Дијаспора

Античката историја на Македонија и Балканот во делата на западните автори (12 дел)

anticka-istorija-janko-tomov

(од фалсификати до коректно презентирање)

Пишува: Јанко ТОМОВ

anticka-istorija-janko-tomov

Пишувања во врска со историјата

Интересно е тоа што некои истражувачи (а пред се застапниците на грчката пропаганда) упорно тврдат дека Пајонците биле сосема различни од Македонците, за кои, пак, тврдат дека биле “ист народ” со Грците, иако и Пајонците го користеле “грчкото писмо” и иако и тие верувале во истите индо-европски божества, во кои, главно верувале сите тогашни народи на Балканот. Значи, според овие хипотези, Македонците биле различни од Пајонците, а биле “исти” со Грците, иако и Пајонците и Македонците отсекогаш живееле во Македонија, а не на територијата на денешна Грција.

Да ги спомнеме накратко и Десаретите, за кои некои автори сметаат дека биле илирско племе. Д-р Наде Проева (“Студии за античките Македонци”, Скопје, 1997, стр. 110), низ конкретни примери приложува докази за разликите помеѓу Десаретите и Илирите, како и за сличноста помеѓу Десаретите и останатите македонски племиња (оружје, ономастика и т.н.).

Во книгата на Џон Шеа под наслов “Македонија и Грција – борба за создавање на нова балканска нација” (John Shea: “Маcedoniа and Greece – The struggle to define a new Balkan Nation“) на стр. 47  го цитира Хогарт, кој ги споменува имињата на античко-македонските племиња: Орести. Линкести, Елимиоти, Пајонци и други. На стр. 51, тој го цитира авторот Арнолд Тунби (Arnold Tounbee),  кој сметал дека Пајонците веројатно биле “словенско племе”, а можеби и илирско.  Тој потсетува дека  се знае дека “не постојат докази дека Пајонците биле народ што зборува грчки” (“…Тhere are no evidence that the Paiones were Greek speaking people”).

Продолжуваме со темава.

Во книгата на Ема Станфорд (цит. дело) таа на повеќе места користи несоодветни термини како што се: античка Грција, Грчка митологија  и сл. Нејзината книга е  илустрирана со убави слики од уметнички дела, ќерамика и остатоци од антички градови.

Во книгата на Фиона Мекдоналд е презентирана географска карта, на која пишува “Античка грчка земја”. На неа, како “грчка територија” е  презентиран речиси целиот Балкан и Мала Азија, како и брегот на Црно Море, потоа дел од северна Африка и дел од денешна Италија со Сицилија, како  дел од Кипар. За останатите земји пишува дека во нив живееле “барбари”, што секако дека не одговара на вистината.

 Точно е дека имало грчки колонии во наведените територии, но сепак Грците таму биле малцинство во однос на домородните “барбари” (не-Грци), па оттаму не може да се каже дека тоа биле “грчки земји”. Грчки колонии имало и на македонскиот брег, но тоа не значи дек и Македонија тогаш била “грчка земја”. Ако било така, зошто тогаш Филип Втори Македонски со сила ги избркал сите Грци од грчките колонии на македонскиот брег?

Во пошироката јавност е малку познато дека за прв пат дури во 19 век биле создадени посериозните пропагандни артикулации за наводниот “грчки карактер” на античките Македонци. Најгласни во овие тврдења биле тогашните германски историчари.

Познатиот американски историчар д-р Еуген  Борза, во својата книга “Во сенките на Олимп – појавата на Македонците” (In the Shadow of Olimpus, The Emergence of Macedon, Princeton Univercity Press, Princeton, New Jersey, ISBN 0-691-05549-1, USA, 1990), прави детален преглед на теориите во 19 век поврзани со етничкото потекло на античките Македонци. Тој објаснува дека во 19 век, токму германските учени почнале погласно да го пропагираат хеленизмот кај античките Македонци. Д-р Борза пишува дека тие тоа го правеле поради сопствени потреби и интереси, како на пример поради обединувањето на Германија и сл. Ним им бил потребен некој древен јунак “обединител”, на кого требало да се угледаат нивните тогашни политички водачи. Таков “обединител” тие виделе во лицето на Филип Втори Македонски, кој наводно ги “обединил” Грците.

Но, д-р Борза (цит. дело, стр. 7) пишува дека во оваа идилична слика за Филип Втори како “обединител на Грците” германските учени од 19 век се судриле со една непремостлива пречка. Имено, тие не знаеле како да ги објаснат говорите на познатиот грчки (атински) оратор Демостен, во кои, тој жестоко ги напаѓал Македонците како окупатори (а не како обединители) на грчките градови-држави, нарекувајќи ги “барбари” и “тирани”.

Најново од: Дијаспора

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

ВО АВСТРАЛИЈА ЖИВЕЕ УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНИЈА

Фиданка Танаскова   Во Скопје на 14 октомври промовирана антологијата со поезија „Илинден во нашите срца“ од членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј Промотор на антологијата на овој свечен чин во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ на македонските поети од петтиот континент беше проф. д-р Виолета Ачкоска. Прекрасна октомвриско-роднокрајно-иселеничка промотивна вечер беше […]

Весникот „Македонија“ во Торонто – македонскиот збор далеку од татковината

На 15 октомври 1984 година во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Овој датум останува забележан во историјата на македонскиот иселенички печат и во настојувањата да се зачуваат јазикот, културата и врските со татковината. За Македонците што живееле илјадници километри од родниот крај, печатениот македонски збор имал особено […]

Академик Синиша Станковиќ – вљубеник во Охридското Езеро и Охрид

Животниот и развојниот пат на научникот од светски глас, биолог, еколог, револуционер и општественик, академикот проф. д-р Синиша Станковиќ, е тесно поврзан со изучувањето на Охридското Езеро, со Охрид и Македонија, со развојот на биолошките науки и со афирмацијата на научната мисла во македонското општество. Неговото име е поврзано и со постоењето и конституирањето на […]

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

To top