Дијаспора

Прашајте паталец, не гаталец

aleksandar-dzepovski

aleksandar-dzepovski
Александар Џеповски

Дали вреди Македонецот да се надева на подобра иднина со одење на привремена печалба, која секогаш завршува како перманентна и од која враќање нема ? Па дури и Александар Македонски отиде привремено да ја покори туѓината и не се врати во своја Македонија!!!

Многу пријатели, стари и нови, ме прашуваат како е во Австралија, дали има шанси да дојдат и да се населат, па дури споредби и фалби на некои авантуристи кои дошле и се снашле некако или многу убаво.

Тема што секогаш предизвикува и бара голема реалност и потенцирање на вистината. Без неа, нели вистината, ќе се излажеме самите себе, читателите и се разбира целата јавност. Доколку згрешиме без никаква лоша намера, се надеваме дека ќе ни биде пола простено.

Дочекот во туѓина не е ни малку препорачлив. Нема стан или куќа на располагање, туку плаќање кирија каде ќе бидеш сместен со било кој што ќе ја дели киријата со тебе. Со фамилија да дојдеш и да плаќаш кирија тоа е научна фантазија, дури и да почнеш со работа. Треба 6 неделни да плати гаранција и внатре ништо, празни ѕидови само. Повеќе од половината плата ќе оди за киријата. Ако работи жената и ако имаш едно или повеќе деца, ќе летнат пари за градинки. Превозот е скап колку и времето да отидеш до таа работа… ќе станеш во 6 наутро, додека да отидеш на работа заради оддалеченост (ниедна работа не е во близина, напротив, среќа е да најдеш на 50 км одалеченост) во 9 да дојдеш и да р`мбаш до 5, па додека дојдеш дома 8 навечер.

Така да кога ќе влезеш во шема на прекувремено печалење и работа, тогаш ќе заплачеш за родна Македонија и ќе сакаш да се вратиш назад, ама се` си ризикувал и ни таму си, ни ваму. Ни на небо ни на земја.

Па кога ќе дознаеш дека од секој твој долар и пот, државата ќарува, многу бирократи земаат провизија од секоја капка млеко, вода и дека опозиција како во Македонија платена од Сорос да те убедува дека црното е бело, не постои… Е тогаш братко мој, ти ќе станеш патриот и пол и сите твои другари симпатизери на џаболебарите, ќе ти се смеат и ќе ти речат дека си се мрднал во туѓина и дека само дома си е дома.

Тогаш ти, како јас и сите Македонци во дијаспората, де ќе ја чукнеш главата и ќе си речеш: Што направив? Таму имав се`, освен стабилна работа, само требаше цврсто и непоколебливо да се борам јас и сите за правда и подобар критериум, да бидев повеќе самокритичен и да верував во себе. Ние се излажавме и дебело го наплаќаме овој кикс и желба за поубав живот… На вас е да не ја направите таа моја грешка и на Александар Македонски… На крај да останаме без тоа од кај што се родивме, да не бидеме погребани таму. Морници проаѓаат секојдневно од таа помисла.

Туѓината е препорачлива за голема фамилија од 4 деца најмалку, каде едно дете ќе се жртвува и ќе работи само за привремено и во дадена ситуација.

Не за секогаш.

Прашајте паталец, не гаталец.

Најново од: Дијаспора

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

ВО АВСТРАЛИЈА ЖИВЕЕ УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНИЈА

Фиданка Танаскова   Во Скопје на 14 октомври промовирана антологијата со поезија „Илинден во нашите срца“ од членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј Промотор на антологијата на овој свечен чин во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ на македонските поети од петтиот континент беше проф. д-р Виолета Ачкоска. Прекрасна октомвриско-роднокрајно-иселеничка промотивна вечер беше […]

Весникот „Македонија“ во Торонто – македонскиот збор далеку од татковината

На 15 октомври 1984 година во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Овој датум останува забележан во историјата на македонскиот иселенички печат и во настојувањата да се зачуваат јазикот, културата и врските со татковината. За Македонците што живееле илјадници километри од родниот крај, печатениот македонски збор имал особено […]

Академик Синиша Станковиќ – вљубеник во Охридското Езеро и Охрид

Животниот и развојниот пат на научникот од светски глас, биолог, еколог, револуционер и општественик, академикот проф. д-р Синиша Станковиќ, е тесно поврзан со изучувањето на Охридското Езеро, со Охрид и Македонија, со развојот на биолошките науки и со афирмацијата на научната мисла во македонското општество. Неговото име е поврзано и со постоењето и конституирањето на […]

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

To top