Дијаспора

ЛЕТОНСКАТА НАЦИОНАЛНА БИБЛИОТЕКА ГИ ДОБИ ПРВИТЕ МАКЕДОНСКИ КНИГИ

Летонска национална библиотека

Рига, Летонија, 23 октомври 2014

Од цртеж инспириран од летонските бајки до ремек-дело на архитектурата.

Летонско-американскиот архитект со светско реноме Гунар Биркетс го оствари својот сон за родната Летонија: замокот на светлината блеска и ден и ноќ со својата импозантност покрај реката Даугава и во прегратка ја има цела Рига. Во замокот на светлината не е сместена само Летонската национална библиотека, туку и летонскиот национален стремеж за слобода и независност.

По повод отворањето на новата Летонска национална библиотека и 95 години од нејзиното основање (1919) како и 18 години од воспоставувањето на дипломатски односи меѓу Македонија и Летонија донирани беа првите македонски книги на оваа реномирана институција и една од најголемите библиотеки на Северот од Европа.

Донацијата македонски книги од име на Македонија и Македонската национална библиотека ја предаде Гоце В. Дуртаноски, предавач на Летонската христијанска академија заедно со студентите и колегите од бордот на Акедемијата.

„Се надевам дека овие книги ќе бидат мост на пријателство меѓу нашите народи, подигнувајќи ги културните билетерални односи и соработка на повисоко ниво“, истакна Дуртаноски при предавањето на донацијата.

„Оваа донација го одбележува и проектот Рига 2014 како европска културна престолнина и го поздравува претстојното летонско претседателство со Европската унија од 1 јануари 2015, целосно давајќи признание на Летонија како ‘голем поддржувач на македонските аспирации за членство во Унијата’ – потврда која ја искажа летонскиот министер за надворешни работи Едгарс Ринкевич при неговата официјална посетата на Македонија во август годинава“, додаде Дуртаноски.

Заблагодарувајќи се на донацијата книги и за личниот подарок реплика на македонски ракопис за неговиот кабинет, г. Андрис Вилкс, директор на Летонската национална библиотека ги потврди одличните пријателски односи меѓу Македонија и Летонија: „Имајќи во предвид дека Летонската национална библиотека само што се в доми во новиот објект и бројката на посетители е над очекуваното, сепак за многу скоро ќе одговориме на овој ваш несебичен гест и ќе возвратиме со сличен подарок летонски книги за Македонската национална библиотека. Најверојатно тоа ќе го сториме преку вас, бидејќи вие станавте наш голем пријател и алка на поврзаност меѓу двете земји и нашите национални библиотеки. И повеќе од тоа, вие сте дел од нашиот образовен систем и колега од Летонската христијанска академија со која негуваме исто така одлични професионални релации“ – потенцира Вилкс.

Викторија Москина, координатор за меѓународна соработка на Летонската национална библиотека се осврна на неколкумесечната кореспонденција и подготовка за прием и дигитализација на донацијата книги од „амбасадорот на добра волја Дуртаноски„ како и посебниот интерес на Дуртаноски за збогатување на фондот при Институтот за ракописи, ранопечатени книги и картографија кој е дел од Летонската национална библиотека.

Професорот Гунтис Дишлерс од бордот на Летонската христијанска академија ја поздрави иницијативата на колегата Дуртаноски како „уникатна, едукативна и како голема придобивка за граѓанската дипломатија преку која Дуртаноски ја поврзува не само Македонија со Летонија,туку и многу други народи и држави. Неговото присуство кај нас на Академијата и воопшто во Летонија е придонес од големи размери и ништо друго не можеме да кажеме освен едно големо благодарам“ – заврши Дишлерс.

Со потсетување на 100 годишнина од почетокот на Првата Светска Војна и сите злодела што ѝ се случија на Европа во 20 век како и свесноста за денешните гео-политички турболенции кои го снаоѓаат светот церемонијата заврши со предавање на еден посебен подарок за музејот на библиотеката: оригинално парче бетон од Берлинскиот ѕид со кој одбележуваме четврт век (25 години) од крајот на Студената војна и почетокот на обединување на Стариот континент.

„Летонската национална библиотека сеуште ја има улогата ‘симбол на летонската слобода’ и ова парче камен од европската историја е вистинското место да биде дом на овој експонат“ – заклучи Дуртаноски.

Посетата на библиотеката заврши со посета на ексклузивната изложба „Книга: 1514-2014“ во која е прикажан 500 годишниот развој на печатењето книги во Европа и нивното значење како културно наследство. Оваа изложба ги содржи најзначајните и најскапите книги испечатени на европско тло, некои од нив се за првпат изнесени од библиотеките/земјите каде се чуваат под посебни услови и сигурност.

П.С. Покрај главната донација – едицијата 135 (133) македонски книги Гоце Дуртаноски на Летонската национална библиотека и Институтот за ракописи, ранопечатени книги и картографија донираше и еден документ од познатиот историчар и картограф Себастијан Минстер од 1560 година, латинското издание Oratoria in Tabulas од Хиеронимус Фреер од 1754 година и помал број на холандски и германски книги.

П.П.С. Георги Гоце В. Дуртаноски е предавач на катедрата за библиски писма на Летонската христијанска академија по предметот/техниката краснопис на старите писма со фокус на глаголица и стара кирилица. Летонската христијанска академија е единствена институција во Европа која ја негува христијанската уметност и вредности.

Превод и адаптација на македонски: Г. Г. В. Дуртаноски

Фотографии: Аугуст Зилбертс, Гунтис Дишлерс, Алексеј И. Кошкин, Г. Г. В. Дуртаноски

Најново од: Дијаспора

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

ВО АВСТРАЛИЈА ЖИВЕЕ УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНИЈА

Фиданка Танаскова   Во Скопје на 14 октомври промовирана антологијата со поезија „Илинден во нашите срца“ од членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј Промотор на антологијата на овој свечен чин во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ на македонските поети од петтиот континент беше проф. д-р Виолета Ачкоска. Прекрасна октомвриско-роднокрајно-иселеничка промотивна вечер беше […]

Весникот „Македонија“ во Торонто – македонскиот збор далеку од татковината

На 15 октомври 1984 година во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Овој датум останува забележан во историјата на македонскиот иселенички печат и во настојувањата да се зачуваат јазикот, културата и врските со татковината. За Македонците што живееле илјадници километри од родниот крај, печатениот македонски збор имал особено […]

Академик Синиша Станковиќ – вљубеник во Охридското Езеро и Охрид

Животниот и развојниот пат на научникот од светски глас, биолог, еколог, револуционер и општественик, академикот проф. д-р Синиша Станковиќ, е тесно поврзан со изучувањето на Охридското Езеро, со Охрид и Македонија, со развојот на биолошките науки и со афирмацијата на научната мисла во македонското општество. Неговото име е поврзано и со постоењето и конституирањето на […]

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

To top