|
|
Сашо Мијалков-Акредитивно писмо за пратеник од Чешка во Генералното собрание на СМК |
Акредитивно на писмо Сашо Мијалков за пратеник од Чешката Република во Генералното собрание на Светскиот Македонски Конгрес и пристапна изјава во Светскиот Македонски Конгрес од 5 јули 1993 година. Во македонските работи во Европа, Сашо Мијалков е вклучен уште од 1985 година во Берлин, СР Германија. Контактите уште од 1985 г. се остваруваат во Ресторантот „Ново Скопје“ и “Македонија“ во Берлин кои станаа бедем на македонизмот во Германија и во Европа. Следејќи ги стапките на татко му, покојниот Јордан Мијалков, кој беше прв министер за внатрешни работи на самостојна Македонија, задоен за Македонија и за нејзината афирмација, самостојност и независност, Сашо Мијалков се бори заедно со други Македонци во Берлин и Европа цели 26 години. Оттаму и неговиот интерес, за членство во Светскиот Македонски Конгрес кој прерасна во неформален Светски Парламент на Македонците од сите делови на Македонија во целиот свет, за: духовно, културно и економско обединување на Македонците во функција на македонскиот народ и неговата држава Македонија, заштита и афирмација на македонскиот етнички, јазичен, културен, верски, историски и државен идентитет, континуитет, наследство и простор, развој на демократијата, заштита и афирмација на човековите и граѓанските права и слободи, и афирмација на основните цели и задачи на ООН, ОБСЕ и Советот на Европа. |