Дијаспора

Од патувањата по светот – Индија (2)

slave-katin

slave-katin
СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ – КАТИН

(ДЕЛ ОД КНИГАТА „СВЕТОТ  НА  ДЛАНКА“)

АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ ВО ИНДИЈА

Се чини дека Индија го одушевила и го магепсала и големиот вој­ско­во­­дец и освојувач Александар Македонски. Така, според голем број извори, и тој откако го покорил Персиското Царство на Дариј, во летото 327 година пред Христа тргнал по неговиот пат за Индија, поробувајќи го­­лем дел од сегашна Индија и дошол до реката Ганг.

Треба да се нагласи дека додека Александар Македонски бил во Персија, особено по освојувањето на градот Суса, каде што била одржана голема свеченост со парада на војската, со одликување и награди за заслужните борци, големиот освојувач дошол на идеја за збратимување со Персијците и создавање единствен свет. Се стремел да ги спои македонскиот и персискиот народ и да направи асимилација на персиската аристократија. Затоа им предложил на своите офицери и војници да се оженат со Персијки, придржувајќи се на персиските обичаи за полигамија. Во таа пригода покрај него во брак стапиле уште 80 хетери и 10.000 војници.

Во Индија, пак, целта на походот била создавање нова светска монархија, запознавање со нови народи, нови морски патишта, нови економски односи и да се достигне крајниот свет, што во тоа време се мислело дека „таму е крајот на светот“.

Походот на Александар Македонски бил поддржан од околу 120.000 војници, кои тргнале од Бактрија на чело со големиот Александар, преку денешен Авганистан и Пакистан, до Индија. Оваа експедиција го чинела Александар многу труд, борби и војници. Во „земјата на чудата“ Македонците влегле во 326 година пр.н.е. Индискиот цар Пор дал силен отпор и тоа била една од најкрвавите Александрови битки, но како и во другите делови на Земјината топка тој ја остварил својата цел – покорил дел од Индија. Се смета дека Александар во освоениот дел на Индија изградил 12 храмови со височина од 22 метри, кои ги посветил по имињата на своите богови, како Амон, Аполон, Херкул… На огромен обелиск напишал „Тука застанал Александар“. Исто така, и во Пенџаб и долж реката Инд изградил многу градови, пристаништа и бродоградилишта, со што се воспоставиле цврсти врски меѓу Македонија и Индија.

bitka-na-aleksandar-makedonski
Битка на Александар Македонски

Затоа, со право се вели дека со Александровите походи и освојувањата, дошло до големи промени во историјата на човештвото. Во воена смисла се истакнува дека Александар како војсководец бил таков гениј како никој друг во историјата. Се изнесуваат неговите лични особини, натпросечна интелигенција, големо другарство, храброст, дисциплина, неговите доблести во управувањето и контролата на Македонската Империја. Особена позитивно се оценуваат неговите настојувања за глобализација и создавање мостови на соработка меѓу народите на Европа, Азија и Африка.

Индиските уметнички производи се доста поз­нати на целиот свет околу 5.000 години. Народ­ната умет­ност секогаш била една од основите на ин­­дис­ката економија, бидејќи производите биле извезувани во многу земји – од Египет до Кина.

Така, индиската жена, по традиција, мора да биде украсена од главата до петиците. Главните ук­раси од сребро, потоа и дијаманти вклучуваат во се­бе изработени клинци со розетки, приврзоци, ѓерданчиња и венчиња (што се ставаат во косата), обет­­­ки, бразлетни (со различни украси) и прстени. По­­­ловината ја опашуваат со широки појаси на кои се ставени по неколку редови синџирчиња и други при­­врзоци. Филигрански производи се ста­ваат и на прстите на рацета и на нозете. Квалитетот на украсите што ги носат жените зависи од ма­те­ри­јал­ната состојба на семејството, но нивниот број најчесто е поголем само на праз­нич­ни де­нови, додека жените на село своите украси – на­рак­вици, прс­­тени, обетки и друго, ги носат постојано.

Традиционална и најзастапена женска облека е сарито – ткаенина со должина од 4 до 9 метри, ко­ја како завеса го обвиткува женското тело. Ша­рата на секое сари е неповторливо уметничка ком­по­зиција. Таа може да биде исткаена, печатена, ве­зена или нанесена при процесот на боењето. Бенарес е центар каде што се изработуваат скапоцени сари, сребрени шалчиња и шамии со најбогата ор­на­мен­ти­ка, испреплетени со златни и сребрени конци.

Низ цела Индија се изработуваат нај­раз­но­вид­ни производи од метал, преку лиење, жешко и ладно, ко­вање и изработка на филиграни. Металниот при­бор секогаш го придружува орнаментика. Во се­вер­ниот дел на Индија орнаментот го карактеризираат мо­тиви на растенија или геометриски фигури. Во јуж­ниот дел, пак, најзастапени се фигури на луѓе и жи­вот­­ни, а во храмовите и на декоративните предмети – фи­гури на богови. Орнаментот се нанесува со гра­ви­ра­ње, со чекан, ковање и зарежување. Често грави­рана­та шара се прелива со бојосан емајл или со спе­цијални лакови.Најпознати се месинговите и бронзените из­ра­ботки со емајл во државата Раџастан, каде се изработуваат во легени со зафатнина од неколку лит­ри вода, и помали – јувелирни украси, а по вакви предмети се познати и мајсторите од Каш­­мир.

Уште еден занает, раширен низ цела Индија, е плетењето. Од слама, јута и палмини влакна, укра­се­­­ни и најукрасени, се плетат најразлични предмети како ро­гозини, кошнички, салфети, дамски чанти и торби за домаќинствата, капи итн.

indiski-svadben-fustan
Индиски свадбен фустан

Продолжува

Најново од: Дијаспора

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

ВО АВСТРАЛИЈА ЖИВЕЕ УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНИЈА

Фиданка Танаскова   Во Скопје на 14 октомври промовирана антологијата со поезија „Илинден во нашите срца“ од членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј Промотор на антологијата на овој свечен чин во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ на македонските поети од петтиот континент беше проф. д-р Виолета Ачкоска. Прекрасна октомвриско-роднокрајно-иселеничка промотивна вечер беше […]

Весникот „Македонија“ во Торонто – македонскиот збор далеку од татковината

На 15 октомври 1984 година во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Овој датум останува забележан во историјата на македонскиот иселенички печат и во настојувањата да се зачуваат јазикот, културата и врските со татковината. За Македонците што живееле илјадници километри од родниот крај, печатениот македонски збор имал особено […]

Академик Синиша Станковиќ – вљубеник во Охридското Езеро и Охрид

Животниот и развојниот пат на научникот од светски глас, биолог, еколог, револуционер и општественик, академикот проф. д-р Синиша Станковиќ, е тесно поврзан со изучувањето на Охридското Езеро, со Охрид и Македонија, со развојот на биолошките науки и со афирмацијата на научната мисла во македонското општество. Неговото име е поврзано и со постоењето и конституирањето на […]

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

To top