|
|
Кон совеста на белгратските вазали во С.Р.М |
МАКЕДОНСКА НАЦИЈА Бр. 23, Стр. 7 Драги Македонци! Се надеваме дека ќе ги прочитате овие наши редови, пишувани со крвта на нашиот славен Илинден. Вие сигурно знаете за гнасното убиство на нашиот великан и борец, Благој Шамбевски, кој својот живот го даде за слободата на својот народ, за исполнување на идеалите на славниот Илинден, за ослободување и обединување на Македонија, која отсекогаш беше завиткувана во црнина од црни крвнички раце. Со смртта на Бла-гој Шамбевски Македонија, и македонскиот народ изгубија еден свој син на нашиот дедо Гоце. Него-вото име со златни букви ќе биде запишано во историјата на револуционерна Македонија, и ќе се наоѓа вечно меѓу славните илинденски ими-ња, кои ги дале своите животи за едно свето дело — делото на слободарска Македонија. Ако ова крваво дело кое го одзеде животот на нашиот борец и револуционер за правата на ма-кедонскиот народ и неговото обединување, е дој-дено по ваша сопствена иницијатива или пак под притисок од страна на вашите господари од Белград, тогаш тоа е срамно, тоа е подлост, кое не доликува на ниеден вистински и чесен Македонец да го одземе животот на својот брат, кој високо го вееше знамето на славниот и секогаш вечен Илинден, кој во своето срце и својата душа ги носеше идеалите на нашите дедовци, кои ги да-доа своите животи за една посреќна Македони-ја, а кои да би могле сега да видат и слушнат за ова пролевање на братска македонска крв во гроб би се преврнале и би се откажале од своја-та илинденска македонска крв и би рекле «за кого, на кого и зошто се боревме и ги дадовме на-шите животи?». И ЈОСИФ ЈОЛЕВСКИ ЖРТВА НА УДБАШКЕ КРВНИЦИ «Македонска Нација» пред неколку месеци пи-шуваше за смртта на организациониот секретар на Поткомитетот на ДООМ за САД Јосиф (Јоле) Јолевски. Тогаш пишувавме дека Јосиф Јолев-ски загинал во сообраќајна несреќа, но многу работи денес зборуваат дека тој бил згазен со автомобил на улица од некој удбашки агент. Удбашките агенти во САД почнаа да се фалат дека тоа било нивно дело, сега тие се закану-ваат и на други борци од Движењето за ослободување и обединување на Македонија дека и нив ќе ги најде она што го нашло Јолевски. По се' изгледа дека со удбашката криминал-на дејност во САД раководи «попот» удбаш Борис Поповски од Гери, Индијана. Овој поп-разбојник во јули месец оваа година организира физички напад на потпретседателот на ЦК на ДООМ Љубе Филковски на кој му беа нанесени тешки физички повреди. Постојат сведоци кои можат да потврдат дека удбашкиот поп Борис Поповс-ки велел: «За да го уништиме поткомитетот на ДООМ во САД ќе треба да го убиеме Љубета Филковски». Ете вакви попови убијци испра-ќа удба во македонските цркви во странство. Гнасното убиство на патриотот Шамбевски го потресува секое чесно македонско срце, но него-вите убијци, кои и да биле, се лажат дека со ова крваво злосторништво го убиле бесмртниот иде-ал на славниот Илинден за слободна, обединета и целовкупна независна Македонија. Ова крваво злосторништво уште повеќе не' потикнува да ја продолжиме илинденската епопеја за ослободу-вање на нашиот од вечни времиња поробен и рас-парчуван народ, кој својата мака и болка со ве-кови ја носи во себе, во своето тажно срце, срце што бие за слободна Македонија. Но сепак секогаш, еден народ, едеи човек, една ѕвезда, има своја нула и свој зенит. (Нашата борба продолжува, нашата идеја живее, живее за да победи, живее и секогаш ќе живее. Во нас, во нашето срце, во нашиот дух, тече македонска дедо Гоцева светла црвена со тем-нина покриена крв, која гори и го распламнува духот на нашиот идеал, идеал за слободна и обе-динета Македонија. Овие наши редови не се на-пишани со цел да го развесели вашето неилин-денско, немакедонско, квислиншко срце, туку да ви ги пренесеме нашите чуства, нашите иде-али, кои како брз Вардар течат во нашето срце. Со ова не се закануваме, туку само се обрнуваме кон вашата совест, за да одделите една минута од вашите денови и видите: кој сте, што сте и каква крв тече во вас. Ако сте Македонци, вашето срце ќе се расплаче, вашето срце ќе зазбо-рува љубов кон вашиот народ. Нашите срца се обвиткани со крвавото црвено знаме на Илинден од златните раце на нашата мајка, тажна цр-на Македонија, која своите раце со крв натопени ги дигаше отсекогаш кон своите ѕвезди, кон своите сестри, сестри Македонки, за да еднаш, еден ден заедно ја помилуваат својата распарчена, отцепена тажна, но сепак среќна светла душа. Нашата борба продолжува, продолжува и ќе продолжи со горд и нескршен поглед, поглед во идејата на славниот бесмртен Илинден. Ние сме горди со нашите дела, бидејќи тие дела се во служба на мајка Македонија, но со што можете вие туѓински слугерани во угнетена Македонија да се гордеете? Со ништо лруго освен со братоубијства што ги правевте и уште ги пра-вите за интерес и радост на вашите господари туѓинци. Македонија ќе ве проколнува за вечни времиња. За разлика од вас, ние не заговараме братоубиства, нашите раце се чисти како кристал, а вашите се црвени иатопени во братска мадеконска крв. Ажо немате во вас македонска ссквест, тогаш проверете ја вашата крв, видете дали во ,неа има уште нешто македонско. Можеби како закоравени злосторници крвопијци на братска крв, ќе продолжите со убијство на некој друг дедо Гоцев син, но со тоа нема да ја спречите борбата на еден слободољубив несреќен народ, кој меѓу другите несреќи што ги има, ја има и таа што ве родил како дегенерирани типови, негови изроди и братоубијци. Знајте само едно: забодениот црн клин во нашето срце, со клин ќе го избиеме, зашто клин со клин се избива, а не со сламка. |