Дијаспора

Уредник во Австралија ги поттикна потребите за признавање на уставното име на Македонија

janko-tomov

janko-tomov
Јанко ТОМОВ

Минатата седмица во Источен Мелбурн, во парламентот на државата Викторија се одржа Прес конференција за етничкиот печат на етничките групи на мултикултурното и мултиетничко општество на Австралија од страна на премиерот на Австралија г-дин Тони Абот и министерот за социјални услуги Кевин Ендрус.

Оваа Прес конференција имаше за цел владата на Австралија да ги запознае етничките групи на Австралија, за своите нови донесени закони, за спречување на пристап и учество во војни на други држави во светот, од страна на австралиски државјани, како и во редовите на џихадистите на „Исламската држава“, оформена во делови на Ирак и Сирија.

Како преставник на неделните македонски весници во Австралија од  „Австралиско Македонски Неделник“ (АМН) и „Тудеј“ (Денес), Игор Павловски, главен и одговорен уредник на оваа Прес конференција, директно му поставил прашања за признавање на уставното име на Македонија. Прашање, што многу време во минатото, требаше почесто да биде поставувано на јавни трибини, а не беше поставувано поради затаена национална активност на македонските интелектуалци во Австралија.

Игор Павловски, инаку почесто активен посетител на значајни Македонски настани од литературни, јазични и социјални-оштествени карактери во Мелбурн, Викторија, каде со успех ги публикува македонските весници, вели во сојот напис во АМН:

„Во оваа прилика од името на македонските весници на г.Абот му поставивме Прашање кога Австралија ќе јапризнае Македонија под нејзиното уставно име? Околу 98.000 граѓани се изјаснуваат на пописот во Австралија дека се со македонско потекло. Македонија е независна држава повеќе од 23 години која САД, Канада, В. Британија и многу други големи држави ја признаа под уставното име. Кога Австралија ќе ја признае Македонија под уставното име? Се чувствуваме навредени и дискриминиран и кога користиме државни услуги и треба да ја бараме земјата од која потекнуваме под друга буква“.

Од аудио снимката се потврдува одговорот на премиерот Тони Абот, дека се осврнал на минатото, како став со кој званично не означуват како Поранешна Југословенска Република Македонија, дека оваа прашање одамна не било разгледувано.

Игор Павловски, пишува во својата статија во АМН, дека:

„На тоа се надоврзавме со коментар, денес да велиме поранешна британска колонија Австралија е навредливо. Премиерот Абот се насмеа, и прифати дека тоа е фер опсервација и добра поента …обично Австралија земјите ги нарекува така како што тие самите сакаат“…

Понтаму Игор, го дава следниот коментар: „Фактот што премиерот призна дека никој него прашал за тоа што се случува околу користењето на званичното име на Македонија долго време, укажува дека нашата дипломатија спие“.

Јас би додал дека и вонвладините организации во републиката, како СМК и организациите во дијаспората, како што е ОМД, ја спласнаа активноста на оваа тема, да се прави постојан прикладен притисок, врз Федералната влада на Австралија и нејзините институции, да го признаат и званично уставното име на Македонија. Затоа ние во Австралија самите сме си виновни, бидејќи имаме голем број на интелектуалци, кои го владеат одлично англискиот академски јазик и кои имаат прилика да ги пласираат барањата на точна адреса, за да се евидентираат и за да се реши тој акутен и актуелен проблем, во наша македонска и австралиска корист.

Во дијаспората  имаме интелектуални сили, да иж понудиме на актуелната власт на Република Македонија, да ги издејствува признанијата на останатите држави во светот, кои сеуште не го признале уставното име на Македонија. Според Игор Павловски тие држави се следните: Република Чиле, Принципат Андора, Боцвана, Косово, Фиџи, Сириската Арапска Република, Република Зимбабве. Ќе ја додадам и Албанија, а има и други држави.

Немам намера никого од македонските организирани субјекти во Австралија да го критикувам, иако за тоа постојат извесни факти, напротив имам добронамерни сугестии предлагање факти за отпочнување на посериозна преокупација за интелектуална соработка за одбрана на уставното име на Македонија.

Првенствено македонските интелектуалци од Прва, Втора и Трета генерација на македонските иселеници во Австралија, кои го владеат македонскиот литературен јазик, а доволно и многу добро и академскиот англиски јазик, треба да се вклучат во меѓусебна соработка, каде ќе ги застапуваат сите македонски иселеници и нивните организирани субјекти. За да  се оствари таа соработка  од масовен карактер, треба да се оформи и соодветно огранизационо македонско национално тело во Австралија. Одбор или Комитет што ќе се раководи од претставници, пред сеж интелектуалци, кои и преку своите професии во секојдневието, ќе лобираат по дипломатска линија, при позначајни настани, каде се третираат етничките проблем и потреби на мултикултурното и мултиетничкото општество во Австалија.

Би бил почестен ако такви македонски интелектуалци кои ги читаат овие редови, воспостават контакти со мене, со предлози за обликот на таква организација за уставот и правилник за активност, како и со предлози за имиња на личности кои би сакале да се оснива тоа национално македонско тело.

Пред неколку години, предложив да се оснива Македонско Австралиски Национален Комитет (МАНК). Деновиве е тоа остварливо, зошто отпочнуваат меѓусебни контакти на досега завањени опозициони групи и поединци Македонци во австралиското општество. За да се успее, потребна е меѓусебна толеранција, а пред сеж и самокритички приод кон досегашните несогласувања, кои го кочеа напредокот и промоцијата на македонскиот национален карактер, а со тоа и признавањето на уставното име на Македонија, баш од страна на нашите политичари за кои го дававме својот глас на изборите во Австралија!

Најново од: Дијаспора

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

ВО АВСТРАЛИЈА ЖИВЕЕ УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНИЈА

Фиданка Танаскова   Во Скопје на 14 октомври промовирана антологијата со поезија „Илинден во нашите срца“ од членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј Промотор на антологијата на овој свечен чин во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ на македонските поети од петтиот континент беше проф. д-р Виолета Ачкоска. Прекрасна октомвриско-роднокрајно-иселеничка промотивна вечер беше […]

Весникот „Македонија“ во Торонто – македонскиот збор далеку од татковината

На 15 октомври 1984 година во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Овој датум останува забележан во историјата на македонскиот иселенички печат и во настојувањата да се зачуваат јазикот, културата и врските со татковината. За Македонците што живееле илјадници километри од родниот крај, печатениот македонски збор имал особено […]

Академик Синиша Станковиќ – вљубеник во Охридското Езеро и Охрид

Животниот и развојниот пат на научникот од светски глас, биолог, еколог, револуционер и општественик, академикот проф. д-р Синиша Станковиќ, е тесно поврзан со изучувањето на Охридското Езеро, со Охрид и Македонија, со развојот на биолошките науки и со афирмацијата на научната мисла во македонското општество. Неговото име е поврзано и со постоењето и конституирањето на […]

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

To top