|
|
ИНТРИГИ: Благоја против Томе Јаневски од Виница |
рсвр - срм СДБ - II сектор Отчукано во 3 примероци 7.1о.1977 година С к о п ј е СЛУЖБЕНА БЕЛЕШКА На 6.1о.1977 година по телефон од Западен Берлин се јави и извести следното: СИМЕОН АНДОНОВ од с. Бардовци и ГОЈКО ЈАКОВЛЕВСКИ се жалеше дека во Струмица бил повикан од Државна безбедност и малтретиран заради членувањето во ДООМ. Симон кажа дека под притисок признал дека заедно со мене и со МАНЕ ЈАКОВЛЕВСКИ бевме во Гослар каде со ТОМЕ ЈАНЕВСКИ договаравме формирање подкомитет на ДООМ во Западен Берлин. Симон мисли дека Јаневски ве известил за се, преднего и Гојко го поддржав дека Томе е агентот на Скопје. Уште одма Гојко му се јави на ИСАКОБСКИ и го предупреди да се чува од Томе зошто "проверено знае" дека Томе се известува во Скопје. Гојко кажа дека пристигнала машината за печатење "ИБМ" и де новиве ќе ја инсталирал во визбата на кафаната "Ново Скопје" а одма потоа ќе почнел да излегува весникот "Обединета Македонија. На мое прашање кој ќе го уредува, Гојко рече дека се тоа е средено. Јас машината не сум ја видел и се уште мислам дека Гојко се фали. Други новости засега нема |