Дијаспора

Петар Стаматов – донатор за македонските студенти

slave-katin-3

slave-katin-3
СЛАВЕ КАТИН

ОД ЖИВОТОТ И ДЕЛАТА НА МАКЕДОНЦИ ВО СВЕТОТ

Животната историја на Петар Стаматов е, истовремено, и скромен дел од историјата на неговото родно Смилево, на Македонците во дијаспората, а преку нив и на нивната татковина – Македонија. Тој ја основа  Фондацијата “Петара Стаматоф” во 1988 година, по примерот на Фондацијата “Атанас Близнакоф”, која е формирана во 1977 година.

Петар Стаматов, доблесниот донатор, ја напуштил својата родна земја – Македонија од економски причини, а спомените, мислата, љубовта, тагата и патриотскиот дух кон татковината и својот народ не го напуштиле. Проникнувањето на овие хоризонтали во животот на Петар Стаматов и другите донатори, како и сите Македонци ширум дијаспората, ја открива сликата за библиската природа на земјата на нивното потекло сместена на балканските простори.

Она што се случувало од исконските времиња на Филип Втори и Александар Трети – Македонски, или како што е познат Александар Велики, преку незаборавните битки на цар Самуил, до оние на Гоце Делчев, Даме Груев и сите борци по нив, ги отсликуваат историските голготи низ кои минала Македонија, се’ до нејзиното прогласување за самостојна, демократска и независна држава. Затоа, може да се рече, со монографскиот труд за доблесниот иселеник Петар Стаматов, во скромни рамки се проектира најновата фаза на македонската иселеничка историја. Тој е личност за почит и пример од кој можат и треба да се огледаат и други Македонци во двете татковини, САД и Македонија. Делото што го направиле Петар Стаматов и неговата сопруга Јажа, Американка од полско потекло, претставува убав пример и патоказ на еден честит, мешан  и благороден американски брачен пар, меѓу Македонец и Полјачка.

ilinden-smilevo
На Илинден во Смилево

Инаку, роднините, соселаните и пријателите во Македонија Петар Стаматов го викале Петре, додека неговото презиме Стаматов, со доаѓањето во новата земја, администрацијата во САД го завела како Стаматоф (со две ф), што е случај за сите славјански презимиња што завршуваат на “в”. Затоа и неговата донација при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје е регистрирана како Фондација “Петар Стаматоф” во 1988 година.

Смилево е најубаво, највесело и најпривлечно на Илинден, на тој величествен ден на сенародниот македонски копнеж за борба и слобода, на најголемиот празник од сите празници во Македонија. Тоа со гордост го истакнува своето бурно минато исполнето со непокор и борба за опстанок. Во илинденскиот период таму се случиле бурни и драматични настани, а во текот на фашистичката окупација, Смилево било едно од жариштата на револуционерното движење и прва ослободена територија во Битолскиот крај.

На Илинден во Смилево се игра и се пее, се јаде и се пие, се чувствува топло гостопримство и срдечност кај сите оние што доаѓаат да се сретнат со своите роднини, пријатели, познати… Зашто на Илинден во Смилево се собира голем број смилевчани кои живеат надвор од татковината; иселеници од прекуокеанските земји, од европските земји, смилевчани што живеат низ Македонија, гости и иселеници од другите села, туристи и голем број повратници од Демир Хисарско и Битолско.

Селото Смилево е родното место на Петар Стаматов. Тоа за донаторот било и сон и јаве и желба и замаглена слика, и  љубов и тага, и минато и вечност. Затоа Смилево му било често во мислите и многупати го сонувал, но во исто време и се интересирал и читал за родното место.

По угледот на најголемиот донатор во иселеништвото, Атанас Близнаков, со формирањето на својата Фондација “Петар Стаматоф”  бил убеден дека ќе даде драгоцен прилог и придонес за Универзитетот “Св. Кирил и Методиј”, а во исто време за македонската младина  и народ и за неговата родна земја – Македонија. Тој бил убедуван, по примерот на Атанас Близнаков дека неговото дело, во исто време ќе претставува поттик и инспирација за идните македонски генерации, особено во иселеништвото, а и пошироко во Македонија.

