Дијаспора

Драмата „Борење со мечка“ ќе се употребува за усовршување на здравствени работници

borenje-so-mecka-1

Уште еден успех на Австралиско-македонскиот театар од Сиднеј

Минатиот четврток, 14 август, во просториите на Сиднејската болница, се промовира ДВД за едукација на здравствените работници и македонската заедница. Промоцијата ја направи проф. David Currow, генералниот директор на Институтот за рак на НЈВ (Cancer Institute NSW), а поздравен говор за значењето на овој проект даде Mr Gerry Marr, генерален директор на регионалната служба за здравје во Сиднеј.

Во почетокот Др Astrid Perry, директор на Службата за мултикултурно здравје, даде опсежен извештај за работата и улогата на македонскиот театар што ја одигра во припремање на пакетот за едукација во кој е вклучен прирачник како и ДВД од драмата „Борење со мечка“ од Душан Ристевски која беше снимена во скратена форма на англиски и македонски јазик. Покрај оваа драма во ова ДВД се застапени драми од арапската и грчката заедница во која се обработува темата од канцерозното заболување. Како што се изнесе во излагањето, овој едукативен пакет ќе биде дистрибутиран низ цела Австралија, првенствено во универзитетите и колеџите во локалните библиотеки и до здравствените и општествените работници кои работаат со етничките заедници. Авторот Душан Ристевски даде збор за тоа како дојде до креирање на драмата која ја работеше во консултација со македонската заедница и причината за обработување на темата која е поврзана со здравјето на мажите.

Како што се забележа во македонската медија, оваа драмска продукција секаде каде што е прикажана прави сензација, како во Австралија така и во Македонија. Темата е интересна, текстот феноменален (авторот преку комични ситуации покрај солзите сака да не насмее – а животот е таков), изведбата крајно професионална, режијата на високо ниво. Театарот најави турнеја на 30 и 31 август за Мелбурн и Џилонг и истата вреди да се види. Честито до сите во Македонскиот театар кои успеваат да ја промовираат македонската култура и нација во австралиските установи и општество.

Убаво е да забележиме дека во полната театарска сала меѓу присутните имаше и завидна бројка на македонски посетители, кои беа препознатливи по нивното ракоплескање, по прикажаните инцерти од македонската драма и нејзиниот автор. 

Иван Трпоски
Фото: Сашко Велјанов

borenje-so-mecka-1
На промоцијата на драмите од националностите со директорот за здравством, со грчките артисти (лево) и македонските со арапските (десно) во Театарот Клофи – Сиднеј 14.8.2014 год.

borenje-so-mecka-2
Авторот на драмата „Борење со мечка“ Душан Ристевски, директорот на институтот за рак проф. Дајвид Кароу, Иван Трпоски и артистите Никола Апостолоски и Васко Србиновски во театарот Клофи -14,8,2014 год.

Најново од: Дијаспора

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

Македонците во Њујорк го кренаа знамето среде дожд и невреме за 35 години независност

Можат да се обидуваат да нè избришат. Но, и во еден ваков бурен и мрачен ден… ние сме тука. Над сто Македонци и пријатели на Македонија се собраа во срцето на Њујорк, покажувајќи дека љубовта кон татковината е посилна од дождот и невремето. На 26 септември 2026 година, и покрај дождот и силното невреме што […]

Никола Тесла – светски научник чии пронајдоци ја променија модерната цивилизација

Големиот научник Никола Тесла се почитува и слави и во Хрватска и во Србија и во Соединетите Американски Држави и во целиот свет. Тоа го потврдуваат современите проучувачи на ликот и делото на Никола Тесла, кои го нарекуваат “Човекот што го измислил дваесеттиот век“ и “светецот – заштитник на модерниот електрицитет.“ Никола Тесла беше научник, […]

Вратени 16.952 текста објавувани од 2009 до 2026 година на порталот „Македонска нација“

Зачуван е најголемиот дел од богатата архива на порталот — текстовите повторно се достапни за читателите, а со нови материјали продолжуваме да го збогатуваме македонското историско и културно наследство. Во април 2026 година порталот „Македонска нација“ стана недостапен. Не знаеме со сигурност дали стануваше збор за хакерски напад или за друг проблем. За да продолжиме […]

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

To top