|
|
ЛУДА ЗАБАВА НА „ЕВРО-МАК-ПОП ВЕЧЕР - 97“-Берлин |
ЛУДА ЗАБАВА НА „ЕВРО-МАК-ПОП ВЕЧЕР - 97“-Берлин На првата „Евро-Мак-Поп вечер - 97“, повеќе од десет часа, се дружевме со младите Македонци,втора или трета генерација, која живее, учи или работи во Берлин. Всушност, нивните родители се родум од Македонија, а овде дошле на времена работа, во периодот меѓу шеесеттите и седумдесетите години на 20-тиот век. Пред почетокот на забавата, Милена Цветанова, претседателка на Македонскиот младински клуб „Александар Македонски“, организатор на забавата, не информираше, дека на нивна покана со специјални автобуси и сопствени возила допатуваленивниврсници,МакедонциодХановер,Латцен, Нинберг, Минхен, Штутгард, Франкфурт,Бремен,Дортмунд,Офолбенг,Дизелдорфиод други места, за да се дружат, да се забавуваат, да ги продолжат традициитенанивните родители, дане ги заборават сопствените македонски корени. Цветанова, во разговорот посебно ја потенцира и изрази голема благодарност за помошта што им ја дава Манојил Јаковлески, која се состои од голема финансиска, морална и организациона помош, за формирање на ММК „Александар македонски клуб“ и за организирање на првата „Евро-Мак-Поп вечер Берлин - 97“. Гостите ги забавуваше штипскиот бенд „Арис брада бенд“, а незаборавно шоу приредија: популарниот Владо Јаневски и специјалниот гостин Јонче Христовски. Неочекувано,мошне забавно и неповторливо беше, кога Владо Јаневски му се придружи на Јонче и во дует исполнија неколкупесни. „Не сумзнаел,дека со Јонче сме прекрасен дует.Задоволен сум што без проба, без договор, настапот ни беше неповторлив“- со задоволство говореше Владо, а Јонче тоа го поздрави со воодушевување. По завршувањето на манифестацијата,претседателката Цветанова, беше презадоволна: „Целта ја постигнавме. Она што го замисливме, целосно го реализиравме. Ова беше вечер, која на сите ќе ни остане во долго сеќавање, бидејќи на дружењето, на играта и на веселбата им немаше крај. Се запознавме со многу наши врсници и се договоривме, вакви и слични средби и забави да организираме почесто, за да не се заборавиме и за да ја продолжиме нашата македонска традиција и на овие простори, далеку од нашите корени“. ЈОНЧЕ ЈА ПЕЕШЕ СОПСТВЕНАТА ХИТОВСКА ПЕСНА „ АЈ ЗАСВИРЕТЕ ЧАЛГИИ“ МУ СЕ ПРИДРУЖИ ВЛАДО ЈАНЕВСКИ. ТОА БЕА МОМЕНТИ ЗА УЖИВАЊЕ ВО ПРЕКРАСНИТЕ ГЛАСОВИ НА ДВАЈЦА АСОВИ. ПУБЛИКАТА НАСТАПОТ ГО НАГРАДИ СО ГРОМОГЛАСНИ АПЛАУЗИ.БРАВО. ФОТОГРАФИИТЕ ГОВОРАТ ЗА РАСПОЛОЖЕНИЕТО НА ЈОНЧЕ И ВЛАДО. ТЕКСТ и ФОТОГРАФИИ: КИРО КИПРОСКИ |