|
|
Светскиот Македонски Конгрес во Европа |
Пишува: Тодор ПЕТРОВ Во организација на Македонскиот клуб МАКЕДОНИЈА од Хајделберг, СР Германија, во 1992 година, Македонците во СР Германија започнуваат подготовки за семакедонско обединување во организацијата ОБЕДИНЕТИ МАКЕДОНЦИ ЗА ЕВРОПА. Првото Собрание на организацијата Обединети Македонци за Европа е одржано на 6 и 7 февруари 1993 година во Штупферих, СР Германија. На Собранието е донесена одлука за обединување во единствениот Светски Македонски Конгрес чијшто претседател е Тодор Петров, под името Македонски Конгрес за Европа. За прв претседател на организацијата ОБЕДИНЕТИ МАКЕДОНЦИ ЗА ЕВРОПА е избран Ванчо Минов од СР Германија. Второто Собрание на Македонскиот Конгрес за Европа е одржано на 17 и 18 јуни 1995 година во Сенденхорст, СР Германија. За Претседател на Македонскиот Конгрес за Европа е избран м-р Веле Алексоски од СР Германија со мандат до 25 април 1998 година. Третото Собрание на Македонскиот конгрес за Европа е одржано на 22 февруари 1997 година во Синделфинген, СР Германија. Четвртото Собрание на Македонскиот Конгрес за Европа е одржано на 25 април 1998 година во Ремшаид, СР Германија. За Претседател на Македонскиот Конгрес за Европа е избран Драги Богоевски од СР Германија. Петтото Собрание на Македонскиот Конгрес за Европа е одржано на 9 октомври 1999 година во Оснабрук, СР Германија. За Претседател на Македонскиот Конгрес за Европа е избран Насто Палиоски. Шестото Собрание на Македонскиот Конгрес за Европа е одржано на 17 март 2001 година во Синделфинген, СР Германија. За претседател на Македонскиот Конгрес за Европа е избран Иљо Тодев со мандат до 17 март 2005 година. Во Македонскиот Конгрес за Европа беа обединети сите здруженија на Македонците во Европа од Шведска, Норвешка, Финска, Белгија, Данска, Холандија, Луксембург, Франција, Германија, Полска, Швајцарија, Италија, Австрија, Словенија и Хрватска. |