Дијаспора

Од патувањата низ Бугарија (7)

slave-katin

slave-katin
СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ-КАТИН

ДЕЛ ОД КНИГАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА” ОД СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ-КАТИН
ВИСТИНАТА ЗА МАКЕДОНЦИТЕ ВО БУГАРИЈА

ОД ПЕТРИЧ ДО СТРУМИЦА

Се движевме по главната улица којашто Петрич го дели на два дела и ја гледавме и се восхитувавме на оваа убава македонска населба, која со високите костенови, јаворови, дабови и букови стебла уште во XVII век оставила силен впечаток на патеписецот Евлија Челебија.

Инаку, за Петрич педантните аналитичари запишале дека во 1956 година броел 16.401 жител, од кои речиси ¾ биле Македонци, а 4.493 Бугари. Истата година бројот на населението во петричките села изнесувал 31.983 жители, од кои 28.695 се изјасниле како Македонци, а 2.841 се изјасниле како Бугари и незначителен број други народности. Всушност, 1956 година беше последната година кога Македонците во Пиринска Македонија можеле слободно да го изразат своето национално чувство и да се изјаснат како припадници на малцинската нација.

Исто така, бевме информирани дека Петрич, во кој живеат околу 30.000 жители, е стара населба и датира од многу одамна. Во римско време се викала Петра, а во неа живееле антички Македонци. Во времето на турското владеење во Македонија, во Петрич се доселиле голем број Турци, кои во еден период биле и побројни од Македонците. Меѓутоа, во почетокот на минатиот век протерувањето на Турците во Турција во 1912 година и со доселувањето на македонското население од Кукуш, Беломорска Македонија, се случиле големи преселнички движења во полза на македонското население.

На петнаесетина километри западно од Петрич, во непосредна близина на Струмешница, што името го добила по реката, се наоѓа месноста Клуч. Тука, непосредно до патот, на десниот брег на реката се пронајдени остатоци од тврдина. Токму на тие простори, во 1014 година се одиграла најстрашната крвава битка меѓу македонскиот цар Самуил, кој го посеал македонското семе и ја формирал Охридската архиепископија, и византискиот цар Македонецот Василиј Втори. Војската на Василиј Втори за одмазда им ги ископала очите на Самуиловите војници, а на секој стоти војник му оставиле по едно око за да ги поведе своите ранети другари кај царот во Преспа и во Охрид. Кога Самуил ја видел страшната трагедија од болка починал.

Го напуштивме граничниот премин и се упативме кон селата Ново Коњарево и Ново Село, а потоа кон Струмица, оставајќи ја зад себе Пиринска Македонија, во која за време на културната автономија работеле 93 учители со повеќе од 35 илјади македонски деца, кои го изучувале македонскиот литературен јазик и ги развивале своите културни и национални традиции. Тогаш во пиринскиот дел на Македонија имало библиотеки исполнети со литература од македонски, бугарски и светски автори. Тогаш македонскиот народ ја имаше таа среќа да ја почувствува магијата на пишаниот збор на својот мајчин македонски јазик. Во тој период, во овој дел на Бугарија имало и македонски театар, со цел Македонецот културно да се издигнува, заборавајќи ги мрачните фашистички години кои му нанеле и физичка и духовна болка.

Меѓутоа, по резолуцијата на Информбирото, настапил пресврт во бугарската политика во однос на тогашна Југославија, а во тие рамки и во однос на македонското прашање. Така, дошло до укинување на училиштата и другите институции на македонски јазик и до протерување на учителите и на другите културни работници во НР Македонија. Потоа, настапил период на фалсификување на сѐ што е македонско. И денес, за жал, се вршат опструкции и негирање врз македонското население. Дали новите демократски процеси, со кои е зафатен Балканот, ќе ја изменат таа ситуација, останува да се види. Европската визија веќе го покажа својот интерес за постоењето на Македонците во Бугарија, за спроведување на одлуките за почитување на човековите права и слободи. Зашто Македонците во Пиринска Македонија и во цела Бугарија ги бараат минималните права во нивната татковина Бугарија – да не ги преименуваат во ништо друго, освен Македонци.

Најново од: Дијаспора

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

Македонците во Њујорк го кренаа знамето среде дожд и невреме за 35 години независност

Можат да се обидуваат да нè избришат. Но, и во еден ваков бурен и мрачен ден… ние сме тука. Над сто Македонци и пријатели на Македонија се собраа во срцето на Њујорк, покажувајќи дека љубовта кон татковината е посилна од дождот и невремето. На 26 септември 2026 година, и покрај дождот и силното невреме што […]

Никола Тесла – светски научник чии пронајдоци ја променија модерната цивилизација

Големиот научник Никола Тесла се почитува и слави и во Хрватска и во Србија и во Соединетите Американски Држави и во целиот свет. Тоа го потврдуваат современите проучувачи на ликот и делото на Никола Тесла, кои го нарекуваат “Човекот што го измислил дваесеттиот век“ и “светецот – заштитник на модерниот електрицитет.“ Никола Тесла беше научник, […]

Вратени 16.952 текста објавувани од 2009 до 2026 година на порталот „Македонска нација“

Зачуван е најголемиот дел од богатата архива на порталот — текстовите повторно се достапни за читателите, а со нови материјали продолжуваме да го збогатуваме македонското историско и културно наследство. Во април 2026 година порталот „Македонска нација“ стана недостапен. Не знаеме со сигурност дали стануваше збор за хакерски напад или за друг проблем. За да продолжиме […]

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

To top