Среда, 21 Октомври 2020   
Забрана за конгресот

"Слободен глас на Македонија"

Скопје,22 јули 1993

Пратеникот на македонските комунисти, Алил Џаферовски ,во името на своите истомисленици побара на говорницата во парламентот да биде донесена ЗАБРАНА за семакедонскиот Конгрес на Петров односно на Здружението на семакедонскиот Конгрес,што тој го основа!?

Ова се случи вчера, во текот на расправата околу утврдувањето на дневниот ред на редовната седница на Парламентот при што најголемите расправии и кршење коља се случија токму околу прашањето за поставување посебна точка од дневниот ред - одржувањето на Семакедонскиот конгрес на 7 и 8 август во Скопје.

Се очекуваше -противниците на националните определби на партиите и граѓаните во Македонија, од редот на СДС / односно. македонските комунисти, дека ке направат секакви напори да го оневозможат одржувањето на тој за нив „непријателски собир“ . Во тие можни претпоставки за чекорите што би ги преземале стоеше и одземање на салата каде што е закажан конгресот, што и се случи. Салата на АРМ нема да им биде дозволена на организаторите, за што претседателот на Здружението, и организатор на Конгресот, г. Тодорр Петров веќе најави тужба; и на откажувачот на организаторот,односно иницијаторот на откажувањето.

Се очекуваше и ставање во функција на разни спречувања но забраната беше нешто што малку се очекуваше.
Но,ете и тоа како идеја е изговорена од наведената установа. уште и да се спроведе,односно, да се изгласа во Парламентот.

Прашањата што по тој повод,беа вчера поставувани на Парламентот, се мошне сериозни и ја отсликуваат состојбата со демократијата во Македонија, а тоа се прашања кои од разбирливи причини воопшто не се третирани од овдешните средства за инфромирање.

Дали може и смее демократска држава да забранува организации кои со ништо не ја загрозуваат нејзината опстојба и дали воопшто на дневен ред на Парламентот, како највисок законодавен орган може да стане збор за забрана на ,одржување на собир:

Одржувањето на било какви собири, според досегашната практика било во надлежност на соодветното министеротво за внатрешни работи. Таму каде што имало потреба од донесување на таква одлука, најнапред не била ниту донесувана одлука за одржување на собирот,односно не било давана дозвола од надлежните органи за собирање на граѓаните врз таквата основа.

Апсурдот на македонските- забранувачи,тие истите од минатото го прават обидот и сега, е во тоа што најнапред на Петров му е дадена дозвола, одобрена салата, а дури потоа се покренува прашањето за забрана, тоа што истите тие неможат да го донесат забранувањето , или зa кое мора да најдат некој смешен и неспорен аргумент,е што немаат сила, немаат храброст и немаат аргумент да забраната собир кој има за цел обединување на еден народ. Забрана за национално зближување во средина која за тоа има потреба, за народ кој бил разединуван и распарчуван, е крупна работа за која треба да бидеш само комуниост па да не ти значи ништо.

Наспроти убедувањата од страна на опозицијата, која. е и национално ориентирана, за разлика од коалицијата во која се албанците на кои не им е гајле за македонското обединување, од што го сакаат повеќе кеговото, разединување, и комунистите со нивната граѓанска ориентација во, која има најмногу ориентација за бришење на националните и патриозтските заложби на другите,не дојде до одлагање на оваа точка, односно до нејзино изоставување од дневниот ред. Така,расправата продолжи наредниот ден кога речиси се повторија истите тавови и гледишта; комунистите се за забрана ча конпресот на Петров, дел од нив за одржување на двата конгреса, а пратениците од ВМРО-ДПМНЕ го подржуваат исклучиво конресот на македонското обединување што го закажа Петров.

Како што можеше да се слушне, во оваа расправа се покажа јасно.и гласно кој за што е во оваа држава. Во тој коментар на расправата и состојбите работите се познати: национално определените од опозицијата се за конгрес на македонско обединување по мерка на тие за кои се свикува, позицијата, односно власта се за одложување на тоа што не им одговара односно за приграбување во свои раце на чинот на обединуваљето.

Што се однесува до реакциите во дијаспората,од информациите што ги имаме дознаваме дека Конпресот на Петров има целосна и стопостотна подршка од Македонците во Австралија, кои се очекува на него да бидат и најмногубројни. Од овој континент најавено е присуство на голем број млади и некомпромитирани со комунистичката власт луге. Исто така голема подршка се најавува од Германија и некои западноевропски држави како и од добар дел на Македонците во Америка и Канада каде што се одржа првата Конференција. Голем интерес постои и кај самите Македонци во татковината. Најавено е присуство речиси на сите пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, на ветераните за самостојна Македонија, како и на .голем број новинари.

Во изјавата што денес специјално за нашиот иформативен центар Ја даде Тодрр Петров, беше речено Конгресот,и покрај ќе заврши со успех.

Ефтим Таковси

eftim-takovski-1

eftim-takovski-2

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.