|
|
Од 1990 г. до денес во Македонија се накотија Велередавници и влакно не им фали |
Во кривичното законодавство, современите општества изградиле институт велепредавство. Тој што Ве предал поради материја, на пример пари или власт, или и едното и другото. Велепредавство е правен поим што се однесува на чин на предавство против сопствената држава, обично вклучувајќи акти како што се заговор против владата, шпионажа, помагање на непријателот во време на војна или обид за насилно соборување на властите. Во македонскиот правен систем, велепредавството е дефинирано во Кривичниот законик и се однесува на дела што го загрозуваат уставниот поредок. Тој што полагал заклетва дека нешто ќе штити и брани по Устав и закон, а поради интерес, ја погазил заклетвата и прешол на другата страна. Степенот на одговорноста го квалификува делото на предавство или велепредавство. Велепредавство е кога владин функционер, за време на своето владеење работи или пропагира против својот народ и држава. Според македонското законодавство, за велепредавство може да се сметаат: 1. Предавство на државната тајна – Ако некое лице ѝ предаде доверливи информации на странска држава или организација, што може да ја загрози националната безбедност. 2. Дејствија против уставниот поредок – Обид за насилно уривање на уставниот поредок или насилно менување на власта. 3. Соработка со странски служби – Ако некој свесно соработува со странски разузнавачки или безбедносни служби со цел да ѝ наштети на Македонија. 4. Учество во терористички или сепаратистички активности – Доколку некое лице учествува во активности што имаат за цел да ја нарушат територијалната целина или безбедноста на државата. 5. Злоупотреба на службена положба во полза на странска сила – Доколку носител на функција (политичар, воен офицер, службеник) преземе дејствија што му користат на странски интереси на штета на Македонија. Казни за велепредавство Во Кривичниот законик на Македонија, велепредавството спаѓа во најтешките кривични дела и може да резултира со: Долги затворски казни -15 години, доживотен затвор, конфискација на имот и други мерки од законот за национална безбедност. Време е судските органи да се позанимаваат со оваа категорија Велепредавници-антимакедонци, дело кое не застарува. |