Дијаспора

Од патувањата по светот – Индија (4)

slave-katin

slave-katin
СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ – КАТИН

(ДЕЛ ОД КНИГАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“)

МИСИЈАТА НА МАЈКА ТЕРЕЗА

Животната сторија на Мајка Тереза започнува во таканаречениот „Латински кварт“ на скопскиот десен брег на реката Вардар, кога Македонија беше дел од Отоманската Империја. Во Скопје ја прима католичката вера и се приклучува кон нејзиното латинско семејство. На 26 август 1910 година се раѓа Агнеса Гонџа, како најмлада од трите деца на Никола и Дрона (Тренда­фила) Бојаџиу. Куќата во која растела Гонџа се нао­ѓа­ла на влезот на денешниот Градски трговски цен­тар, на поранешната „Поп Кочина“ улица. Под нераз­јас­нети окол­ности татко £ Никола починал и бил погре­бан на ка­­толичките гробишта во Скопје, кога Агнеса Гонџа има­ла само седум години. Тоа било и пресвр­тница во животните насоки на семејството Бојаџиу. Така, нејзината мајка и нејзината сестра Агу заминале како мисионерки на Католичката црква во Албанија, каде што умреле без пов­торно да ја видат својата сакана Гонџа и тоа, пред сè, поради непопустливоста на тогашните албански влас­ти, кои не им потклекнале дури и на големите при­тисоци од светски личности и не ‘и дозволиле на Мај­ка Тереза влез во Албанија и посета на своите нај­блиски – мајката и сестрата. Нејзиниот брат Лазар заминал за Италија каде што се оженил со девојка од грофовско семејство со која има ќерка која го но­си името на својата славна тетка Гонџа.

За Мајка Тереза како млада скопјанка и за нејзиниот живот во Скопје во времето пред почетокот на Првата светска војна многу малку е напишано, а податоците се често непрецизни и нецелосни. Повеќегодишните истражувања за животот на Мајка Тереза, односно Гонџа Бојаџиу, првин во Скопје, а потоа во Калкута, даваат една посеопфатна слика за детството и младоста поминати во Скопје и за нејзината необична и несебична животна определба втемелена во Индија и проширена во светот.

По смртта, како и во текот на животот на Мај­ка Тереза, во бројни текстови за нејзиното хумано дело се појавија огромни намерни или ненамерни про­пусти или погрешни факти. Меѓутоа, вистината е дека таа е родена во Скопје, дека беше латинка со католичка вероисповед, кај кои нема поделба на на­ционалност, туку само вероисповед. Мајчин јазик и‘ беше хрватско-српскиот и не зборуваше друг јазик сè додека не отиде преку Загреб во Ирска каде учеше англиски јазик и од каде замина за Калкута, тогашниот најголем град на Британската Империја по Лондон. Мајка Тереза пристигнала во Калкута на 6 ја­нуари 1929 година и таму остана до крајот на својот жи­вот. Двапати го посетила своето родно место Скоп­је, во Република Македонија.

majka-tereza
Мајка Тереза

На 24 мај 1931 година, Гонџа Бојаџиу ја до­несува својата судбоносна одлука – го менува своето име и го зема монашкото име во чест на Света Тереза од Авила, шпанска калуѓерка од XVI век и станува Мај­­ка Тереза. Таа се соочува со страдањата на лу­ѓето низ улиците на Калкута, каде предано работи на нејзиното мисионерство подолг временски период. Затоа, во 1948 година, папата Пие XII £ да­ва дозвола да живее како независна калуѓерка, а истовремено таа станува жител на Индија. Во тој период го основа редот „Мисионерство на мило­ср­дие­то“, чии карактеристики се: едноставно бели сари со сини ленти и со по еден крст закачен на левото рамо. Така од срце со неверојат­на волја и енергија започнува нејзиното несебично и пожрт­ву­вано ангажирање да се помогне на сиро­масите, бол­ните, сираците, старците и инвали­дите. Це­лиот свој живот им го подарува токму на нив. На та­ков на­чин Мајка Тереза станува позната и приз­ната гра­ѓан­ка не само во Индија, туку и во светот, а еден од неј­зините редови „Сестри на милосрдието на Мајка Те­реза“ постои и во Република Македонија.

Инаку, Мајка Тереза не сакала многу да зборува за себе, дури ниту со своите најблиски пријатели и соработници, ниту сакала за неа да се пишуваат биографии. Таа тоа го објаснувала со зборовите: „Животот на Исус Христос не беше напишан за време на неговиот живот, па, сепак, тој ја направи најголемата работа на Земјата – го спаси светот и го научи човештвото да го сака неговиот Татко. Работата е негова. Работата, и така останува тоа. Сите ние сме само негови инструменти, кои прават нешто свое, сосем малку, и заминуваат“.

Исто така, Мајка Тереза често велела „Сепак, не јас, туку Христос живее во мене“. Затоа, оние што имале можност да се сретнат и да зборуваат со Мајка Тереза, ќе се сетат на неа како на крајно едноставна, но топла личност која пленувала и која не се заборава, туку трајно останува во сеќавањата. Таа претставува синоним за сето добро, благородно, чесно за тоа како од срце искрено се помага на оние на кои помошта им е најмногу потребна. Таа била често именувана како светица на сиромаштијата и сиот свој живот им го посветила на невините жртви на насилството, на оние кои умирале низ улиците, на болните од лепра и од сида. Таа живеела едноставно, како за време на животот, така и по нејзината смрт – остана синоним за доброто во светот. Мајка Тереза за многумина претставуваше светица во согласност со старите канонски правила; побожна, нежна, совесна, кревка, едноставна. Многумина ја осознаа додека беше жива, или за многумина стана светица дента кога таа почина.

majka-tereza-jovan-pavle
Мајка Тереза кај папата Јован Втори

Продолжува

Најново од: Дијаспора

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

ВО АВСТРАЛИЈА ЖИВЕЕ УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНИЈА

Фиданка Танаскова   Во Скопје на 14 октомври промовирана антологијата со поезија „Илинден во нашите срца“ од членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј Промотор на антологијата на овој свечен чин во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ на македонските поети од петтиот континент беше проф. д-р Виолета Ачкоска. Прекрасна октомвриско-роднокрајно-иселеничка промотивна вечер беше […]

Весникот „Македонија“ во Торонто – македонскиот збор далеку од татковината

На 15 октомври 1984 година во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Овој датум останува забележан во историјата на македонскиот иселенички печат и во настојувањата да се зачуваат јазикот, културата и врските со татковината. За Македонците што живееле илјадници километри од родниот крај, печатениот македонски збор имал особено […]

Академик Синиша Станковиќ – вљубеник во Охридското Езеро и Охрид

Животниот и развојниот пат на научникот од светски глас, биолог, еколог, револуционер и општественик, академикот проф. д-р Синиша Станковиќ, е тесно поврзан со изучувањето на Охридското Езеро, со Охрид и Македонија, со развојот на биолошките науки и со афирмацијата на научната мисла во македонското општество. Неговото име е поврзано и со постоењето и конституирањето на […]

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

To top