Петар Стаматов е човекот кој поголемиот дел од животот го поминал во Чикаго, САД, и кој направил големо дело со формирањето на неговата Фондација, со цел да им помогне на младите македонски генерации – студенти. Меѓутоа, целосна претстава за него може да се добие ако за проекцијата се прекрши родното огниште – легендарното Смилево, потоа Битола, каде го поминал своето детство, и неговите две татковини – Македонија и САД.

Фондацијата “Петар Стаматоф” е животен завет на Петар Стаматов и на неговата сопруга Јажа. Иако тие немале биолошки пород, меѓутоа имаат стотина свои студенти кои остануваат крајно благодарни за помошта што им ја дале во овие дваесетина години. Името и делото на Петар Стаматов ќе се слави вечно кај генерациите кои досега, а и во иднина ќе ја  почувствуваат економската поткрепа од Фондацијата “Петара Стаматоф”.

Како израс и одрас на почитта кон Петар Стаматов и неговата Фондација беше изготвена монографско дело. Така, Монографијата “Петар Стаматоф” од Славе Николовски-Катин и внукот на Стаматов проф. Методија Трајковски е дело на историскиот развој, постигнувањата и животниот пулс на донаторот Петар Стаматов. Монографијата е печатена на македонски и на англиски јазик во чест на животот и делото на еден од хуманистите од македонско потекло кој живееше во САД, Петар Стаматов и неговата фондација “Петар Стаматоф”. Појавата на ова дело е кулминација на многу значајни активности кои се случија во текот на скоро еден век  во животот на Петар и Јажа Стаматови и на постоењето на Фондацијата “Петар Стаматоф” во период од дваесет и пет години

Монографијата беше промовирана во Ректоратот на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј во Скопје, како издавач, на 26 ноември 2010 година. На промоцијата за животот и делото на Петар Стаматов и неговата фондација зборуваа: ректорот проф. д-р Велимир Стојковски, потоа, проф. д-р Максим Каранфиловски, како рецензент и на крајот се заблагодари авторот Славе Николовски-Катин.         

cikago
Чикаго

Животот на еден благороден иселеник од Македонија во Соединетите Американски Држави, како што беше Петар Стаматов, сместен во еден ограничен со податоци биографско-публицистички времеплов е своевидна сага за неговото опстојување. Монографијата за Петар Стаматов, со сета скромност, е лика и прилика за неговиот живот и за делото што тој го остави вечно да се сеќаваат младите генерациите во Македонија.

Монографијата за Петар Стаматов и неговата Фондација “Петар Стаматоф” се потпира на фактографија која извира од неговиот животен опус и од големото дело. Книгата е скромна слика за човекот кој поголемиот дел од животот го поминал во Чикаго, САД, и кој направил големо дело со формирањето на неговата Фондација, со цел да им помогне на младите македонски генерации – студенти. Меѓутоа, целосна претстава за него може да се добие ако за проекцијата се прекрши родното огниште – легендарното Смилево, потоа Битола, каде го поминал своето детство, и неговите две татковини – Македонија и САД.

Треба да се нагласи дека биографските податоци за донаторот на фондацијата “Петар Стаматов” при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј”, доблесниот иселеник од Македонија, Петар Стаматов, ги дознавме од документот што тој самиот го напишал на македонски јазик во септември 1988 година и го испратил до неговиот внук Проф. Методија Трајковски.

