Дијаспора

Нова драмска изведба од Австралиско македонскиот театар од Сиднеј

dusan-ristevski

Иван Трпоски

dusan-ristevski

Разговор со Душан Ристевски по повод: ОГРАДА – THE FENCE,нова драмска изведба од Австралиско македонскиот театар од Сиднеј

По повод најавата дека се припрема нова драмска изведба од Австралиско македонскиот театар од Сиднеј- разговор со авторот на ова најново драмско остварување, Душан Ристевски.

Душане, пред неколку месеци се вративте од турнејата во Македонија која беше мошне успешна и еве АМТ во склопот на Фестивалот Discovery достојно ќе ја преставува македонската заедница. Која е темата која се обработува во ова дело?

Во ова дело обработувам актуелни теми кои се поврзани со австралјанскиот мултикулурализам, со демократијата која е на прагот на распаѓање токму поради стравот од она што се случува во блискиот Исток и можноста тероризмот да се пренесе во Австралија, а со тоа и расте рацизмот и омразата кон сѐ што не е англо-саксонско, на  сѐ што е од различна клултура, раса и нација. Владата препорачува да бидеме дел од ‘Тим Австралија’, значи или сме или не сме, или да бидеме или да не бидиме.

Македонската заедница е мошне ценета во Австралија токму поради уделот што го имаме во развивањето на демократијата, какви последици тоа би донело за Македонците?

Ние, кои се броиме во памалите заедници, можеме многу да изгубиме со уништувањето на мултикулурализмот. Ние градевме едно општество во кое сме признати и почитувани. Македонскиот јазик ни е признат а со тоа и нашата нација и култура.

А што препорачувате?

Пораката ми е универзална, да се почитуваме и живееме заедно без разлика на нашата етничка позадина и религија. Препорачувам соживот. Нема ништо подобро во животот да се чувствуваш слободен без некој страв дека соседот ќе ти наштеди. Стравот е и од тоа дека не си ги познаваме доволно соседите, ги одбегнуваме дека не се Македонци, дека се со различна култура и религија, а и не сакаме да ги запознаеме бидејќи токму и тие го имаат истиот страв и мислење за нас. Живееме во еден круг на неизвесност и несигурност.

Зборот ‘ограда’ како и самиот наслов на драмата може да значи многу повеќе од една обична оград, авлија, ѕид… па може да значи дури и граница?

Точно, ние лично си поставуваме огради во себе и околу себе, во самото семејство се придржуваме кон некои правила, па и секаде каде што живееме има огради: дрвени, железни, од камен и тула, високи по 3 и повеќе метра, само да не му сметаме на соседот, а и тој да не ни смета, да имаме приватност и да не сакаме да го запознаеме. Значи станува збор и за поделбата и бодликавите граници кои ги поставија во Македонија само за да не уништат па и за судбината на Палестинците која и ние ја делиме.

Драмата повторно ја режира Стефо Нанцу, а ја игра и главната улога, но гледам дека имате актери и од други националности. Кој е поводот за ова?

Сакам да се даде една автентична слика за она што сакам да се прикаже. За карактерот на либанскиот сосед сакав да заангажирам Либанец, за абориџанскиот Абориџанец итн. што значи не сакав сите карактери да бидат играни од македонски актери. Воглавно дијалогот ќе биде на англиски јазик, со мали дијалози на македонски, арабски, абориџански и кинески. Ова е наш нов приод, експериментираме, многу потешко се работи, се вложува поголем труд не само од моја страна како драматург туку и од самите глумци и режисерот. Нашиот театар преку досегашните изведби е познат и прифатен од македонската публика но сакаме да одиме еден чекор понапред и да им понудиме на пошироката австралиска публика теми кои се актуелни за сите нас. Но секако ние ја имаме водечката улога, а со тоа ја промовираме и македонската нација.

Покрај Стефо, кој игра Австралјанец со ‘чиста сина крв’, водечки улоги има Васко Србиновски, Ирена Вељанова, Валери Пеовска и Петар Павловски.

Се најавува дека самиот градоначалник на општината Хрствил ќе ја отвори премиерната изведба?

Точно, тој има голем почит кон нашето дело и сака да биде дел од ова, како што го нарече, ‘вистинско мултикултурно ремек дело’. Исто на отворањето ќе има видни политички лица и културни работници кои со нетрпение чекаат да видат што ‘се крие зад оградата’.

Премиерата ќе се одржи во петок, 14-ти ноември со почеток во 7 часот но следниот ден на 15-ти во 5 часот ќе има втора престава бидејќи театарот собира 250 луѓе, а интересот е многу голем. Двете престави ќе се изведат во Civic Theatre – Hurstville Entertainment Centre во Хрствил.

Среќно со најновата престава која верувам дека истата индирекно ќе ја промовира македонската нација во Австралија и светот.

Како и досега, Театарот со минатите престави покажа дека е вистински амбасадор на македонската култура. Поради тоа и сме поканети да земеме учество на овој Фестивал, каде со гордост ќе го носиме нашето име.

the-fence

Најново од: Дијаспора

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

Дијаспората заборавени од историската слика за 8-ми септември

Идејата за самостојна Македонија не се роди непосредно пред референдумот во 1991 година. Таа долго живееше меѓу македонците во дијаспората, дури и кога јавното залагање за независност можеше да донесе прогон, затвор и уништен живот. По повод 8 Септември – Денот на независноста и 35-годишнината од создавањето на самостојната македонска држава, под покровителство на претседателката […]

Европратеничката Ирена Јовева – бранител на македонскиот јазик и македонскиот идентитет

Европската Унија е наднационален и меѓувладин сојуз на европски држави. Под ова име е основана во 1993 година, со Договорот за Европската Унија, познат како Договорот од Мастрихт. Сепак, голем број нејзини институции и механизми постоеле и претходно, врз основа на договорите што датираат уште од 1951 година. Активностите на Европската Унија опфаќаат бројни области […]

To top