Дијаспора

Античката историја на Македонија и Балканот во делата на западните автори (26 дел)

anticka-istorija-janko-tomov

(од фалсификати до коректно презентирање)

Пишува: Јанко ТОМОВ

anticka-istorija-janko-tomov

Пишувања во врска со јазикот

Од сето ова гледаме дека терминот “грчки превод на Библијата” е несоодветен за преводот наречен Септугинта, кој всушност бил превод на јазикот коине.

Кога веќе ја спомнуваме писменоста, сакаме да ги истакнеме и истражувањата на македонскиот  палеолингвист Васил Иљов, кој тврди дека во Македонија се пронајдени многу стари букви. Во нашата претходна книга пренесовме дел од неговите истражувања преку фотокопии и извадоци.

Коректен став кон јазикот на античките Македонци нуди и авторот Џон Шеа во својата книга под наслов “Македонија и Грција – борба за создавање на нова балканска нација”. Овде авторот го пренесува тврдењето на античкиот историчар Тразимах, па вели:

“Тразимах пишува дека Грците зборувале различен јазик во однос на странските антички Македонци” (на англиски: “Trasymachus thought that the Greeks spoke a different language than the foreign Macedonians”).

 На стр. 40, Џон Шеа пишува за книгата на античкиот историчар Давид Т. Хогарт, во која бил спомнат Филип Втори и Македонската армија. Овде читаме:

 “Хогарт пишува дека во поставувањето на неговата армија, Филип ги отстранил разликите помеѓу Македонците од различните реони и племиња, но во исто време тоа ги засилило разликите помеѓу Македонците и Грците” (на англиски: “Hogarth says that in setting up his standing army, Philip eliminated distinctions between Macedonians from different areas and tribes, but at the same time, increased the disctinctions between Macedonians and Greeks”).

На стр. 46 Шеа сосема правилно пишува дека стариот балкански народ Бриги ја внел својата крв и култура во античко-македонскиот народ. Тој смета дека етнонимот “Бриги” настанал од македонскиот збор “брег”, што значел “рид”. Потсетуваме дека зборот “брег” постои и во денешниот македонски јазик, иако со малку изменета етимологија.

Во продолжение Шеа нуди дел од античко-македонската топонимија, за која цитира странски учени, кои тврделе дека оваа топонимија не била ни грчка, ни тракиска, а ниту илирска.

Продолжуваме со книгата “Империјални владеења – историја на светот од 400 година пред Христос до 200 година по Христос”. Во оваа книга,  во врска со старо-грчкиот јазик, на стр. 18 читаме:

“Јазикот беше грчки, но беше толку расипан со примеси од варварите, што Атињаните не можеле да го разберат” (на англиски: “The language was Greek, but  so tained by barbarians strains, that Athenians could not understand it”).

Авторот не прецизира за кое време станува збор кога пишува за овој, неразбирлив за Атињаните, “грчки јазик”, но во суштина и тој признава дека т.н. “старогрчки јазик” бил мешавина од разни јазици.

Кога сме кај јазикот на античките Македонци, ќе  приложиме уште еден силен доказ дека овој  јазик не бил грчки. Имено, изненадуза неупатените ќе делува фактот дека не постои ниту еден натпис на грчки јазик на територијата на цела Македонија, кој датира од петтиот век пред Христа, т.е. од времето пред прифаќањето на грчката култура во Македонија! Знаеме дека стари натписи на грчки јазик се пронајдени многу поодамна од петтиот век пред Христа, на територијата на денешна Грција, но такви натписи во Македонија – нема! Како доказ за ова ќе споменеме повеќе сведоштва на грчки археолози.

П р о д о л ж у в а

Најново од: Дијаспора

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

ВО АВСТРАЛИЈА ЖИВЕЕ УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНИЈА

Фиданка Танаскова   Во Скопје на 14 октомври промовирана антологијата со поезија „Илинден во нашите срца“ од членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј Промотор на антологијата на овој свечен чин во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ на македонските поети од петтиот континент беше проф. д-р Виолета Ачкоска. Прекрасна октомвриско-роднокрајно-иселеничка промотивна вечер беше […]

Весникот „Македонија“ во Торонто – македонскиот збор далеку од татковината

На 15 октомври 1984 година во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Овој датум останува забележан во историјата на македонскиот иселенички печат и во настојувањата да се зачуваат јазикот, културата и врските со татковината. За Македонците што живееле илјадници километри од родниот крај, печатениот македонски збор имал особено […]

Академик Синиша Станковиќ – вљубеник во Охридското Езеро и Охрид

Животниот и развојниот пат на научникот од светски глас, биолог, еколог, револуционер и општественик, академикот проф. д-р Синиша Станковиќ, е тесно поврзан со изучувањето на Охридското Езеро, со Охрид и Македонија, со развојот на биолошките науки и со афирмацијата на научната мисла во македонското општество. Неговото име е поврзано и со постоењето и конституирањето на […]

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

To top