Во документот, меѓу другото, се вели дека Петар Стаматов бил роден во 1897 година во револуционерното и живописно село Смилево – Битолско (денес административно припаѓа на општина Демир Хисар). Уште како дете на предшколска возраст, Петар се соочил со тежок и суров живот. Но, најстрашно било во бурните времиња на Македонија кога Османлиите го запалиле Смилево. Тогаш, неговата мајка ги грабнала двете дечиња; неговата сестричка Христина ја дигнала на раце на левата страна, а него го водела со десната рака. Потоа во голема паника со другите смилевчани кои панинчно бегале успеале да влезат во шумата, оставајќи го селото во пламен.                    

petar-stamatov

При крајот на 1920 година Петар Стаматов донел одлука  да замине за Соединетите Американски Држави со цел да бара подобар живот. Среќата му се насмевнала кога ги поднесол документите заедно со пасошот да барам виза. Со визата за САД му се отвориле видиците и можноста да ја стаса групата која што пред извесен период замина за Америка. Среќата му се насмевнала и навистина групата ја стасал во Загреб, од каде заедно го продолжил патувањето кон САД.

По неколкудневно патување Петар Стаматов заедно со неколку други емигранти пристигнал во Гери, Индијана. Таму имало поголема македонска колонија, каде тој се приклучил и се чувствувал како да е во Македонија.Петар Стаматов во Чикаго ја запознал Јажа, девојка од полско потекло, со неја се оженил и со неја останал до нејзината смрт. Петар во својот брак немал деца. Тој починал на 27 јануари 1995 година во Чикаго каде е и сахранет.

Петар Стаматов по природа бил благороден човек, хуман и културен. Животот тежок што го поминал, го направил таков да секогаш бил спремен некому да помогне. Материјално помагал многу луѓе, а неговата финансиска помош за изградба на болница во Скопје после катастрофалниот земјотрес не била мала.       

Инаку, Монографијата за донаторот Петар Стаматов е поделена на неколку дела. Во нив се претставени неговите две татковини – родната Македонија и Соединетите Американски Држави каде го завршил неговиот овоземен живот. Посебен простор е посветен на Фондацијата “Петара Стаматоф” која е формирана по примерот на Фондацијата “Атанас Близнакоф”. Овие две фондации на македонски иселеници во дијаспората, досега се најголеми на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје, а и во Македонија во целина.

Фондацијата “Петар Стаматоф” е животен завет на Петар Стаматов и на неговата сопруга Јажа. Иако тие немале биолошки пород, меѓутоа имаат стотина свои студенти кои остануваат крајно благодарни за помошта што им ја дале во овие дваесетина години. Името и делото на Петар Стаматов ќе се слави вечно кај генерациите кои досега, а и во иднина ќе ја  почувствуваат економската поткрепа од Фондацијата “Петара Стаматоф”.

Животот на еден благороден иселеник од Македонија во Соединетите Американски Држави, како што бил Петар Стаматов, сместен во еден ограничен со податоци биографско-публицистички времеплов е своевидна сага за неговото опстојување. Монографијата за Петар Стаматов, со сета скромност, е лика и прилика за неговиот живот и за делото што тој го остави вечно да се сеќаваат младите генерациите во Македонија.

—————————————–

Делови од материјалот се објавени во монографијата за Петар Стаматов од Славе Николовски – Катин и Методија Трајковски во издание на Ректорат на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј”, Скопје, 2010, 1-192. (на македонски и англиски јазик).

Најново од: Дијаспора

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

Дијаспората заборавени од историската слика за 8-ми септември

Идејата за самостојна Македонија не се роди непосредно пред референдумот во 1991 година. Таа долго живееше меѓу македонците во дијаспората, дури и кога јавното залагање за независност можеше да донесе прогон, затвор и уништен живот. По повод 8 Септември – Денот на независноста и 35-годишнината од создавањето на самостојната македонска држава, под покровителство на претседателката […]

Европратеничката Ирена Јовева – бранител на македонскиот јазик и македонскиот идентитет

Европската Унија е наднационален и меѓувладин сојуз на европски држави. Под ова име е основана во 1993 година, со Договорот за Европската Унија, познат како Договорот од Мастрихт. Сепак, голем број нејзини институции и механизми постоеле и претходно, врз основа на договорите што датираат уште од 1951 година. Активностите на Европската Унија опфаќаат бројни области […]

To top