|
|
Писмо од Драган Богдановски до Мане Јаковлески - 25.11.1996 |
Малме, 25.11.1996 г. Драги Мане, Пред се, извиниме што толку доцна реагирам на твојата кратка белешка. Причината за тоа е што јас на 1 октомври се преселив од Кевлинге во Малме па затоа твојата белешка ја добив дури минатата недела. И бидејки телефон немам, сум принуден да ти се јавам со ова писмо. Телефон во новиот стан ќе воведам дури од нова година. Се надевам драги Мане, дека си добар со здравјето како и твоето уважувано семејство. Малиот Самоил сигурно е сега голем војвода. Иако односите меѓу нас двајцата се сведоа на нула, верувајми брате Мане дека секогаш те имам ценето како чесен и голем македонски патриот. Таков за мене ќе останеш за века. Многу поздрав на брат ти Гоцета, на Данка и на сите кои ме знаат. Мане, Стево мајката ми е потребен, односно неговата адреса, зошто сум му должен 160.- ДМ, а незнам кај да му ги испратам. Испрати ми ја те молам новата адреса ако ја знаеш. Можеби за нова година ќе заминам за Македонија, па ќе гледам да минам низ Берлин, тогаш можеби ќе се видиме. Со братски поздрав
|