Дијаспора

Од патувањата низ Србија (3)

slave-katin

slave-katin
СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ-КАТИН

ДЕЛ ОД КНИГАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА”

ОХРИДСКАТА АРХИЕПИСКОПИЈА И СРПСКАТА ЦРКВА

Инаку, Охридската архиепископија останала во рамките на Византиската Империја во периодот од  XI до XII век. Меѓутоа, на почетокот на XIII век, се случувале чести политички промени на Балканот, а со тоа и во Македонија. Така, султанот Мустафа Трети ја укинал Охридската архиепископија и нејзините епархии ги приклучил кон Цариградската патријаршија која, за возврат била обврзана да и` ги плати долговите. По повеќе од седум и пол векови автокефален живот, Охридската архиепископија била незаконски укината од страна на иноверниот султан во 1767 година.

Следната фаза на Православната црква во Македонија почнала со нејзиното потпаѓање под јурисдикција на Цариградската патријаршија. Тој период со право се смета за црковно ропство на македонскиот народ, поради фактот што тој ја изгубил не само својата религиозна и економска слобода, туку бил подложен на елинизација, додека ширењето на македонското воспитание и култура биле забранети.

Народноослободителната борба на македонскиот народ за време на Втората светска војна било насочено не само кон национално и социјално ослободување, туку и кон решавање на прашањето на Македонската православ-на црква. Првото свештеничко собрание на слободната територија во Западна Македонија се одржало во 1943 година во селото Издеглавје, Охридско. Тоа се смета како крај на втората фаза на македонското црковно прашање.

Во есента 1944 година дел од Македонија бил целосно ослободен. Новоформираната македонска држава станала рамноправен член на нова Југославија. Затоа, православните верници и македонското свештенство го одржаа Првиот црковнонароден собор во 1945 година, кој ја усвои Одлуката за формирање Македонска православна црква преку обновување на Охридската архиепископија.

Во 1959 година, епископскиот синод на Српската православна црква ги призна решенијата од Вториот црковнонароден собор на Македонската православна црква, одржан во Охрид од 4 до 6 октомври (листопад) 1958 година за одделување на Македонската православна црква како независна, со новоизбран поглавар – архиепископот охридски и македонски митрополитот г.г. Доситеј. Претставниците на Српската православна црква на чело со патријархот г.г. Герман учествуваа во интронизацијата на македонскиот митрополит Климент.

Третиот црковнонароден собор на Македонската православна црква  се одржа на 18 јуни (жетвар) 1967 година во древниот Охрид, кога беше одлучено да се прогласи самостојност на Македонската православна црква на чело со архиепископот охридски и македонски, г.г. Доситеј. Диецезата на Македонската православна црква се совпаѓала со границите на македонската народна држава – Република Македонија.

Според Уставот на Македонската православна црква донесен во 1974 година, Македонската православна црква своите работи ќе ги управува и ќе ги води независно, во согласност со догматското и канонското единство со другите православни цркви. Македонската православна црква има свој грб, свое знаме, а службен јазик е македонскиот. Црковно-епархиски тела и административни органи на Македонската православна црква се: 1. Архиепископот, 2. Светиот архијерејски синод, 3. Архи-јерејскиот црковен суд, 4. Епархиите – седум во Република Македонија и три во прекуокеанските земји (Американско-канадска, Австралиско-новозеландска и Европска епархија).

Светиот архијерејски синод е одговорен за религиозните и за воспитните активности, за издавање на религиозна литература, како и за воспитување на свеш-тенството и на монаштвото. Македонската православна црква има свое четиригодишно средно училиште (Богословија) во Драчево, Скопје, каде што се школуваат идните свештеници, како и Теолошки факултет, кој е во состав на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“.

mpc-sv-sofija-ohrid

МПЦ „Св. Софија“ во Охрид

Најново од: Дијаспора

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

ВО АВСТРАЛИЈА ЖИВЕЕ УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНИЈА

Фиданка Танаскова   Во Скопје на 14 октомври промовирана антологијата со поезија „Илинден во нашите срца“ од членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј Промотор на антологијата на овој свечен чин во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ на македонските поети од петтиот континент беше проф. д-р Виолета Ачкоска. Прекрасна октомвриско-роднокрајно-иселеничка промотивна вечер беше […]

Весникот „Македонија“ во Торонто – македонскиот збор далеку од татковината

На 15 октомври 1984 година во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Овој датум останува забележан во историјата на македонскиот иселенички печат и во настојувањата да се зачуваат јазикот, културата и врските со татковината. За Македонците што живееле илјадници километри од родниот крај, печатениот македонски збор имал особено […]

Академик Синиша Станковиќ – вљубеник во Охридското Езеро и Охрид

Животниот и развојниот пат на научникот од светски глас, биолог, еколог, револуционер и општественик, академикот проф. д-р Синиша Станковиќ, е тесно поврзан со изучувањето на Охридското Езеро, со Охрид и Македонија, со развојот на биолошките науки и со афирмацијата на научната мисла во македонското општество. Неговото име е поврзано и со постоењето и конституирањето на […]

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

To top