|
|
Таен документ на Рајхот |
Таен документ на Рајхот - Телеграма Бр. 5 од 07.09.1944- Скопје Бр. С2 ов 06.03.1944 7. септември 1944 ТЕЛЕГРАМА Скопје бр. С 2 ов 06.03. 44 Комитетот, преку Ванчо Михалов (Wantscho Michallov) под темелно испитување на околностите, категорично го одби прогласувањето на независноста на Македонија. Како особена причина Михајлов ги наведува следните точки:
Средбите и разговорите со другите луѓе по ова прашање ја дава истата слика: Никој не е подготвен да преземе одговорност, потребата за спас на својот живот ги стави во сенка сите други фактори и согледувања. Голем дел од членовите на Комитетот, како и блиските соработници на Михалов (Michallov) во блиска иднина имаат намера да ја напуштат земјата. Компликацијата, која што се случи денеска, а беше објавена преку радио Софија најави оптуштање на командантот на 5. бугарска армија, Кочо Стојанов (Kotscho Stojanoff), кој нема да се врати во Скопје и не се очекува негово делување во процесот на прогласување на независноста. Дури и самиот Ратник-водачот Кондаршиф во Скопје при армискиот штаб... не гледа можност и сака да ја напушти земјата. ....директорот Петров (Petroff) кој денеска се врати од Софија, од каде што е и мотивирано неговото одбивање за учество во Декларацијата за независност, катастрофална ситуација со прехрамбени продукти во Македонија, каде што е невозможно остранување на блокадата на сите патишта за снабдување. Со ваква состојба на работите се чини дека воспоставување на германска воена администрација за обезбедување на македонскиот ...(Raumos?), како и управување со чисти административни комитети, каде што преку македонски професионалци не може да се изврши. Според претставникот во Скопје, кој ја испрати армиската група Ф за темелното испитување на фактите по ова прашање. Радио-извештајот не можеше порано да се случи, поради прекинување на моќта на струјата. Грабен |