островите Тера, Мелос и Хиос, но се вкорениле и на грчкото копно”.

И овде се гледа истата тенденциозност на овој автор, кога ја споменува “Грција” во време кога немало ни помен од нејзиното име.

Авторот и натаму ја спомнува Грција, па вели:

“Луѓето од грчкото копно биле земјопоседници и затоа не претставувале воена закана за островите”.

Практично и овде е направен фалсификат со спомну¬вањето на “грчкото копно” во време кога таков назив не постоел.

П р о д о л ж у в а

Најново од: Дијаспора

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

Македонците во Њујорк го кренаа знамето среде дожд и невреме за 35 години независност

Можат да се обидуваат да нè избришат. Но, и во еден ваков бурен и мрачен ден… ние сме тука. Над сто Македонци и пријатели на Македонија се собраа во срцето на Њујорк, покажувајќи дека љубовта кон татковината е посилна од дождот и невремето. На 26 септември 2026 година, и покрај дождот и силното невреме што […]

Никола Тесла – светски научник чии пронајдоци ја променија модерната цивилизација

Големиот научник Никола Тесла се почитува и слави и во Хрватска и во Србија и во Соединетите Американски Држави и во целиот свет. Тоа го потврдуваат современите проучувачи на ликот и делото на Никола Тесла, кои го нарекуваат “Човекот што го измислил дваесеттиот век“ и “светецот – заштитник на модерниот електрицитет.“ Никола Тесла беше научник, […]

Вратени 16.952 текста објавувани од 2009 до 2026 година на порталот „Македонска нација“

Зачуван е најголемиот дел од богатата архива на порталот — текстовите повторно се достапни за читателите, а со нови материјали продолжуваме да го збогатуваме македонското историско и културно наследство. Во април 2026 година порталот „Македонска нација“ стана недостапен. Не знаеме со сигурност дали стануваше збор за хакерски напад или за друг проблем. За да продолжиме […]

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

To top