Дијаспора

Од патувањата по Беломорска Македонија (1)

slave-katin

slave-katin
СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ – КАТИН

(ДЕЛ ОД КНИГАТА „СВЕТОТ  НА  ДЛАНКА“)

ОД ГРАНИЦА ДО МЕТЕОРА

Патувањето низ егејскиот дел на Македонија во исто време претставува и предизвик и возбуда и задоволство и разочарување за посетителот на оваа несреќна земја. Секој што барем малку се запознал со судбината и со трагедијата на коравиот македонски народ од овој дел на Македонија, кој често е нарекуван со терминот „езерска земја“, го доживува тоа чувство. Затоа, еден смртник на Средбата на децата – бегалци рече дека тоа е судбина над судбините, а ќе остане како трагедија на човечкиот род за која ќе се пишува и прикажува уште многу векови.

Беше есенско неделно утро. Сонцето штотуку се појавуваше од далечините на планината Беласица од исток, а реката Вардар како да потонала во маглата што се јавува од испарувањето на водата. Ја напуштивме Гевгелија и се упативме кон граничниот премин Света Богородица, за потоа да го продолжиме патот кон Солун.

Грција имаше карактер на демократска република и токму во името на таа „демократија“ чекавме три часа на граничниот премин Богородица, кај Гевгелија, грчките царинарници за да удрат печат на некаков неразбирлив  „документ“ само за нив, бидејќи грчки печат не се удира на патна исправа што го носи името Македонија. Затоа во тие непријатни моменти помисливме на тиранинот Пизистрат кој, ако се појавеше во третиот милениум, ќе научеше нови методи и тактики во начинот на однесувањето и во борбата за посреќно утро.

Ја преминавме границата и влеговме во граничниот простор на Елада (Грција), односно во егејскиот дел на Македонија, каде што за жал, Македонците не ги уживаат ни основните човечки права пропишани со Декларацијата на Обединетите нации, во која е член и НР Грција.

Инаку, Егејска Македонија е земјата со чие име уште во античките времиња се означувала малата покраина во непосредна близина на Пела – престолнината на античкото Македонско Царство. Во тоа време Македонија го опфаќала просторот меѓу денешното исушено Пазарско Езеро и долниот тек на реката Вардар. Но, со проширувањето на границите на Македонското Царство, постепено пораснала и областа означена со името Македонија, која античките Македонци ја делеле на Горна и Долна Македонија, пред сѐ, поради нејзините географски карактеристики на просторот. Сепак, таквата поделба на Македонија има политичко, културно, воено и административно значење.

meteora
Метеора

Македонскиот народ во егејскиот или беломорскиот дел на Македонија, според своите карактеристики и обичаи, јазично и етнички и е туѓ на Грците (Елините). Од тие причини грчката буржоазија од првиот момент кога ја проширила својата власт над Егејска Македонија, изградила политика на физичко истребување на македонскиот народ и менување на етничкиот состав во своја корист. Затоа, националниот состав на населението во овој дел на Балканот има претрпено големи етнички промени, особено по Балканските војни и поделбата на Македонија. До Балканските војни македонското население во Егејска Македонија било најбројно. Македонците под грчка власт биле и сѐ уште се изложени на асимилаторска тортура и присилна емиграција, со единствена цел да се измени етничкиот состав на Македонија. Меѓутоа, Македонците не само што постоеле, постојат, туку и ќе постојат, зашто не е лесно да се искорени еден народ, таму каде што живеел со векови и покрај сите мерки на насилие и денационализација.

Во егејскиот дел од Македонија продолжија злосторствата, асимилаторската политика врз Македонците и доселувањата на туѓинци (Туркмени) само со православна вера само за да се смени етничкиот состав на населението и Македонците да бидат што помалку. А на оние илјадници прогонети и иселени им е забрането да ги посетат родните огништа, во таа земја на „чудата“

Ја напуштивме границата  и се упативме кон Метеора. По повеќечасовното возење стасавме во гратчето Каламбака (со околу 6.000 жители) над кое како орли се вишнеат карпите на Метеора. Градот е сместен во тесната долина меѓу Епир (Егејска Македонија) и рамнината на Западна Тесалија, во сенките на големите карпи на Метеора, кои се геолошки феномен. Според добиените податоци, гратчето постои уште од времето пред Исус Христос. Неговото старо име било Стагој, што според Н. Јанополус потекнува од славјанскиот збор „стаја“ (соба или вдлабнатина во карпа). Модерното име на градот му било дадено во периодот на турското ропство и е кованица од зборот „калебак“ (убава тврдина).

