Дијаспора

Томе Трајков во интернационално стрип жири во Албанија

strip

Признание за македонската стрип сцена

strip

Велешанецот Томе Трајков, културен оператор во Стрип центар на Македонија со седиште во Велес е во состав на интернационално стрип жири на првиот стрип натпревар во соседна Албанија. Воедно тој ќе присуствува на манифестацијата којашто по овој повод ќе се организира од 13 до 15 Ноември во Тирана, Албанија

„Драго ми е што ја имам таа чест да бидам дел од овој настан  ,организиран  од страна на Министерството за култура на Република Албанија и на професорот Шпенд Бенгу .Со оваа личност ,којашто е клучна за развојот на стрип сцената во Албанија имам дамнешни контакти и токму на негово инсистирање сум дел од ова жири заедно со Игор Прасел-илустратор и аниматор  од Словенија и Тоон Харстен,новинар  од Белгија .

Стрип натпреварот ,којшто веќе заврши, е резултат на повеќегодишното залагање токму на професорот Шпенд Бенгу и е под покровителство на Министерството за култура на Република Албанија -одделение за културно наследство . Пријавени беа  40 стрип дела на тема од албанската народна ризница .Квалитетот на истите дела за организаторот  и за нас членовите на жирито ,предизвика големо изненадување во позитивна насока. Нашите соседи нема да застанат тука , следен чекор е формирање на прва официјална стрип асоцијација на Р.Албанија ,нешто што одамна му го предлагав на професорот Бенгу .Сега созреаа условите за такво нешто“-истакна Трајков

Тој на овој настан ќе патува заедно со потесниот тим на Стрип центарот на Македонија-Велес.Нивната посета е во склоп на завршни активности од проектот„НОВИ БАЛКАНСКИ ПРИЈАТЕЛСТВА“ финансиран од страна на Фондацијата „ПРИНЦ КЛАУС“ Тие таму ќе остварат засилени контакти со учесниците од овој стрип натпревар а преку медиуми и непосредни контакти го промовираат горенаведениот проект како и стрип сцената во Македонија.

„Горди сме што прераснавме во  организација – ментор на нашите пријатели од соседните  земји.Да додадам само уште дека веќе наредниот викенд ќе заминеме во Приштина  на непосредна средба со автори и асоцијации од овој град. Стрип соработката со Косово, освен со традиционалниот фестивал во Призрен ја прошируваме и кон неговиот главен град “, завршува  Трајков.

Најново од: Дијаспора

ОМД успешно ја заврши втората турнеја низ Германија

Од 2 до 8 ноември 2026 година, Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) посети пет германски града. Се сретнавме со македонските заедници, ја претставивме нашата работа и направивме нови чекори кон формирање на ОМД Германија. По првата турнеја во март, вториот дел собра семејства, професионалци, здруженија и институции. Еве краток преглед на секоја станица. Бретен (Карлсруе) 2 […]

Македонската црква Свети Кирил и Методиј во Чикаго

Македонската православна црква „Свети Кирил и Методиј“ во Чикаго е духовно собиралиште на македонските иселеници и место за зачувување на православната вера, македонскиот јазик и традициите од татковината. Во далечната 1979 година, Македонците од Чикаго го направиле првиот поголем чекор кон остварувањето на својот сон – купиле постара црква во Бервин, Илиноис, и веднаш започнале […]

Семакедонска средба на 14 ноември во Штип

Традиционалната Семакедонска средба годинава ќе се одржи на 14 ноември 2026 година, сабота, со почеток во 12:00 часот, во хотелот „Оаза“ во Штип. Организатори на средбата се Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија „Мирка Гинова“ од Штип и Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија „МАКЕДОН“. За […]

Македонија и Македонците ширум светот, поврзани под едно сонце

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) ги повикува Македонците ширум светот да се вклучат во „МК Конект“ – платформата на волонтери-дописници на Македонската радио-телевизија и Агенцијата за иселеништво. Платформата произлезе од меморандумот за заемна соработка меѓу двете институции, со цел посилно поврзување на македонските иселеници со татковината. ОМД со гордост ја поддржува иницијативата и го поздравува нејзиниот […]

„Заветна“ — песна за нераскинливата врска со Македонија

Постојат песни во кои љубовта кон татковината се изразува како ветување. Таква е „Заветна“, во изведба на Пепи Бафтировски, со музика на Миле Барбаровски и текст на Георги Барбаровски — песна за страдањето, истрајноста и длабоката поврзаност на човекот со македонската земја. Уште во почетните стихови се навестуваат обидите Македонија да биде премолчена, сокриена и […]

Македонската дијаспора е нераскинлив дел од татковината и партнер во градењето на нејзината иднина

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска во Солинген, Сојузна Република Германија, заедно со членови на Извршниот комитет, присуствуваше на Третата конференција на задграничните комитети на ВМРО-ДПМНЕ. Пред присутните делегати, Мицкоски ги претстави актуелните состојби во Македонија, економските резултати, инфраструктурните инвестиции и предизвиците со кои се соочува државата во услови на глобални енергетски и економски неизвесности. […]

„Повод“ – македонски глас од Сиднеј што ја поврзува дијаспората со татковината

Фиданка Танаскова Најновиот, 79. број на списанието на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, Австралија носи богат мозаик од книжевни осврти, културни настани и иселенички сведоштва, во служба на македонскиот јазик, култура и идентитет. Списанието „Повод“, едно од најреномираните македонски иселенички гласила во светот,  што го издава Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, […]

„Т’га за југ“ — песна за секое македонско срце далеку од дома

„Т’га за југ“ од Константин Миладинов е длабоко лична исповед за копнежот по родниот крај. Во неа, далечината се чувствува како студ во душата, а споменот на татковината носи светлина и топлина. Наспроти мракот, маглите и мразовите стојат Охрид, Струга, езерото и родните предели — места во кои поетот чувствува дека припаѓа. Желбата да добие […]

To top