Досиеја

Извештај – 9.8.1977

izvestaj-9-8-1977-1

РСВР на СРМ СДБ  –  II  сектор

Отчукано во 3примероци

9.8.1977  год,

Скопје

Примено на 10.8.1977

И  3  В  Е  Ш  Т  А  Ј

година  по  телефон   од  СРГ **** извести следното:

Вчера на 8.8.1977   година  кај   мене   боравеа  ТОМЕ  ЈАНЕВСКИ  од  Гослар  и  МАНЕ  ЈАКОВЈ1ЕВСКИ  од  Берлин.

Предходниот ден по телефон ми се јави Томе и го најави доаѓањето, но рече дека со нив ќе дојделе и др. МИХАИЛ АНГЕЛОВ и ИЛИЈА ТРНАРОВ   за  да одржиме  некаков   состанок.

По доаѓањето Томе кажа дека Илија и Михаил  биле  зафатени со ра бота и затоа не дошле, но по мене, вистината едруга. Имено, др. Ангелов избегава  да има било што со Томета, а под негово влија ние е иГрнаров.

Томе и Мане ме известија дека во Берлин ГОЈКО ги имал извршено потребните припреми и деновиве намеравал да формира поткомитет на ДООН. За таа цел, како представницп на ЦК, Гојко не повику-ва да на собирот присуствуваме јас и Томе. Наводпо Гојко имал десеттииа луѓе кои од поодамна читале „Македонска нација“ биле  припремени  за овој  чин.

Исто така Тоие ме извести дека во Дортмунд имал свои луѓе кои ги имал запознато со ДООМ и дека со нив во скоро време намера ва да формира поткомитет па ДООМ.

За парите што Томе ги испратн на печатницата “Логос” во Минхен-(2ооо ДМ) рече дека ги зел од др. Ангелов и Грнаров, по 1ооо ДМ но ме лажеше зашто јас од Мане слушнав дека ги дал

Материјалите кои меѓувреме пристигнаа на поштенскиот фах во саботата ти ги испратив по пошта (се работи за “Македонска нација бр.39,”Илинден 190З” бр. 5, писмото на Манев до Богдановски, писмото на ФИЛЕВ до

ЦК ДООМ во Европа и писмото на ШАРИНОВСКМ испратено до членовите на новиот ЦК).

****** побара совет како да постапи по иницијативата за фор-мирање на поткомитет во Берлин иДортиунд.

За Берлин треба да се послужи со досегашните сомненија според кои Гојко “им спрема” клопка заедно со Бугарите да ги довлечкаат до Западен Берлин, а потоа ќе ги снајде судбината на БОРИС АРСОВ. Со ова уште повеќе би го подгреал сомнението дека Гојко е “Тројанскиот коњ” со кого бугарите настојуваат да влезат во македонската емиграција.

За Дортмунд, да постапи согласно одлуката донесена на последниот “конгрес” според која ке смеат да прибираат во ДООМ непроверени луѓе, а со тоа да ја одлага реализацијата на намерата на Томе.

Отчукано на 10.8.1977 год.

izvestaj-9-8-1977-1

izvestaj-9-8-1977-2

Најново од: Досиеја

Отпорот на македонскиот народ кон странските пропаганди

Во текот на XIX век Македонија била изложена на силно дејствување на пропагандите на соседните држави. Грчката, српската и бугарската пропаганда, потпирајќи се врз своите државни институции, цркви, училишта, дипломатски претставништва и различни друштва, настојувале да го прошират своето влијание меѓу македонското население и да создадат услови за остварување на своите територијални претензии кон Македонија. […]

Предавниците ја земале наградата – а останувале запаметени по срамот

Македонија имала многу непријатели однадвор, но нејзините најтешки рани честопати биле нанесувани тогаш кога непријателот добивал помош однатре. Внатрешните поделби, атентатите и одмаздите одзеле многу животи и ја ослабнале борбата за македонската слобода. По Балканските војни Македонија била поделена меѓу соседните држави, а македонското револуционерно движење влегло во еден од најтешките периоди од своето постоење. […]

Македонците се судрија со полицијата во Софија на 28 Maj 1934 g.

Дваесетмина повредени во првата јавна манифестација по воспоставувањето на диктатурата Безжична дописка до „Њујорк тајмс“ СОФИЈА, 28 мај. — Во првата јавна демонстрација по воспоставувањето на бугарската диктатура, дваесет Македонци денеска беа повредени во судир со коњичката полиција. Судирот се случи за време на годишното одбележување во чест на Македонците што загинале во текот на […]

Предавствата – една од најтешките рани во македонската историја

„Јас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови – изроди како македонскиот. Историјата не памети друг таков пример кога еден ист народ по традиција, јазик и вера се разделува на разни спротивни страни, една од друга потуѓа.“ Ова е еден од најмоќните цитати на Гоце Делчев. Во него јасно се […]

31 октомври 1982 – се појавува „ШТАЗИ“„Да се набљудува“

На 31 октомври 1982 година во источногерманската документација се појавува оперативно барање. На него стои: Jakovleski, Manojlo. Целта е јасна: „In der Zeit von Einreise bis Ausreise beobachten.“ Во времето од влегувањето до излегувањето – да се набљудува. Ова е еден од најважните документи во целата приказна. Тој покажува дека интересот на Штази кон Мане […]

Мане Јаковлески и Ресторанот „Ново Скопје“ под надзор на Штази во поделениот Берлин

Повеќе од три децении не знаев дека источногерманската тајна служба – Штази – собирала информации за мене, за моите движења и контакти, како и за рестораните „Ново Скопје“ и „Македонија“ во Западен Берлин. За тоа дознав дури во 2017 година, благодарение на мојот близок германски пријател Матија Дорнфелд, кој работеше во Министерството за надворешни работи […]

Предлог за пласирање информација во МНЕ и пошироко – обид преку интриги да се внесе раздор во ДООМ

Документ од Службата за државна безбедност од 1987 година открива разработен план преку Мане и Гојко Јаковлевски да се наруши угледот на Драган Богдановски во македонската емиграција и да се создадат недоверба и внатрешни поделби во круговите на македонското национално движење. Македонските безбедносни служби од своето формирање по Втората светска војна, па до осамостојувањето на […]

Киднапирањето на Драган Богдановски во Париз – операцијата на СДБ против претседателот на ДООМ

Во 1977 година, среде Париз, Драган Богдановски – претседател на Движењето за ослободување и обединување на Македонија (ДООМ) и еден од најактивните македонски политички емигранти – бил киднапиран и тајно пренесен во Југославија. Следувале 18 месеци изолација и истрага, судење зад затворени врати и пресуда од 13 години затвор. Документите од неговото досие откриваат до […]

To top