Среда, 09 Декември 2015   
Четири часа во агонија


Златко Давитковски, Куманово 2004 г. (2)

Седам во мојата соба,  доаѓаат тројца полицајци во униформа и ми велат: - Ај дај ја личната карта.

Кога видоа дека сум жител на Куманово, се погледнаа.  Јас ги знам тие не ме познаваат. Поминаа две-три минути мене ме фати страв и јас паднав во собата. Паднав во транс и Свети Јован ми вели: „Слуго Златко, со намера се дојдени да те тепаат, а немаат ни налог, ниту изјава, некој дал изјава против тебе. Но ние ќе ставиме рака на тебе, ќе дадеме промена.“ Некоја сила ги исфрли надвор полицајците за секунда, а јас во агонија. Невидлива сила само ми диктираше: „Слуго, не плаши се, слуго не плаши се. Сега ќе те изведеме надвор.“ И точно слушнав за се што ќе ми се случи во наредните четири часа. Ми се кажа дека тоа ќе биде пример за полицијата.

Верувале или не, така и се случи. Јас станав од собата се погледнав во огледалото, лицето ми беше бледо како мов. Излегувајќи од собата по патеката кон црквата дојдов до половина пат и ги видов полицајците како ме посматраат. Ме стресе некоја чудна сила и паднав во тревата. Четири часа бев во агонија. Целото село се собрало, а полицајците велеле, ајде селани земајте ќебиња да го дигнеме, а селаните велеле дека за нив јас сум светиња. Вие како полицајци ако сте посилни од него и од Бога, зашто ви се пендраците на кук, зашто сте вооружени. Како полицајци зошто вие чекате еден Златко, зошто не употребите сила. Ние не можеме затоа што кога тој ќе падне пред црквата, ние не можеме да пријдеме. Кога ќе дојде време, Божјата сила сам ќе го дигне.

Марицата била надвор од кругот на црквата, до едно свето место ние го викаме Крст. Не можеле да ја запалат марицата и да ја довезат во црквениот двор, и неколку пати се јавувале до станицата. Селаните ми кажуваа дека велеле: „Друже командире, телото е непокретно, телото е како шпиртосано, не можеме да пријдеме од 10-15 метра.“ Кога поминаа четири часа станувам целиот истоштен, а полицајците во покајание. Бев во кошула и шушкавец кои целите беа во кал, бидејќи беше влажно време. Ги послушав влегов во марицата и појдовме по црниот пат преку Аеродром. Некаде кај аеродромот стигна џип со други двајца полицајци. Од тројцата полицајци што беа кај мене Свети Јован ми рече едниот ќе умре, и нема пензија да дочека, и навистина едниот е умрен. Умреа и уште двајца други полицајци што ме малтретираа. Божјата заштита во случајот веројатно беше што ме тепаа. Тројцата што ме носеа со марицата ме предадоа на двајцата во џипот. Ми кажаа едни полицајци, потоа, дека тие тројцата кога отишле во полиција, рекле: „Кој има две глави и две човечки срца нека го дира. Ние четири часа гледавме, мака не му се гледа“.

Двајцата што ме презедоа во џипот ме понесоа кон Паланка да ме отселат. По патот кон Старцин му кажав на едниот полицаец дека неговиот син пред три дена беше кај мене. На ден Велигден му украл на свештеникот една дебела црковнословенска книга. Дојде да ме праша што да прави? Му велам на полицаецот да ја врати и дека тоа е криминална работа, а не тоа што го правам јас. Тој се навреди и почна да ме провоцира по патот. Кога дојдовме во Крива Паланка беше дежурен еден полицаец од моето село. Со мојот брат што е во Австралија во една вода се крстени. Тој им рече:

 -Колеги, ве молам, Златко нема да биде примен во нашата полиција. Мајка му е во црно облечена. Некој и рекол дека ако не се облече во црно, Златко нема да и дојде. Мајка ми плачела до небо се слушало. Златко на мравка пат не згазил. Зарем малку му се неговите маки па уште и милицијата да го прогонува! Зошто го малтретираме? Ако дознае мајка му, пред време ќе умре.

Ме оставија полицајците од Куманово и си се вратија назад, а Ѓоре ми рече:

- Ти ќе одиш дома кај мене да преспиеш, нема потреба да спиеш овде. Изутрина ќе видиме.

Јас не отидов во полициската куќа бидејќи целиот бев воден и каллив туку кај една моја роднина што живееше до полицијата. Таа ме праша зошто си мокар и каллив ама јас не смеам да кажам. Ќе каже на мајка ми и ќе умре пред време. Реков дека сум туркал една кола и сум паднал во кал. Во пет млаки води не можеше да го испере шушкавецот. Утрото отидов во полицијата и им велам:

- Ме знаете од која фамилија сум, и што сум. Ако сум заслужил притворете ме, затворете, убијте или пуштете ме на слобода. Ајдуците сте ги пуштиле да крадат, а нас мирните не малтретирате. Јас меѓу две сили не можам да опстанам. Мене чудна сила ме влече да го напуштам родниот крај, а вие ме мачите да се вратам.

Од книгата „Мојот пат“ од Златко Давитковски, Куманово 2004 година.

(Марко Китевски)

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.