Дијаспора

Од патувањата по светот – Израел (1)

slave-katin

slave-katin
СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ – КАТИН

(ДЕЛ ОД КНИГАТА „СВЕТОТ  НА  ДЛАНКА“)

ВО ВЕТЕНАТА БИБЛИСКА ЗЕМЈА

Да се посети Светата земја значи да се доживее нешто што останува трајно во сеќавањата на посетителот, нешто недоживеано, и библиски и свето и човечко; нешто ново што е карактеристично само за Израел, за еврејскиот народ и за арапскиот свет, а најмногу за христијаните. Тоа го потврдивме при нашата посета на оваа по многу нешта единствена и карактеристична земја, каде се доживува едно неописиво чувство на чудна мешавина на старото и на новото, на историјата, на Библијата…

Таму се чувствува духот на историјата; таму човек се запознава со библиските преданија, со сѐ она што е поврзано со трите вери на човекот: јудејската, христијанската и муслиман-ската. Таа е земјата каде се обединија еврејските племиња – Израелците и Јудејците во едно царство на чело со водачот на Јудејците, царот Давид. Тој успеал да ги разбие Филистејците, а Ерусалим – Светиот град да го прогласи за престолнина на државата. Во Ерусалим, царот Соломон, синот и наследникот на Давид го изградил прочуениот Храм  посветен на еврејскиот Бог Јехова, храм од кој денес е останат само Ѕидот на плачот, симболот на секојдневната средба на Евреите од целиот свет со својата судбина. Ерусалим е местото од каде што сѐ почнало и каде сѐ ќе заврши на судниот ден. Израел за христијаните е Света земја и местото каде се родил Исус Христос – синот Божји, кој дошол меѓу луѓето, ги подучувал да се здобијат со добродетелство, да му служат на доброто, а да го избегнуваат злото.

Ерусалим е местото каде Исус Христос бил осуден на смрт со распнување на крст, за потоа да воскресне. Таму, во Ерусалим се наоѓа Куполата на карпата и џамијата Ал-Акса, чие име значи „најдалечниот пат“ за што муслиманите веруваат дека по Мека и Медина, Ерусалим е третиот град по значење во исламот, од каде пророкот Мухамед го примил Куранот.

israel

Посетата на Израел, а со тоа и на најголем број свети места, ја остваривме заедно со поранешниот министерот за иселеништво на Република Македонија, м-р Мартин Тренески и нашите сопруги.  Посетивме бројни свети места, значајни културно-историски и други споменици кои оставија длабоки траги кај нас како посетители. А желбата на секој дојденец, верник, намерник или случаен патник е повторно да ја посети Ветената земја за поубаво да се доживее и да се почувствува сѐ она што го оставила историјата на човекот. А, таму во Израел има што да се види, да се научи, да се доживее, да се прошират видиците, сознанијата, духот и духовното живеење. Таму човек се чувствува повозвишен и позначаен како човечко битие. Таму луѓето зборуваат различни јазици: од еврејски и англиски до руски, шпански и македонски, но нивните срца и чувства се едни исти – израелски. Таму се отвораат сите сетила и секој кој ќе дојде во Израел, се труди што повеќе да види, да научи, да почувствува, да запамети како сознание, да го доживее сѐ она што се случувало со векови пред и по христијанството, како и во сегашноста во третиот милениум.

 Од литературата бевме информирани дека според библиските преданија Израел, значи човек кој се бори со Бога. Тоа е име што му го дал ангелот на Јаков, непосредно пред состанувањето со брат му Исав, на крајот од тешката ноќна борба со непознатото битие. Неговите дванаесет синови се зачетници на дванаесетте племиња израелски; а изразот „синови израелски“ ги означува сите Евреи. Првиот израелски цар бил Саул. По него дошол далеку помоќниот Давид, кого го наследил син му Соломон. По неговата смрт царството се распаднало на два дела, Јужно Царство – Јудеја и Северно Царство – Израел. Израел било поголемото и помоќното царство составено од десет племиња со двојно поголемо население од Јудиното Царство и имало три пати повеќе земја и обработлива почва. Земјата се збогатила преку трговија зашто низ неа минувале значајни трговски патишта. Таквата состојба траела околу 200 години, сѐ до освојувањето на Асирците во 721 година пред Исус Христос, кога племињата биле раселени низ Сирија и Северното Царство. Ова Израелско Царство никогаш повеќе не се обновило под истото име сѐ до 1948 година, кога се појавила втората, денешната држава Израел.

Инаку, Израел или на еврејски Мединат Исраел, е еврејска држава во Палестина, во Ветената земја на Евреите, во која дошле после ропството во Египет и долгото лутање по пустината. Името, пак, Палестина, на еврејски Ерез Исраел (потекнува од Филистејците, најголемите непријатели на Евреите), го добила своето име од Римјаните. Сите настани во Светото писмо (Библијата) се случувале токму во Палестина, која секогаш е третирана како родна земја на Евреите.

Зборот Евреин, на еврејски Иврим има неколку значења. Едно од значењата е: дојденци, оние кои дошле од друга земја, име со кое другите народи ги нарекуваат Израелците. Аврам се нарекувал Евреин, а Мојсеј добил заповед на фараонот да му предаде порака од „еврејскиот Бог“. Во Новиот завет, во делата апостолски со името Евреи се нарекувале палестинските христијани, кои зборувале еврејски или арамејски. Не постои израз „еврејски“ или „еврејски јазик“ како ознака на древниот јазик на Евреите во Стариот завет. Таму древниот еврејски јазик се нарекувал канански или јудејски јазик.

bibliski-recnik

Најново од: Дијаспора

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

Дијаспората заборавени од историската слика за 8-ми септември

Идејата за самостојна Македонија не се роди непосредно пред референдумот во 1991 година. Таа долго живееше меѓу македонците во дијаспората, дури и кога јавното залагање за независност можеше да донесе прогон, затвор и уништен живот. По повод 8 Септември – Денот на независноста и 35-годишнината од создавањето на самостојната македонска држава, под покровителство на претседателката […]

Европратеничката Ирена Јовева – бранител на македонскиот јазик и македонскиот идентитет

Европската Унија е наднационален и меѓувладин сојуз на европски држави. Под ова име е основана во 1993 година, со Договорот за Европската Унија, познат како Договорот од Мастрихт. Сепак, голем број нејзини институции и механизми постоеле и претходно, врз основа на договорите што датираат уште од 1951 година. Активностите на Европската Унија опфаќаат бројни области […]

To top