|
|
Реакција на „Македонска заедница за Берлин“ за однесувањето на Вранишковски |
ОТВОРЕНО ПИСМО ДО САС НА МПЦ ОД МАНЕ ЈАКОВЛЕСКИ 25 јуни 2002 година, Берлин, СР Германија – Мане Јаковелски, основач на МПЦО „Свети Климент Охридски” во Берлин и еден од првите основачи на Европската Епархија на Македонската Православна Епархија, до Неговото Блаженство г.г. Стефан, Архиепископ Охридски и Македонски и до Светиот Архиерејски Синод на Македонската Православна Црква упати отворено писмо преку средствата за јавно информирање, во врска со најновите случувања во МПЦ околу повардарскиот митрополит, во кое се вели: „- Ваше Блаженство, Ваши Високипреосвештенства, вчудоневиден сум од предавството на еден таканаречен владика, кој си зеде за право да ја оспорува Македонската Православна Црква - вековен бранител на македонскиот национален идентитет и неканонски Повардарската епархија на МПЦ да ја воведува во Српската Православна Црква, прогласувајќи ги Македонците за фашисти. Во таа смисла, апелирам до Светиот Архиерејски Синод на Македонската Православна Црква, на чело со Неговото Блаженство г.г. Стефан, да го расчини овој тројански коњ во Македонската Православна Црква, кој повеќе од очигледно е дека сака да предизвика раскол во МПЦ и меѓу македонскиот народ. Му давам целосна поддршка на Неговото Блаженство г.г. Стефан, митрополитот Кирил и сите чесни македонски архиереи и свештеници и ги повикувам на единство во осудата на ова велепредавство, затоа што само така може да се брани и одбрани честа на Македонската Православна Црква и достоинството на македонскиот народ! Доколку овој случаен владика не биде расчинет, Македонската Православна Црква ќе биде соочена со најостри протести од нас Македонците од сите делови на Македонија и во целиот свет, исто како што го дигнавме гласот во деведесеттите години по целиот свет за самостојна Македонска држава! Искрено се надевам дека не ќе мора да се конфронтираме со САС на МПЦ, верувајќи дека архиереите на МПЦ ќе ја доведат Повардарската епархија во црковниот уставно-правен и канонски поредок на МПЦ. Ако минатата година бевме соочени со нападите врз Македонската државност од страна на терористичката ОНА, оваа година сме соочени со нападите од еден црковен јуда чие име меѓу Македонците и во МПЦ не е достојно ниту да се споменува. Се надевам дека ќе надвладее разумот меѓу архиереите на МПЦ и дека овој предавник на нашата Света Црква ќе биде расчинет и протеран од МПЦ,” - се вели на крајот од отвореното писмо на Мане Јаковлески до САС на МПЦ. |