За Каламбака, кој денес е еден од најпривлечните копнени градови кај јужниот сосед, во минатото се воделе бројни битки. Така, градот бил под окупација на Филип I Македонски, под окупација на Римјаните, Византијците, Турците, па дури во 1348 година бил под суверенитет на Стефан Душан, а пoтоа и на неговиот брат Симеон Урош, кога Стагој доживеал силен подем.

Околу илјада колосални карпести гребени се издигаат вертикално и се надвиснуваат над градот Каламбака и селото Кастраки во западните падини на планината Андиксија, од каде истекува реката Пинеиос која извира од планината Пинд и се влева во Солунскиот Залив. Тоа е единствено место со такви гребени кое се претворило во град на карпите во доцниот византиски период, град на врвот од карпите со стотина монаси кои се заградиле во висините за да ја зачуваат својата приватност. Овие огромни карпи предизвикуваат восхит и чудење кај секој посетител со нивната монументалност и храброста на нивните први посетители – освојувачи на тие непристапни терени, од кои многумина и го загубиле животот.

Името Метеора значи „средба во воздухот“. Тоа е современ збор и не е пронајден кај древните писатели. Прв бил Атанасиус од Метеора, пронаоѓачот на манастирот „Спасител“, кој прв се искачил на карпите во 1344 година на „Широката карпа“, име што се употребува за сите карпи. Таму, за тие чудесни карпи, тешко може да се најде објаснување за нивното создавање и опстојување со оглед на тоа дека биле изложени на силни ветришта, дождови, земјотреси и други различни природни непогоди.

Денес е многу лесно човек да се искачи до манастирите, пред сѐ, по скалите што се изделкани во периодот од 1922 до 1925 година. Меѓутоа, пред тоа искачувањето било возможно само со јаже и со мрежи. Се поставува прашањето како дошле првите калуѓери. За тоа постојат многу преданија. Некои велат дека луѓето се искачувале со набивање клинови со чекан во карпите, некои, пак, мислат дека високите дрвја што растеле во карпите им помагале во тоа. Имало и мислење според кое првото качување било изведено со помош на змејови кои со јажиња биле префрлувани од другата страна.

Никој не знае точно кога првите аскети и монаси свиле гнездо над карпите во Метеора. Но, се претпоставува дека уште во IX век имало монашки живот на тие простори. Првите монаси живееле во природни пештери, а се претпоставува дека тие се собирале на служби во неделите во Стагој (Костраки) уште во XI век кога и започнале да ги градат манастирите на високите карпи, каде подоцна, во XVI век, е отворено и првото училиште, познато како „училиштето на Метеора“, кое и во времето на Отоманската Империја извршувало значајна верска функција.

solun
Солун

Продолжува

Најново од: Дијаспора

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

ВО АВСТРАЛИЈА ЖИВЕЕ УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНИЈА

Фиданка Танаскова   Во Скопје на 14 октомври промовирана антологијата со поезија „Илинден во нашите срца“ од членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј Промотор на антологијата на овој свечен чин во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ на македонските поети од петтиот континент беше проф. д-р Виолета Ачкоска. Прекрасна октомвриско-роднокрајно-иселеничка промотивна вечер беше […]

Весникот „Македонија“ во Торонто – македонскиот збор далеку од татковината

На 15 октомври 1984 година во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Овој датум останува забележан во историјата на македонскиот иселенички печат и во настојувањата да се зачуваат јазикот, културата и врските со татковината. За Македонците што живееле илјадници километри од родниот крај, печатениот македонски збор имал особено […]

Академик Синиша Станковиќ – вљубеник во Охридското Езеро и Охрид

Животниот и развојниот пат на научникот од светски глас, биолог, еколог, револуционер и општественик, академикот проф. д-р Синиша Станковиќ, е тесно поврзан со изучувањето на Охридското Езеро, со Охрид и Македонија, со развојот на биолошките науки и со афирмацијата на научната мисла во македонското општество. Неговото име е поврзано и со постоењето и конституирањето на […]

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

To top